Надал бара построга казна за Зверев


Шпанија- Рафаел Надал повика на построги санкции против играчите кои насилно се однесуваат кон тениските службеници во четвртокот по контроверзната условна казна изречена на Александар Зверев. Шпанската ѕвезда Надал изјави дека како пријател и партнер на Зверев, тој немал желба да види како германскиот олимписки шампион добива построга казна за неговиот насилен испад на Мексико […]

Основни училишта добија донација во фудбалски топки од ФФМ


 Фудбалската федерација на Македонија донираше вкупно 4.200 топки на повеќе основни училишта и клубови од Детската фудбалска лига. Донација во фудбалски топки за машки фудбал од ФФМ, како што е соопштено денеска, добија 76 основни училишта од целата држава, а на други 24 училишта им се донирани топки за развој на женскиот фудбал. Со донацијата […]

Британски милијардер заинтересиран за купување на Челзи


Британскиот милијардер Ник Кенди „активно ги разгледува опциите за да достави потенцијална понуда“ за купување на фудбалскиот клуб Челзи, објави сервисот Би-Би-Си. Според истиот извор, Кенди, кој е навивач на Челзи уште од дете, се обидува да формира конзорциум од повеќе странски инвеститори. – Секоја понуда би била дадена во соработка со конзорциумот. Господинот Кенди има голем […]

„Знаевме дека мали се шансите Ѓоковиќ да игра во Америка“


  Тенисерот Новак Ѓоковиќ ќе пропушти два Мастерс турнири до крајот на овој месец. Пред се Мастерсот во Индијан Велс, кој почнува денеска, а потоа и оној на Флорида, во Мајами, два турнира на кои во минатото имаше многу успех. Сега нема да биде во можност да освојува голем број бодови, што ќе се одржази […]

Нема вакцина, нема Индијан Велс, ниту Мајами за Ѓоковиќ


Новак Ѓоковиќ изјави дека нема да може да се натпреварува на тениските турнири на тврда подлога во Индијан Велс, Калифорнија, или Мајами бидејќи е невакциниран и не може да патува во САД. 20-кратниот грен слем шампион во средата твитна дека Центрите за контрола на болести „потврдиле дека прописите нема да се менуваат, така што нема […]

ПМФЛ: Македонија ЃП продолжи со победите


Македонија Ѓорче Петров го продолжи стопроцентниот ефект во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и со гостински триумф попладнево над Струга во рамки на 22. коло ја забележа четвртата последователна победа. Лидерот Шкупи одигра без голови на гостувањето кај Ренова, додека Работнички во дерби на колото ја совлада на домашен терен […]

Полска директно во финале на мундијалскиот бараж, Шведска гневна на одлуката на ФИФА


По искулучувањето на Русија од европските квалификации, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи денеска Полска директно да обезбеди пласман во финалето на мундијалскиот бараж, предизвикувајќи со тоа негативни реакции во Шведска. Полска требаше на 24 март да и гостува на Русија во полуфиналниот бараж, но рускиот тим беше исфрлен од натпреварувањето поради инвазијата на Украина. ФИФА […]

Ѓоковиќ во жрепката за Индијан Велс, но настапот неизвесен


САД– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е дел од жрепката за тенискиот Мастерс турнир во Индијан Велс, но, засега, сè уште не е јасно дали воопшто ќе настапи. – Новак Ѓоковиќ беше на списокот играчи, па затоа го ставивме во жрепката. Овој пат сме во контакт со неговиот тим, бидејќи не е јасно дали ќе може […]

ФИФА го одложи мундијалскиот бараж меѓу Шкотска и Украина за јуни


Натпреварот од Европските квалификации за пласман на Мундијалот во Катар меѓу Шкотска и Украина, што требаше да се одигра на 24 март, е одложен за јуни, одлучи организацискиот комитет на ФИФА, усвојувајќи го синоќа барањето кое на 3 март го испрати Украинската фудбалска федерација. Украинската страна во барањето до ФИФА наведе дека „во овие услови не се во можност […]

Мареј ја донира заработката за децата во Украина


Англија – Поранешниот светски рекет број 1, британскиот тенисер Енди Мареј, објави дека парите што ќе ги заработи од наградните фондови на турнирите на кои ќе настапи до крајот на сезоната ќе ги донира за Украина преку УНИЦЕФ. – Целата моја парична награда до крајот на годината ќе ја донирам. Меѓутоа, сите жители на Велика Британија, […]

Модриќ пред дуелот со ПСЖ: И двете екипи се под притисок


 Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги сподели своите очекувања за натпреварот против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. – Мислам дека притисокот е врз двата тима. Двата тима сакаат да одат понатаму. Прават сé за да ја освојат Лигата на шампионите. Ова покажува колку е тешко. Освоивме четири трофеи за пет години и […]

СЕХА ги одложи сите натпревари на неодредено време


Извршниот комитет на регионалната ракометна СЕХА Газпром лига донесе одлука за прекин на натпреварувањето на неодредено време. – На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА, одржан во вторник, 8 март 2022 година, донесена е одлука сите натпревари од СЕХА – Газпром лигата во сезоната 2021/22 да се одложат до дополнително известување, со цел да се […]

Ѓоковиќ му понуди финансиска помош на Стаховски кој се вклучи во одбраната на Украина


Украина – Новак Ѓоковиќ понуди финансиска поддршка и каква било друга потребна помош на украинскиот поранешен светски рекет број 31, Сергиј Стаховски, кој се пријави во резервната армија на неговата земја среде руската инвазија на нејзиниот сосед. Стаховски, кој освои четири АТП титули и имаше шокантна победа над Роџер Федерер во второто коло на Вимблдон […]

ФИФА им дозволи на странците од руското првенство еднострано да ги суспендираат договорите со клубовите


Франција – Светската фудбалска федерација ФИФА им дозволи на странците да ги суспендираат договорите со руските клубови. Странските играчи и тренери сега можат да го остварат правото на еднострано суспендирање на договорот до крајот на сезоната во Русија. Понатаму, откако ќе станат слободни играчи, тие ќе можат да потпишуваат договори со нови клубови до 30 јуни […]

Зверев со условна казна поради неспортското однесување во Акапулко


Германскиот тенисер Александар Зверев доби суспензија од осум недели и парична казна од 25.000 долари поради неспортско однесување, објави официјалниот сајт на АТП. Двете санкции се изречени условно со пробен период. Дваесет и четиригодишниот Германец по поразот во првото коло на турнирот во двојки во Акапулко на крајот на февруари, се приближи до главниот судија […]

Лазаров го објави поширокиот список за мундијалскиот бараж против Романија


Капитенот и селектор на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за баражот за пласман на Светското првенство 2023 против Романија. Натпреварите против Романија се на 17 март во Скопје и два дена подоцна во Букурешт, а доколку македонските ракометари бидат поуспешни за противник во финалниот бараж ќе ја имаат […]

Од денеска може да се аплицира за билети за мундијалскиот бараж во Палермо


Навивачите на македонската фудбалска репрезентација од денеска до 15 март можат по електронски пат да аплицираат за билет за натпреварот на „црвено – жолтите“ од мундијалскиот бараж против Италија на гостински терен. Барањата за влезници, како што соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), можат да се поднесуваат на електронската адреса: [email protected]. Македонските фудбалери на дуелот […]

Јон Циријак: Ѓоковиќ е како дете, Надал е генијалец


  Мислењето на Јон Циријак секако има тежина во тенискиот свет. Поранешниот сопственик на АТП турнирот во Мадрид, ги спореди тениските достигнувања на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, нагласувајќи дека српскиот тенисер, според него, не е голем шампион. Харизматичниот и егоцентричен поранешен романски тенисер, беше и член на тамошната хокеарска репрезентација со која настапи на […]

Гвардиола: Ливерпул е најтешкиот противник во моите тренерски 12-13 години


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го посочи Ливерпул како најтешкиот противник во неговата менаџерска кариера. – Многупати сум кажал дека успехот на тренерот е да биде подготвен да победува повторно од година во година – дури и по три освоени титули. Остануваме скромни и продолжуваме да играме. Борбата против Ливерпул е едно од најголемите […]

Спалети ја демантираше можноста за отказ по поразот од Милан


Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го сподели своето мислење за информацијата дека ќе го напушти наполитанскиот клуб. Вчеравечер Наполи загуби од Милан (0:1) во натпреварот од Серија А. – Ако не можете да се справите со притисокот, треба да заминете. Но, ве уверувам дека ќе бидам на утринскиот тренинг со план за работа. Ако мислите […]