Гвардиола: Клоп е неверојатен противник со кого треба да се борите до крај


Тренерот на Манчестер Сити, Јозеп Гвардиола, кој е прогласен за најдобар тренер оваа сезона во Премиер лигата, упати пофални зборови за неговиот соперник од Ливерпул, Јирген Клоп.

– За мене е голема чест да ја добијам оваа награда. Сакам да го споделам овој успех со моите играчи, бидејќи тие се творци на сè. Со моите соработници заедно се боревме против сите тренери во Премиер лигата, особено Јирген Клоп. Тое е неверојатен противник со кого треба да се борите до крај. Беше убаво да се игра против сите нив. Се надевам, повторно ќе учествувам во големите битки следната сезона, изјави Гвардиола.

Под водство на шпанскиот стручњак, Манчестер сити го освои шампионскиот трофеј во Англија веќе втора година по ред.