Ѓоковиќ во Токио остана без медал и им се извини на сите


Три порази во два дена се шокантен резултат за Србинот. На четвртиот меч во мешани двојки не се ни појави. Пабло Карењо Буста е егзалтиран од освоениот бронзен медал

 

Новак Ѓоковиќ ќе ги напушти Олимписките игри во Токио без медал, откако падна во уште еден меч, тој за бронзен медал со 6-4, 6-7 (6), 6-3 од Пабло Карењо Буста од Шпанија, и ги помина болните 24 часа во кои загуби три натпревари пред да им го предаде мечот за бронзен медал во мешани двојки на Ешли Барти и Џон Пирс, каде пратнерка му беше Нина Јовановиќ.

По поразот од Буста, Ѓоковиќ изјави дека му е жал што не освои медал за Србија, но дека воопшто не се кае што дошоч на Игрите во Токио. Тој исто така вели дека секогаш е чест да се игра за Србија и затоа за три години ќе се обиде да биде на Игрите и во Париз.

Дел од причините за поразот Новак ги објасни со неколку повреди што ги имал.

„Повреда е во прашање, и тоа повеќе. Се надевам дека тоа нема да ме спречи да одам на УС Опен. Не се каам што дојдов и што дадов се од себе, бидејќи како можам да се покајам. Нормално е да се обидете да донесете медал за вашата земја кога сте на Олимпијадата. За некои од моите стандарди и моите очекувања, ова не е идеален резултат. Им се извинувам на сите кои ги разочарав. Жал ми е за Нина, ми откажа целото тело, играв под лекови, со болка“, им кажа Ѓоковиќ на српските новинари.

Тој не сакаше да ја префрла кон кого било вината за неуспехот на Олимпијадата и рече дека дал сѐ што имало останато во „резервоарот“ на неговото тело. А тоа не било многу.

Иако до следните Олимписки игри во Париз има уште три години, а тој тогаш ќе има 37 години, Ѓоковиќ ја остава можноста да настапува и таму и да освои медал.

„Не е толку далеку, но сепак е до одреден степен. Затоа што немам 25 години. Но, не гледам крај на кариерата. Олимписки игри, Дејвис Куп, Гренд Слем, АТП Куп. Тоа најмногу ме инспирира да продолжам, играњето за Србија е привилегија и сакам да играм и во Париз. Сакам да играм, да освојам барем еден медал “.

Фрустрираноста на Ѓоковиќ беше видлива за време на мешот со Буста, кој изграше извонредно и многу стпливо. Тој фрли рекет на трибините пред да уништи друг во третиот сет со гневен удар во столбот што ја држи мрежата. Иако Србинот често може да го насочи својот гнев во фокусиран тенис, овој пат тоа направи мала разлика во неговото ниво на игра. „Напнато е на теренот“, рече тој. „Во жарот на битката. Ова не е првпат и веројатно не е последен пат. Се разбира, не е убаво, но е дел од, претпоставувам, од она што сум. Не ми се допаѓа да правам вакви работи“, рече Ѓоковиќ. Но, сепак ги прави.

Пабло Карењо Буста игра во животна форма. Тој не можеше да се „собере“ по освоениот бронзен медал

За Карењо Буста, овој резултат беше дополнителен доказ дека тој е во животна форма. Во текот на пандемијата и паузата, тој стигна до полуфинале на УС Опен, четвртфинале на Отвореното првенство на Франција и ја освои својата прва титула на АТП 500; тој е топ 10 играч во сѐ, но не можеше тоа да стане поради замрзнувањето на бодовите.

Додека го се трудеше да го „свари“ успехот, вообичаено прибраниот Шпанец седеше на теренотсо главата во рацете и плачеше. „Ова е неверојатно. Никогаш не сум почуствувал вакво нешто“, рече тој во своето телевизиско интервју. „Не го освоив турнирот, но тоа е како најдобрата титула во мојата кариера“.