Бартомеу: Сакаме Валверде да остане


Ернесто Валверде може да остане во Барселона и покрај елиминацијата од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Претседателот Пеп Марија Бартомеу даде силна индикација дека желбата на клубот е да го задржи менторот, за кој се шпекулира дека е сигурен патник, поради неуспехот на „Енфилд“.

– Валверде неодамна изјави дека има поддршка од претседателот и одборот на директори и можам да кажам дека ова е тренерот што сакаме да го имаме тука. Ова е долгорочен проект. Тој има договор и ние сме среќни со него, рече Бартомеу, за време на презентацијата на книгата на легендата на тимот, Ладислао Кубала.

Во текот на зимата, менторот го продолжи договорот со Барса до следното лето и по секојацена треба да го освои Кралскиот куп против Валенсија, инаку каталонскиот шеф можеби нема да биде толку категоричен во неговиот став.

– Планирањето на следната сезона е веќе во тек. Постојат играчи кои сигурно ќе дојдат, како и оние за кои преговорите се завршени. Сега сè е до играчите и како тие ќе се опорават ментално од ударот. Финалето на Купот е одлучувачко. Главната цел беше титулата во шампионатот, а потоа следеа Купот и Лигата на шампионите. Ние имавме одлична сезона, станавме шампион неколку круга претходно. Се надевам дека финалето против Валенсија ќе биде позитивно за нас и дека момчињата ќе покажат дека го надминале поразот од Ливерпул, додаде тој.