Мурињо се однесувал лошо со Марсијал, за да му помогне

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека имал само добри чувства за Антони Марсијал, и се надева дека на виделине ќе излезе целиот негов потенцијал.

Тие имаа проблеми, кои Португалецот ги спореди со оние, кои ги имаше и со Карим Бензема за време на неговиот престој во Реал Мадрид пред неколку години.

– Не би го нарекол тоа со Карим конфликт. Јас се однесував лошо со него, со идејата да му помогнам. Сакав овој исклучително талентиран фудбалер да го смени неговото однесување со цел да го покаже својот максимум – да биде „убиец“, самоуверен стрелец. Навистина уживав во работата со Бензема. Марсијал е момче од друга природа. Јас многу се надевам дека ќе го достигне нивото кое е во склад со неговиот огромен потенцијал, изјави Специјалниот за „Екип“.

Францускиот фудбалер не беше убедлив ни под водство на Оле Гунар Солскјер, завршувајќи ја кампањата со 10 гола и 3 асистенции на сите турнири.