Бразил прв финалист во Купот на Америка


Репрезентацијата на Бразил го победи Перу со 1:0 во полуфиналето на Купот на Америка.

Стрелец на победничкиот гол по додавањето на Нејмар го постигна Лукас Пакета.

Бразил се пласираше во финалето на Купот на Америка, каде ќе се соочи со победникот од полуфиналето Аргентина – Колумбија.