Најбрзиот човек на светот без финале – Кинезот фаворит да го наследи Болт


 

Кинескиот атлетичар Бинтјан Су и Американецот Рони Бејкер остварија најдобар резултат во полуфиналната трка на 100 метри на Олимписките игри во Токио.

Су и Бејкер остварија ист резултат – 9,83 секунди.

Трет најдобат резултат од 9,84 секунди оствари италијанскиот спринтер Марсел Џејкобс.

Трејвон Бромел, Американецот кој оваа година го има најдоброто време со 9,77 секунди, остана без финале за една стотинка.

Можеби никогаш поинтересно финале нема да има на програмата во 14.50 часот денеска.