Короната прави хаос на Вимблдон – се разболе и Матео Беретини


  Короната не е замината, ниту е потисната. Денеска дојде уште една шокантна вест поврзана со короната на Вимблодон: од Ковид-19 се разболе еден од главните фаворити за титулата, Италијанецот Матео Беретини. Италијанецот требаше да излезе на теренот околу 14 часот на мечот од првото коло против Кристијан Гарин. Неколку часа претходно се огласи на […]

Турција и Алжир лидери со по шест злата на Медитеранските игри


По четири изминати дена на Медитеранските игри во Оран, домаќинот Алжир и Турција се лидери на листата медалисти со по шест освоени најсјајни одличја. Златни медали имаат освоено уште и Египет, Грција, Италија, Србија, Хрватска и Словенија. Пласман во Топ 10 медалисти на Медитеранските игри: 1. Алжир       6+4+0 (злато-сребро-бронза) (вкупно10) 2. Турција      6+0+5 (11) […]

Чилиќ е позитивен на Ковид по вежбањето со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон


Англија– Вимблдон го имаше првиот заболен од Ковид-19 во понеделникот кога поранешниот финалист Марин Чилиќ, кој минатата недела вежбаше со бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ, беше принуден да го напушти турнирот. Хрватскиот поранешен шампион на УС Опен беше подготвен да игра со Рафаел Надал во четврт-финалето и беше фотографиран како игра на Централниот терен минатиот […]

Ѓоковиќ со победа стартуваше на Вимблдон и испиша историја


Англија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на грен – слем турнирот во Вимблдон, совладувајќи го попладнево Јужнокореецот Сунву Квон со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-4). За второрангираниот тенисер на АТП листата ова беше 80. триумф на терените на Вимблдон со што стана првиот играч во историјата на светскиот тенис со најмалку 80. […]

Федерер е најбогат тенисер, иако не игра една година


Англија– Вимблдон започнува на 27 јуни во Лондон, со Рафаел Надал од Шпанија на половина пат до Грен слем календарската година. Тој веќе ги освои годинешните два големи турнири – Австралија Опен и Отвореното првенство на Франција – давајќи му 22 Грен слем победи во кариерата за неговата кариера. Надал е носител број 2 на […]

Дали ова може да биде година за нов тениски шампион на Вимблдон ?


Англија – Поминаа две децении откако шампионатот на Вимблдон во сингл за мажи го освои некој надвор од квартетот Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј. Дали ова може да биде година кога некој друг ќе го заработи тој трофеј? „Да, зошто да не? Она што Роџер, Рафа, Енди и Новак го направија […]

Стоилов: ЕХФ бездушно нè казни


Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изрази разочарување од одлуката на ЕХФ за исфрлање на македонскиот тим од Лигата на шампионите. – Многу сум разочаран од одлуката на ЕХФ. Бездушно не кзанија кога веќе се гледаше крајот на долговите и кога клубот застана на нога по неколку тешки години. Со добри засилувања за следна сезона и […]

Стојановски: ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ за да се отвори место за Алборг


Извршниот директор на АД РК Вардар, Давор Стојановски денес во обраќање до јавноста објасни како дојде до ситуацијата „црвено-црните“ да бидат исклучени од Лигата на шампионите. Стојановски смета дека Вардар е исклучен тенденциозно со цел неговото место да го добие друга екипа која не избори учество во елитното натпреварување по регуларен пат. Во продолжение во […]

Почнува Вимблдон: Ѓоковиќ нема да се вакцинира


Англија- Новак Ѓоковиќ знае дека, како што стојат работите сега, Вимблдон ќе биде неговиот последен Грен слем турнир во 2022 година, затоа што нема да може да игра на Отвореното првенство на САД – тој не добил ниту една вакцина против Ковид-19 и не може да влезе во САД како невакциниран странец. „Тоа“, рече 35-годишниот […]

Роналдо побара засилувања како услов да остане во Јунајтед


Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо најави дека ќе го напушти Манчестер јунајтед доколку раководството на премиерлигашот не донесе сериозни засилувања во летниот преоден рок, јавија денеска британските медиуми. Според весникот „Дејли мејл“, Роналдо е незадоволен од работата на клупското раководство и нивната стратегија во делот на трансферите. – Ливерпул го донесе Дарвин Нуњез, […]

РК Вардар: Понудивме банкарска гаранција, но ЕХФ не ја прифати и не исклучи од ЛШ


 Македонскиот ракометен првак Вардар кој вчера и официјално беше исклучен од Лигата на шампионите преку соопштение ја објасни новонастанатата ситуација и причините поради кои е дојдено до неа. Во продолжение во целост го пренесува соопштението на „црвено-црните“. – По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која […]

Осум членови на медицинскиот тим на суд поради смртта на Марадона


По обвинение за убиство од небрежност, во Аргентина е покрената тужба против осуммина членови на лекарскиот тим, кои се грижеле за здравјето на легендарниот фудбалер Диего Марадона пред да почине од срцев удар, соопшти судот во Аргентина. Судијата во Сан Исидро, северно предградие на Буенос Аирес, ја прифати тужбата против лекари, психијатри, психолози, менаџери на […]

На Барселона ѝ се нуди да го ангажира Нејмар за 50 милиони евра


На Барселона ѝ е понудено да го ангажира напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар за 50 милиони евра, објави „ТВ Ел Чирингуито“. Според фудбалскиот ТВ канал, каталонскиот клуб добил повици од посредници од ПСЖ. Се истакнува дека на Барселона и било ветено дека нема да има проблеми во преговорите со парискиот клуб. Во исто време и […]

Мане потпиша тригодишен договор со Баерн


 Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го потврди официјално попладнево трансферот на Садио Мане, потпишувајќи тригодишен договор со сенегалскиот напаѓач. Баерн не ги наведе финансиските детали од договорот, а Би-Би-Си пренесе дека Ливерпул ќе инкасира 32 милиони евра, со дополнителни шест милиони евра во однос на бројот настапи и уште три милиони евра за индивидуални и […]

ЕХФ го исфрли Вардар од Лигата на шампионите


Се исполнија најавите од пред неколку дена, дека македонскиот ракометен првак Вардар ќе остане без место во Лигата на шампионите поради неисполнети финансиски обврски. Ова денес преку својот сајт го потврди Европската ракометна федерација (ЕХФ). – Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, на 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 […]

На Мундијалот во Катар ќе биде забранет секс меѓу невенчани


За време на Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, ќе има забрана за интимни односи меѓу невенчани лица. Според „Дејли стар“, сексот официјално ќе биде забранет за фудбалерите, персоналот и навивачите кои ќе дојдат на турнирот. Прекршувањето на ова правило може да доведе до седум години затвор. – Сексот е надвор од нашата листа, освен […]

Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон


Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција се први носители на претстојниот Грен – слем турнир во Вимблдон. Втор носител е освојувачот на годинешните грен – слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, а следат Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас и младиот Карлос Алкараз од Шпанија. Кај тенисерките, втора носителка е Естонката […]

Мареј: Закрепнувањето оди добро, но има одредени удари што не можев да ги изведам


Енди Мареј проговори за повредата на стомачните мускули, која ја доби во Штутгарт. Во текот на финалето против Матео Беретини, Британецот го повика докторот и почна послабо да сервира. – Повредата се лекува, но ситуацијата сè уште не е идеална. Мојата цел е да започнам во добра физичка кондиција и да си дадам најдобра шанса […]

ПСЖ ќе понуди 60 милиони евра и бонуси за Шкрињар, Интер бара повеќе


Францускиот фудбалски шампион ПСЖ не се откажува од ангажирање на словачкиот дефанзивец Милан Шкрињар.  по одбивањето на првата понуда од страна на Интер, парижаните подготвуваат подобрена верзија. ПСЖ ќе понуди 60 милиони евра и бонуси за 27-годишниот фудбалер, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Вклучувајќи ги бонусите, сумата на трансферот би можела да биде околу 65 милиони […]

„Балканхендбол“: Вардар го губи местото во Лигата на шампионите


Реномираниот специјализиран за ракомет портал „Балкан-хендбол“ неофицијално дознава дека Европската ракометна федерација (ЕХФ)  донела одлука да му забрани на македонскиот првак Вардар настап во Лигата на шампиони во сезоната 2022/2023. Како причина за ваквата одлука ја наведува несредената финансиска ситуација, која пак го стави под знак прашалник и минатогодишниот настап на „црвено-црните“ во елитното натпреварување. […]