Полуфиналето Италија – Шпанија е 35. најгледан телевизиски настан во историјата


Италија– Полуфиналниот натпревар од ЕУРО2020 меѓу Италија и Шпанија е 35. најгледан телевизиски пренос на сите времиња во Италија, јавија денеска локалните медиуми. Натпреварот во кој Азурите обезбедија финале со триумфот од 4:2 на пенали го гледале 19 милиони и 822 илјади италијански љубители на фудбалот. Настанот на каналот РАИ 1 го следеле 17.414.000 гледачи, а […]

Ѓоковиќ прв полуфиналист на Вимблдон


Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, по десетти пат во кариерата обезбеди пласман во полуфиналето на грен-слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево без загубен сет го совлада Унгарецот Мартон Фучувич. Ѓоковиќ го надигра 48. рангираниот тенисер на АТП листата со 6:3, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути. Бранителот на титулата во Вимблдон за своето […]

Алкалоид нов клуб на македонската ракометна сцена


Македонската ракометна сцена од денес е побогата за уште еден клуб. Нов член на Првата лига е РК Алкалоид. Главен спонзор на клубот кој ќе се потпира на млади и талентирани играчи ќе биде фармацевтската компанија Алкалоид. – Наша цел е настап во Првата лига каде се кали челикот кога се работи за млади ракометари. […]

Манчини е уверен дека Италија е заслужено во финалето на ЕВРО 2020


Селекторот на Италија, Роберто Манчини ги сподели своите впечатоци по синоќешниот натпревар од полуфиналето на ЕВРО 2020 против Шпанија (1:1, на пенали 4:2). – Се стремевме кон финале, иако многу малку луѓе веруваа во тоа пред почетокот на турнирот. И честитам на репрезентацијата на Шпанија. Ова е одличен тим, а пеналите се лотарија. Ние заслужуваме […]

Финалната серија во НБА стартуваше со триумф на Феникс


Феникс санс рано утрово го совлада Милвоки бакс со 118:105 во првиот натпревар од големото финале во НБА-лигата. Клубот од Аризона, предводен од Крис Пол (32 поена) и Девин Букер (27 поени), поведе со 1-0 во серијата прв до четири победи. Во поразениот тим се истакна Крис Мидлтон со 29 поени, првата ѕвезда, Јанис Адетокунбо […]

Аргентина на пенали преку Колумбија до финалето во Купот на Америка


Репрезентацијата на Аргентина ноќеска во Бразилија ја победи Колумбија во второто полуфинале од Купот на Америка. Победникот беше решен по изведувањето пенали, откако основните 90 минути завршија без победник 1:1. Најпрво резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 7. минута по асистенција од Лионел Меси, изедначи Луис Дијаз по еден час игра. Во пенал-серијата Аргентинците постигнаа […]

Италија го слави влезот во финалето на ЕВРО 2020, пресуди пенал рулетот


Фудбалската репрезентација на Италија е првиот финалист на овогодинешното Европско првенство, откако вечерва во драматичен натпревар ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали (4-2) и откако во регуларниот дел и по продолженијата резултатот беше 1-1. Овој возбудлив и крајно неизвесен натпревар се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон.  Водечкиот погодок за Италија го постигна […]

Ериксен и лекарите специјални гости на финалето на ЕУРО2020


Франција – Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен и лекаритe кои го вратиja во живот фудбалерот откако неговото срце престана да чука за време на натпреварот против Финска, ќе бидат специјални гости на финалето на ЕУРО2020, соопшти денеска УЕФА. Носителот на играта на данската репрезентација колабираше на теренот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген во завршните минути од првото полувреме во […]

Откажана Ф1 трката за Големата награда на Австралија 2021


Формула 1 објави дека трката за Големата награда на Австралија нема да се одржи во 2021 година. Трката во Мелбурн беше закажана за 19-21 ноември. Причините за ваквата одлука се ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус. Ф1 истакна дека остануваат на намерата да одржат 23 трки оваа сезона. Во следните недели, серијата ќе обезбеди дополнителни […]

Бразил прв финалист во Купот на Америка


Репрезентацијата на Бразил го победи Перу со 1:0 во полуфиналето на Купот на Америка. Стрелец на победничкиот гол по додавањето на Нејмар го постигна Лукас Пакета. Бразил се пласираше во финалето на Купот на Америка, каде ќе се соочи со победникот од полуфиналето Аргентина – Колумбија.

Алиоски ќе има нов клуб, Лидс со жалење се раздели од македонскиот репрезентативец


Англискиот премиерлигаш Лидс денеска со жалење соопшти дека македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски нема да биде дел од тимот во новата сезона. Алиоски заминува од Лидс по четиригодишен престој во клубот од Јоркшир за кој одигра 171 натпревари и постигна 22 голови. – Лидс може да потврди дека четиригодишниот договор на Џани Алиоски со клубот […]

Ѓоковиќ експресно до четвртфиналето на Вимблдон


Англија– Новак Ѓоковиќ експресно обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон.  Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ денес без многу мака по само три одиграни сета против Чилеанецот, Гарин обезбеди пласман во четвртфиналето, во кое за противник ќе ги има Унгарецот, Мартон Фушович кој во пет сета го победи  (5) Русинот, Андреј Рублев. 

Федерер го потврди настапот на ОИ во Токио


Англија– Роџер Федерер ќе ја претставува Швајцарија на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Швајцарскиот олимписки одбор. Освојувачот на 20 грен-слем турнири денеска во осминафиналето на турнирот во Вимблдон за противник го има Италијанецот Лоренцо Сонего, кој исто така, ќе настапи на летната Олимпијада во јапонската престолнина. Федерер е единствениот машки член […]

Познати групите за кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Токио


Завршија финалните натпревари од кошаркарските олимписки квалификации. Нивни победници се репрезентациите на Словенија, Германија, Италија и Чешка, кои ги добија последните четири билети за Олимписките игри во Токио. Така, стана познат конечниот состав на групите за олимпискиот турнир. Група А: Иран, Франција, САД, Чешка. Група Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија. Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, […]

Верстапен најбрз на трката за ГН на Австрија


Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен победи денеска на трката од Формула 1 за Големата награда на Австрија и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 бодови. Верстапен стартуваше од пол-позицијата и беше на чело од почетокот до крајот на трката, освојувајќи, притоа, и дополнителен бод за најбрзо извозен круг. За Верстапен ова е трета последователна […]

Куба го исклучи од олимпискиот тим пребегнатиот атлетичар Диаз


Куба – Кубанскиот атлетичар во трискок Жарден Диаз, кој своите репрезентативни колеги ги напушти на митинг во Европа, е исклучен од олимписката репрезентација, која брои 69 членови, потврди денеска претседателот на Кубанскиот спортски институт. Диаз (20) „го напушти својот тим во Европа“, обелодени Хозе Антонио Миранда, првиот човек на Кубанскиот олимписки институт, додека шпанските медиуми јавија […]

ЕУРО2020: Шпанија без Сарабија во полуфиналето во вторник, неизвесен и Лапорте


Италија– Еден од најдобрите шпански репрезентативци на ЕУРО2020 Пабло Сарабија, најверојатно, ќе го пропушти полуфиналниот дуел против Италија поради повреда на адукторот, јавија денеска италијанските медиуми. Отсуството на играчот за врска на ПСЖ би бил голем хендикеп за составот на Луис Енрике, бидејќи Сарабија на петте натпревари досега на ЕУРО2020 постигна два гола и додаде две асистенции. […]

(Видео) Меси на гол до јужноамериканскиот рекорд на Пеле


Аргентинскиот капитен Лионел Меси се запиша во листата на стрелци во синоќешната победа од 3;0 во четвртфиналето на Копа Америка над Еквадор од 3:0 и се доближи на чекор до израмнување на уште еден рекорд на легендарниот Бразилец, Пеле. Голот во судиското продолжение за Меси беше вкупно 76 во дресот на Аргентина и му недостасува уште само еден погодок да се израмни со Пеле, како фудбалер […]

Англија последен полуфиналист на ЕВРО 2020


Фудбалерите на Англија ќе играат во полуфиналето на Европското првенство 2020, откако вечерва во последното четвртфинале ја победија Украина со убедливи 4:0. На средбата одиграна во Рим, двоен стрелец беше напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој погоди во 4. и 50. минута. По еден гол постигнаа дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер и играчот за […]

Словенецот Тадеј Погачар ја презеде целосната контрола на Тур де Франс


Тадеј Погачар, бранителот на титулата, ги разнесе своите ривали на осмата етапа на Тур де Франс за да се наметне како главен фаворит за конечна победа во Париз. За разлика од големите подвизи од минатото на Турот, Словенецот нападна на патот од Ојонакс до Ле Гранд-Борнан и ги исфрли преостанатите ривали за генерален пласман на […]