Гвардиола: Ливерпул е најтешкиот противник во моите тренерски 12-13 години


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го посочи Ливерпул како најтешкиот противник во неговата менаџерска кариера.

– Многупати сум кажал дека успехот на тренерот е да биде подготвен да победува повторно од година во година – дури и по три освоени титули. Остануваме скромни и продолжуваме да играме. Борбата против Ливерпул е едно од најголемите достигнувања во мојата кариера. Тие се неверојатни. Ова е најтешкиот противник во моите 12-13 години како менаџер, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.

Во моментов Манчестер сити е лидер на табелата во Премеир лигата со 69 бодови од 28 натпревари.

Ливерпул е втор со 63 освоени бода од 27 натпревари.