Ѓоковиќ: Во тенисот најважни се грен-слем титулите


Англија – Мојот сон продолжува, изјави синоќа српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој со пласманот во финалето на Вимблдон се доближи на чекор до освојување на својата 20 грен-слем титула и израмнување на рекордот што го држат Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал. – На оваа етапа од мојата кариера грен-слем трофеите ми значат сè […]

Седмо финале за Ѓоковиќ на Вимблдон


Англија – Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, го совлада вечерва Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6, 7:5, 7:5 и по седми пат во кариерата обезбеди пласман во финалето на грен-слем турнирот во Вимблдон. На актуелниот бранител на трофејот во Вимблдон му беа потребни два часа и 47 минути игра за да го совлада Шаповалов и да дојде до […]

Копа Америка: Финалето Бразил – Аргентина, сепак, пред публика


Финалниот натпревар на Јужноамериканското фудбалско првенство меѓу домаќинот Бразил и Аргентина ќе се игра пред ограничен број гледачи на „Маракана“ во Рио де Женеиро, и покрај неповолната епидемиолошка состојба поврзана со Ковид-19. Локалните медиуми јавија денеска дека финалето на Копа Америка ќе се игра пред 7.800 гледачи, што претставува 10 отсто од капацитетот на стадионот „Маракана“. Навивачите ќе мораат да поседуваат негативен тест […]

Мартинез остана селектор на Белгија


Белгија– Белгискиот селектор Роберто Мартинез изјави денеска оти останува на должноста и покрај елиминацијата на Белгија во четвртфиналето на ЕУРО2020, додавајќи оти ќе се обиде идната година да ја освои светската титула. – Останувам селектор. Кога ќе почувствувам дека веќе немам со што да придонесам, тогаш ќе се заминам. Бев разочаран по елиминацијата, но сега се радувам на Светското првенство во Катар. А, исто така, и на […]

Британската Влада побара Италијанците да не доаѓаат на финалето во Лондон


Англија– Британскиот министер за сообраќај Грант Шапс апелираше денеска до навивачите на италијанската фудбалска репрезентација да не доаѓаат во Лондон за финалето на ЕУРО2020. Англија ќе игра в недела против Италија во финалето на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кое се очекува присуство на околу 60.000 луѓе, но меѓу нив ќе има малку Италијанци поради британските правила […]

Љафтов е првиот македонски одбојкар во италијанската Суперлига


Репрезентативецот Александар Љафтов од денеска е нов член на екипата на Порто Робур Коста од Равена со што стана првиот македонскиот одбојкар во историјата, кој ќе настапува во италијанската Суперлига. Најсилната европска лига ќе биде нов предизвик за 31-годишниот Љафтов, кој се пресели во Равена по четиригодишен престој во бугарскиот прволигаш Пазарџик, а претходно во својата меѓународна […]

Повредата го спречи Ивановски да го помине осминафиналето на Вимблдон


Седумнаесетгодишниот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон. Тој попладнево загуби од домашниот тенисер Џек Пинингтон Џоунс. Во првиот сет Македонецот добро се „држеше“, но на крајот противникот се радуваше со 7:5. Во вториот сет, Ивановски заработи повреда на десната нога. И покрај болката, тој не го предаде […]

Надал по еден месец пауза ќе настапи на турнирот во Вашингтон


САД– Третиот светски рекет, Рафа Надал, ќе се врати на теренот за прв пат по повеќе од еден месец на „Сити опен“ во Вашингтон, соопштија денес организаторите , бидејќи Шпанецот сака да го стави зад себе поразот во полуфиналето на Ролан Гарос во Франција од Новак Ѓоковиќ. Надал последен пат играше на Ролан Гарос, каде […]

Медалите на Олимписките игри во Токио направени од рециклирана потрошувачка електроника


Јапонија– Претставникот на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јуки Арата, објави за видот на материјалот од кој ќе бидат направени медали за спортистите. – Произведовме 5 000 медали кои се направени од рециклирана домашна електроника. Станува збор за паметни телефони, компјутери. Сè беше собрано и донесено кај нас од жителите на Токио. Подиумот, на […]

Катанец ја напушти клупата на Ирак


Словенија – Словенечкиот фудбалски тренер и поранешен македонски селектор Сречко Катанец го раскина договорот со Фудбалската федерација на Ирак. Катанец објави на социјалните мрежи дека бил принуден да ја напушти селекторската должност поради неисполнување на договорот од страна на ирачката Федерација. – Благодарам за поддршката во изминатите три години. По повеќе месечни прашања што се […]

Ивановски против Џоунс во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон


Македонски тенисер, Калин Ивановски избори осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон, откако во второто коло го победи Литванецот Едас Бутвилас со 2-0. Двата сета Македонецот ги доби на тај-брејк со по 7:6. Ивановски во текот на денешниот ден во осминафиналето ќе игра со Британецот Џек Пинингтон Џоунс. Нашиот Ивановски на АТП ранг листата е на 1.654-то место, […]

Ниту 42 поена на Адетокунбо не спречија пораз на Милвоки во вториот натпревар од финалната серија со Феникс


Феникс го победи Милвоки (118:108) по втор пат во големото финале од НБА-лигата и покрај 42 постигнати поена на Јанис Адетокунбо. Гркот средбата одиграна рано утрово на теренот на Феникс ја заврши со дабл-дабл, остварувајќи и 12 скока. Во победничкиот тим се истакна Девин Букер со 31 поен. По овој триумф „Сонцата“ се на две […]

Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето на УЕФА ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија


Бјорн Кујперс од Холандија ќе го суди финалето на УЕФА ЕУРО 2020 помеѓу Италија и Англија, што ќе се одигра во недела на 11 јули во 21 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон, објави вчера Комитетот за судии на УЕФА. Кујперс е првиот Холанѓанец што ќе суди Европско финале. Има 48 годишни а меѓународен судија […]

УЕФА отвори три дисциплински случаи против Англија за однесувањето на нејзините навивачи на дуелот со Данска


Франција – Европската фудбалска федерација отвори три дисциплински случаи за настаните на полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 со Данска. Дисциплинската комисија ќе ги истражува инцидентите во кои навивачите користат ласери, попречувајќи го данскиот голман, предизвикување немири за време на изведбата на националните химни, како и употребата на пиротехника. Англија го доби натпреварот со 2:1 по продолженија, […]

Италија на два чекори до бразилскиот и шпанскиот рекорд


Со пласманот во финалето на Европското фудбалско првенство, Италија под водство на селекторот Роберто Манчини ја продолжи серијата без пораз на 33 натпревари и се приближи до светскиот рекорд во сопственост на Бразил и Шпанија. Италија последен пат беше поразена во септември 2018 година од Португалија (0:1) во Лигата на нации и оттогаш репрезентацијата под водство на Манчини нанижа […]

ПСЖ го промовира Серхио Рамос


Пари Сен Жермен денес објави за трансферот во тимот на дефанзивецот Серхио Рамос. Договорот со 35-годишниот Шпанец трае до крајот на јуни 2023 година. – Горди сме што претставуваме еден од најголемите фудбалери на нашето време. Среќни сме што го објавуваме трансферот на Серхио Рамос во нашиот тим. Серхио е еден од најдобрите бранители на […]

Две недели пред Олимписките игри, во Токио се воведува вонредна состојба


  Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга одлучи во Токио да воведе вонредна состојба поради корона вирусот, само две недели пред почетокот на Олимписките игри, објавија денеска. Привремената вонредна состојба ќе биде на сила до 22 јули, додаваат од Владата. Олимписките игри треба да се одржат од 23 јули до 8 август. Причината за вонредна […]

Не видов пенал, чувствуваме горчина поради ваквата елиминација, вели данскиот селектор


Селекторот на данската фудбалска репрезентација Каспер Јулман искажа незадоволство од досудениот пенал за Англија синоќа во полуфиналето на ЕВРО 2020. Во 104-та минута беше досуден пенал против Данците за наводен прекршок над Рахим Стерлинг. Хари Кејн го реализира пеналот откако голманот Каспер Шмајхел, ја одби кусо топката по првиот удар. Моментот со падот на Стерлинг […]

Тур де Франс: Вут ван Аерт покажа мастеркласа на двојното искачување на Мон Венту


Вут ван Аерт предизвика спомени од петкратниот победник на Тур де Франс, Еди Меркс, со спектакуларна соло-победа во застрашувачката етапа со Мон Венту, кога се појавија првите удари во оклопот на бранителот на титулата, Тадеј Погачар, на второто искачување на Џинот на Прованса. Погачар не беше во можност да одговори на доцниот напад од совозачот […]

ЕВРО 2020: Дали беше пенал? Англија ја прекина данската бајка во продолженијата и закажа финале со Италија


За прв пат во историјата, фудбалската репрезентација на Англија се пласираше во финалето на Европското првенство откако по продолженијата ја совлада Данска со 2-1 на стадионот „Вембли“. Данска поведе во 30.минута со голот на Микел Дамсгард, Симон Кјаер израмни девет минути подоцна туркајќи ја топката во сопствената мрежа, а победата за Англичаните ја донесе Хари […]