По 16 години Рамос денеска заминува од Реал Мадрид


Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, заминува од клубот по 16 години минати во шпанскиот фудбалски гигант. Информацијата синоќа ја потврди Реал, прецизирајќи оти двете страни официјално ќе се разделат денеска. Триесетипетгодишниот Рамос оваа година имаше многу проблеми со повреди и од јануари одигра само пет натпревари во белиот дрес. Се уште не е позната новата фудбалска дестинација […]

ЕУРО2020: Данска и Белгија денеска ќе играат за бодови и за Ериксен


Топката на денешниот натпревар во рамки на ЕУРО2020 меѓу Данска и Белгија за момент ќе запре во 10-та минута кога играчите на двете репрезентации заеднички ќе му изразат поддршка на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен. Како што е најавено, белгиските фудбалери во 10-та минута, симболично како и бројот на дресот што го носи Ериксен, ќе ја исфрлат топката […]

(Видео) Тренингот на македонската репрезентација хит на социјалните мрежи


На Твитер денеска беше поставена снимка од уникатната вежба на македонските репрезентивци во пресрет на натпреварот со Украина, на која се чини дека избраниците на селекторот Ангеловски тренираат со „корнети сладолед“. Попрецизно, тие тренираа со конуси, во кои се ставени фудбалските топки, но сето заедно наликува на големи сладоледи.  Симпатично, нема што. ?? North Macedonia […]

ЕУРО2020: Активистот на „Гринпис“ бил под снајперски нишан


 Припадници на германските специјални безбедносни сили за малку ќе отвореле оган од снајперско оружје кон активистот на „Гринпис“, кој летајќи со параглајдер предизвика инцидент непосредно пред натпреварот меѓу Германија и Франција во Минхен во рамки на ЕУРО2020. Параглајдеристот, како што соопшти организацијата „Гринпис“, требаше да прелета над „Алијанц арена“ и да спушти на теренот гумена топка со […]

Македонските фудбалери денеска против Украина во битка за осминафинале на ЕУРО2020


Романија – Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020. Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата. – Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа […]

Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир


Од 20 до 25 јуни во Скопје ќе се одржи меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој е сличен на турнирите што се организираат во Белград Умаг и Дубровник. Турнирот се организира по трет пат, а на него ќе учествуваат деца на возраст од 5 до 14 години кои ќе се натпреваруваат во седум […]

Италија со триумф над Швајцарија обезбеди осминафинале на ЕУРО2020


Италија– Италија е првиот осминафиналист на ЕУРО2020, откако „Азурите“ триумфираа синоќа над Швајцарија во Рим со 3:0 (1:0) и со шест бодови се првопласирани во групата А по воведните две кола. Двоен стрелец во италијанските редови беше Мануел Локатели (26. минута и 52. ), а победата ја завери Чиро Имобиле во 89. минута. За Италија ова беше 29-ти […]

Јокиќ нема да игра за Србија


Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ, нема да игра за репрезентацијата на Србија ова лето. Центарот на Денвер ги објасни причините за отсуството од националниот тим. „На мое огромно жалење, ова е моментот кога треба да објавам дека и покрај мојата голема желба, не сум во можност да играм за националниот тим. Едноставно, состојбата […]

Македонските фудбалери на концерт на Симон Трпчески во Букурешт


Романија– Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт на кој специјални гости ќе бидат македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб. Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт. Трпчески е верен навивач на […]

ЕВРО 2020: УЕФА го казни Арнаутовиќ со еден натпревар поради навредите кон македонските фудбалери


Европската фудбалска асоцијација донесе одлука за инцидентот во кој учествуваше австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, што се случи на мечот со македонската репрезентација на ЕВРО 2020. Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи да го суспендира Арнаутовиќ на еден натпревар за навреда на играч на македонската репрезентација. На 13 јуни, Австрија ја победи македонската репрезентација со 3:1. Напаѓачот […]

Случај Арнаутовиќ: Расизам на фудбалскиот терен и политизација на ЕУРО 2020


Однесувањето на австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ на мечот против македонската репрезентација на ЕП и натаму ја бранува фудбалската, но и пошироката јавност. Случајот го анализираат и весниците на германски јазик „Сè уште има многу претпоставки за вистинската причина за целата возбуда. Што точно рече Австриецот Марко Арнаутовиќ по неговиот погодок против Северна Македонија за 3-1? […]

Кока-Кола одговори на гестот на Роналдо: Секој има свои желби за пијалак


Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој ги оттргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија (3:0). Во изјавата, Кока-Кола истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“. Ден претходно, разни медиуми ширеа информации дека поради […]

За прв пат во историјата на НБА, тројца Европејци во идеалната пeторка


САД– За прв пат во историјата на НБА-лигата, тројца играчи од Европа беа вклучени во идеалната петорка на крајот на сезоната. Српскиот центар Никола Јокиќ (Денвер), грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо (Милвоки) и словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ (Далас) влегоа во идеалните пет за сезоната 2020/21. Покрај нив, во Топ 5 на сезоната се најдоа Американците Стеф Кари […]

Еден ама вреден – Франција ја совлада Германија на „Алијанц Арена“


Франција триумфираше вечерва над Германија на „Алијанц Арена“ во Минхен со минимални 1:0 (1:0) во последниот натпревар од првото коло во групната фаза на ЕУРО2020. Победата на Французите, кои никогаш досега не загубиле воведен натпревар на Европските првенства, им ја донесе Матс Хумелс со автогол во 18 минута. Франција беше блиску до удвојување на предноста […]

ЕУРО 2020: Португалија со победа тргна во одбрана на титулата, Роналдо најдобар стрелец на Европските првенства


Со голот од пенал, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства постигнувајќи го десеттиот гол и го надмина Мишел Платини Актуелниот европски првак Португалија ја совлада вечерва Унгарија со 3:0 (0:0) во воведниот натпревар од групата Ф на ЕУРО2020. Унгарците, кои до самиот финиш на натпреварот во Будимпешта одолеваа на нападите на Португалците, потклекнаа во […]

ЕУРО2020: Финалето на „Вембли“ пред 40.000 гледачи


Еден од двата полуфинални натпревари, како и финалето на ЕУРО2020, чиј домаќин е Лондон, ќе можат да се играат во присуство на 40.000 гледачи на трибините на стадионот „Вембли“, соопштија денеска британските власти. Владата во Лондон ги одобри плановите за 20 пилот настани, кои ќе мoжат да се одржат во присуство на публика, вклучувајќи го […]

УЕФА отвори истрага против Арнаутовиќ


УЕФА денеска почна истрага против австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ поради вербалниот инцидент што фудбалерот со српско потекло го предизвика во финишот од неделниот натпревар против македонскиот национален тим во рамки на ЕУРО2020. Европската куќа на фудбалот отвори дисциплинска постапка на барање на Фудбалската федерација на Македонија, која вчера изрази остра осуда на инцидентот и побара […]

Франција против Германија: фудбалски Октоберфест


Французите се актуелни светски прваци и фаворити за освојување на титулата европски шампион во фудбал. Но, Германците се секогаш тим за турнири. Доколку добро почнат, се е можно. Со нетрпение се чека дуелот во Минхен вечерва во 21 часот   Франција против Германија. Двобојот на соседните држави е приказна со долга традиција. Двете репрезентации досега […]

УЕФА: Македонските обележја на ЕУРО2020 се во согласност со Преспанскиот договор


Кратенката МКД, која се користи за настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, како и логото ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) на нејзиниот национален дрес, се во согласност со Преспанскиот договор, одговори УЕФА на жалбата што Грција ја поднесе до Европската куќа на фудбалот спроти почетокот на Европското првенство. Детали од одговорот денеска објавија грчките […]

НЛБ генерален спонзор на македонската одбојкарска репрезентација


НБЛ Банка АД Скопје е нов генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македониија. Логото на компанијата ќе стои на дресовите на македонските одбојкари кои од 1 до 19 септември ќе настапат на Европското првенство. – Чест ни е да бидеме Генерален спонзор на македонската репрезентација. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а […]