(ВИДЕО) Дејан Манасков со пораз и крвава глава го заврши дербито меѓу Веспрем и ПИК Сегед


Дејан Манасков во големото дерби на унгарскиот ракомет, помеѓу неговиот Веспрем и ПИК Сегед, доживеа пораз, но и заработи повреда на главата. Неговиот тим загуби од големиот ривал кој е противник на Вардар во четвртиналето од Лигата на шампионите, со резултат 28:27, а во 23. минута од мечот нашиот репрезентативец доби удар во главата од […]

Вардар ремизираше со Академија Пандев, Шкендија на плус 12


Заврши третата четвртина од домашното фудбалско првенство. Актуелниот шампион, Шкендија од Тетово е на најдобар пат да ја одбрани титулата откако вчера попладне го совлада градскиот ривал Ренова со 2-1. Формалниот домаќин поведе со голот на Бејтулаи, „гипсарите“ израмнија преку Садики, но во вториот дел стрелец за голот вреден три бода беше Радески. Шкендија сега […]

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може […]

Ројс се извини за дебаклот во Минхен


Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, се извини за дебаклот, кој фудбалерите на тимот го претрпеа во Минхен против Баерн во натпревар од Бундеслигата. Борусија, којa вчера загуби со 5:0 на „Алијанц Арена“, веќе заостанува поен од Баерн Минхен во пласманот во Германија. – Во име на тимот, би сакал да им се извинам на […]

Гатузо: Победата над Јувентус може да биде пресвртна точка


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, ги сподели своите очекувања за дербито против Јувентус во италијанскиот шампионат. – Во Јувентус знаат како да реагираат на притисок и како да го задржат темпото. Тие се навистина силни, но имаме се што ни треба за да покажеме одлична игра. Добри перформанси во однос на тактиката, карактерот и желбата […]

Емери конечно задоволен од Озил


Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери го пофали халфот Месут Озил за неговиот напредок во подготовката и презентацијата за време на натпреварите. На почетокот на оваа година, 30-годишниот Германец не влегуваше често во групата на тимот, а имаше гласини за конфликт со шпанскиот стратег и престојна разделба. Но, неодамна ситуацијата се подобри и Озил се појави […]

Дани Роуз: Казните за расизам се смешни, трошам толку за една вечер


Дефанзивецот на Тотенхем, Дани Роуз, рече дека е разочаран од манифестираниот расизам од страна на црногорските навивачи на квалификацискиот натпревари за ЕП, освоен од Англија со 5:1. Роуз, исто така, изрази мислење за борбата против овој негативен феномен на глобално ниво. – Пред осум години во Србија со мене се случи истото. Затоа и мислев […]

Симеоне се закани на Барса


Тренерот Диего Симеоне се надева дека предводениот од него Атлетико Мадрид ќе ги покаже своите вистински можности во дербито со шампионот Барселона. – Тоа што во последните години не сме победиле на „Камп Ноу“, ме прави оптимист. Ако победиме утре, но не го направиме тоа во следните наши натпревари, тоа не се брои. Треба да […]

Зидан: Модриќ не ја заслужува Златната топка? Жал ми е за луѓето што го зборат тоа


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на прес-конференцијата пред натпреварот од 31. коло на шампионатот на Шпанија против Еибар, одговараше на прашања на новинарите и застана во одбрана на Лука Модриќ. Хрватот е изложен на критики во јавноста поради слабите игри оваа сезона. Модриќ не ја заслужи Златната топка? Луѓето можат да кажат што сакаат. […]

На Матка стартува 51-то издание на ИКАС и Европскиот куп во спуст на диви води


По повод 51. Илинденски кајак слалом – ИКАС 2019 и Европскиот куп во спуст на диви води – Скопје 2019, Агенцијата за млади и спорт денес организираше прес конференција на која свое излагање имаше директорот на АМС Дарко Каевски, претседателот на КФМ Коста Ефтимов, како и Томислав Црнковиќ-претседател на светската спуст асоцијација. – Овој викенд […]

Погба претера: Французинот има мегаломански барања од Манчестер Јунајтед


Управата на Манчестер Јунајтед е во акција за обновување на договорите на своите ѕвезди. Наводно, ниту Давид Де Геа ниту Пол Погба наводно не се задоволни со она што им се нуди во моментов, односно сметаат дека на други места можат да добијат далеку повеќе. Британски „Индепендент“ пренесува дека ПСЖ преку свои посредници веќе му […]

Во Скопје доаѓаат врвни карате мајстори од регионот


На 12 и 13 април во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Големиот балкански карате семинар 2 во организација на „Карате центар Пејов“. Семинарот ќе го водат инструкторите шихан Тони Петров од Бугарија – 7 дан, сенсеи Зоран Пејов од Македонија – 5 дан, сенсеи Ранко Вукотиќ од Црна Гора и сенсеи […]

Реал Мадрид брка антирекорд


Реал Мадрид загуби со 1:2 при својата посета на Валенсија во натпреварот во 30-тото коло од Примера и го изедначи негативното постигнување од сезоната 1993/94 кога, исто така, дозволи 15 порази. „Кралевите“ забележаа 18 порази во сезоната 1995/96, а нивниот анти-рекорд датира од сезоната 1984/85, кога забележаа 19 порази. Во својата историја, „белиот балет“ дозволи […]

Брестовац поднесе оставка од тренерското место во Металург


По вечерашниот убедлив пораз против Еурофарм Работник (25-32), Данило Брестовац поднесе оставка од тренерското место во Металург. Тој изјави дека ја презема целосно одговорноста по вечерашниот дебакл и дека нема начин како да продолжи да го води тимот. Помошникот на клупата на „металурзите“, Оливер Димитриески ќе ја води екипата на натпреварот од третото коло во […]

Македонија ги доби противниците за квалификациите за ЕП 2020


Женската ракометна репрезентација денеска ги дозна противниците во квалификациите за пласман на ЕП 2020, кое ќе се игра во Норвешка и Данска. „Жолто-црвените“ ќе се соочат со Шведска, Португалија и Чешка во групата 5, а квалификациите ќе почнат на 25/26 септември. Првите две најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на континенталниот собир. Европското […]

Рабио и Реал Мадрид постигнаа договор


Адриен Рабио и Реал Мадрид постигнаа усен договор, известува „Канал +“. Француската телевизија тврди дека тренерот на тимот од Мадрид, Зинедин Зидан, ќе го привлече играчот од средниот ред на Париз Сен Жермен во текот на летото и ќе го гради својот нов тим околу него. Дваесет и три годишниот Рабио може да стане трето […]

Касиљас го спореди Зидан со Дел Боске


Легендата на Шпанија и Реал Мадрид, Икер Касиљас го спореди сегашниот тренер на „кралскиот клуб“ Зинедин Зидан со големиот стратег, Висенте дел Боске. Како што е познато, голманот ја освои два пати Лигата на шампионите со Реал и по еднаш светската и европската титула со „Фуријата“ под раководство на Дел Боске, а со Французинот беа […]

Вардаровото славје во сенка на повредата на Дисингер


Петти пат во осмата сезона од ракометната СЕХА-лига, трофејот за најдобра екипа му припадна на Вардар. По минатонеделната елиминација од Лигата на шампионите, загрепчани мораше да потпишат капитулација и во финалниот меч што се играше во Белорусија. Сепак, победата на македонскиот шампион од 26-23 (14-12) падна во сенка на повредата на Германецот Кристијан Дисингер, кој, […]

Вардар со ПИК Сегед дома на 25 април


Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се одигра на 25 април (четврток) во Скопје со почеток од 20 часот. Наскоро ќе бидат објавени и деталите околу продажбата на билетите. Реваншот во Унгарија е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот. Во другите дуели се среќаваат: Флензбург – […]

Скок од три места на листата на ФИФА: Македонската репрезентација – 68. во светот


Македонската фудбалска репрезентација е 68. сила во светот, покажа најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска. Скокот од три места се должи на победата над Летонија и нерешениот резултат со Словенија во првите две кола од квалификациите за ЕУРО 2020. Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП, на априлското рангирање на ФИФА, најдобро котира Полска […]