Јон Циријак: Ѓоковиќ е како дете, Надал е генијалец


 

Мислењето на Јон Циријак секако има тежина во тенискиот свет. Поранешниот сопственик на АТП турнирот во Мадрид, ги спореди тениските достигнувања на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, нагласувајќи дека српскиот тенисер, според него, не е голем шампион. Харизматичниот и егоцентричен поранешен романски тенисер, беше и член на тамошната хокеарска репрезентација со која настапи на Зимските олимписки игри во 1964 година.

Харизматичниот и егоцентричен поранешен романски тенисер, но и член на хокеарската репрезентација со која се натпреваруваше на Зимските олимписки игри во 1964 година.

„Србинот со години го бара своето место во тенискиот свет и не може да го најде. Тој е како дете, како Бекер, кој си игра со оган и ги става рацете горе да види дали ќе изгори. Ѓоковиќ е одличен спортист, многу добар тенисер, но не е голем шампион“, изјави Циријак.

Романецот смета дека епитетот „голем шампион“ му припаѓа исклучиво на Рафаел Надал.

„Според мене, не само во тенисот, туку воопшто во спортот, Надал е генијалец. Момчето е на двете нозе на земја со истото однесување и манири какви што имаше на 15 години. Шпанецот е најголемиот на сите времиња“, изјави романскиот бизнисмен кој го продаде турнирот во Мадрид на крајот на 2021 година.