Ѓоковиќ експресно до четвртфиналето на Вимблдон


Англија– Новак Ѓоковиќ експресно обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон. 

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ денес без многу мака по само три одиграни сета против Чилеанецот, Гарин обезбеди пласман во четвртфиналето, во кое за противник ќе ги има Унгарецот, Мартон Фушович кој во пет сета го победи  (5) Русинот, Андреј Рублев.