Де Лихт: Не знам дали ќе одам во Барселона


Дефанзвецот на Ајакс, Матаис де Лихт, во голема мера ги потврди извештаите од последниве часови, дека неговиот трансфер во Барселона сѐ уште не е реалност. До неодамна се сметаше дека тој сигурно оди на „Камп Ноу“, заедно со соиграчот Френки де Јонг, но сега изгледа тоа не е толку сигурно.

– Не е време да зборуваме за мојата иднина. Не знам дали ќе одам со Де Јонг во Барселона, се уште треба да ја анализирам ситуацијата и сите понуди кои ги имам. Ќе видиме што ќе се случи и каде ќе бидам на крајот на летото. За сега немам договор со никого, изјави Де Лихт кратко време откако неговиот тим ја освои 34-тата титула на Холандија минатата ноќ.

Сериозен интерес за Де Лихт има и од Јувентус и Пари Сен Жермен, а Баерн Минхен и Реал Мадрид исто ја следат ситуацијата.