ЕУРО2020: Шпанија без Сарабија во полуфиналето во вторник, неизвесен и Лапорте


Италија– Еден од најдобрите шпански репрезентативци на ЕУРО2020 Пабло Сарабија, најверојатно, ќе го пропушти полуфиналниот дуел против Италија поради повреда на адукторот, јавија денеска италијанските медиуми.

Отсуството на играчот за врска на ПСЖ би бил голем хендикеп за составот на Луис Енрике, бидејќи Сарабија на петте натпревари досега на ЕУРО2020 постигна два гола и додаде две асистенции.

Сарабија поради повредата беше заменет по првото полувреме во четвртфиналниот натпревар против Швајцарија.

Од шпанскиот табор порачаа оти многу веројатно нема да можат навреме да ја санираат повредата на Сарабија, а за полуфиналето против Италија, во вторник, во редовите на Црвената фурија е неизвесен и Ајмерик Лапорте поради замор.

Шпанија во осминафиналето ја совлада Хрватска на пенали, а на ист начин во четвртфиналето ја елиминираше и Швајцарија.