(ВИДЕО) Неверојатни сцени во Рим: Михајловиќ спречен од кордон полиција да се пресмета со навивач


Синиша Михајловиќ никогаш не се двоумел да одговори на секаков вид провокација, без оглед на тоа кој се наоѓа на спротивната страна. Дека не е темпераментен само на теренот покажа и вчера, кога за малку ќе влезеше во физичка пресметка со еден навивач на Лацио кој го навредуваше.

Се сѐ случувало на патот кон стадионот, а поблизок контакт меѓу двете страни спречи еден помал кордон на полиција кој се најде на улицата.

Според италијанските медиуми, навивачот му упатил на Михајловиќ расистичка навреда, што предизвика жестока реакција кај некогашниот играч на Црвена Звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.