Рохас постави светски рекорд во трискок на Игрите во Токио


Венецуелката Јулимар Рохас го постави првиот светски рекорд во една атлетска дисциплина на Олимписките игри во Токио.

Таа попладнево во трискок прескокна 15 метри и 67 сантиметри, цели 17 сантиметри повеќе од досегашниот најдобар планетарен резултат (15,50) сопственост на Инеса Кравец од 1995 година.

Второто место и сребрениот медал отиде кај Патрисиа Пор Мамона од Португалија со прескокнати 15,01 метар.

Бронзата е за Ана Пелетеиро од Шпанија со скок од 14,87 метри.