Тренерот на Георгиевски се откажа од наградата и побараа средствата да му се доделат на медалистот


Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски кој вчера освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио, преку социјалните мрежи информира дека тој и неговиот брат Борче како тренери се откажуваат од наградата 600.000 денари доделена од Владата со одлука на вчерашната седница.

– Владата доделила 20 000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10 000 евра за тренерите.

Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост!

За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ) ❗

ЗА МАКЕДОНИЈА ❗??? – напиша Костовски на својот профил на Фејсбук.

За постигнатиот резултат Дејан Георгиевски е награден со 1,8 милиони денари од Владата и со 600.000 денари од Агенцијата за млади и спорт.