Ливерпул бара извинување од француската министерка за спорт


 Извршниот директор на Ливерпул, Били Хоган побара од француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастер да се извини за нејзините изјави за британските навивачи по финалето на Лигата на шампионите. – Бевме изненадени кога слушнавме такви коментари во ситуација кога немаше време да разбереме што се случило. Тогаш немаше независна истрага за да се утврдат сите […]

Михаела Алексовска, дел од годинашниот НБА камп „Кошарка без граници“


 Најдобрата македонска млада кошаркарка, Михаела Алекосвска од клубот Крива Паланка од денес е дел од НБА интернационалниот камп „Кошарка без граници“ чијшто домаќин е Милано, Италија. Алексовска е првата кошаркарка од државата која доби покана да биде дел од овој престижен меѓународен камп  (BWB), програма на ФИБА и НБА за глобален развој со акцент на подобрување […]

Алексовска постави нов национален рекорд во фрлање кладиво


За време на атлетскиот Куп на Македонија одржан изминатиот викенд во Скопје, соборен е еден рекорд на фрлање кладиво за млади младинки од страна на Теа Алексовска од АК Куманово. Таа со резултат 25,62 м. Го сруши досегашниот рекорд во сопственост на Матеја Ефремовска од истиот клуб, поставен во 2015 година со 22,04 м. На […]

Почина поранешниот ракометен селектор Лефтер Бошковски


Прославеното име на македонскиот ракомет Лефтер Бошковски почина денеска во Скопје на 81-годишна возраст. Истакнат ракометен стручњак и педагог, Бошковски беше тренер на повеќе македонски екипи, како и селектор на женската сениорска репрезентација. Во својата плодна тренерска кариера ги предводеше екипите на Вардар, Работнички и Кометал Ѓорче Петров, а го основаше женскиот ракометен клуб Олимпик. Последните години […]

Левандовски: Заврши мојата приказна со Баерн


Полската фудбалска ѕвезда Роберт Левандовски објави денеска дека неговата приказна со Баерн Минхен е завршена и оти заминувањето во друг клуб е најдобро решение за двете страни, јавија полските медиуми. Левандовски не го посочи името на својот нов клуб. – Заминувањето во друг клуб е најдоброто решение за двете страни, изјави 33-годишиот напаѓач, кој има […]

Тод Боли и официјално нов сопственик на Челзи


Откако сите детали беа усогласени минатата недела, англискиот фудбалски гигант Челзи денеска и официјално премина во сопственост на американски конзорциум на чело со бизнисменот Тод Боли. Челзи ја најави продажбата минатата недела, а попладнево преку клупско соопштение ја официјализираше трансакцијата. – Чест ни е што сме нови сопственици на Челзи. Сто проценти сме во оваа нова работа. […]

Министерката за спорт на Франција го обвини Ливерпул за хаосот на финалето во Париз


  Новата француска министерка за спорт Амели Удеа-Кастера во понеделникот го удвои обвинувањето на фудбалскиот клуб Ливерпул и неговите поддржувачи за хаосот што го наруши финалето на Лигата на шампионите во саботата вечер во близина на Париз. „Фактот што Реал Мадрид го надгледуваше доаѓањето на своите навивачи во Париз, со распоредување автобуси од аеродромот и […]

Девет ракометари заминуваат од Еурофарм Пелистер


Македонскиот вицепрвак останува без девет ракометари кои ќе го напуштат клубот на истек на договорот или со платено обештетување. Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: унгарскиот репрезентативен голман Мартон Секељи, бековите Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ и Стипе Мандалиниќ, капитенот Јосип Периќ, но и ракометарите со голема минутажа во клубот, Матео […]

Без билети или со фалсификати на финалето во ЛШ се обиделе да влезат 30-40 илјади навивачи


 Помеѓу 30.000 и 40.000 навивачи без или со лажни билети се обиделе да влезат на саботното финале во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) во Париз. Ова се наведува во извештајот на француската полиција, објавија француските медиуми. Според органите на редот, околу 300-400 млади луѓе од локалното предградие Сен Дени сепак успеале […]

Мечот против Ѓоковиќ може да биде последен за Надал во кариерата


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за утрешниот четвртфинален меч на Ролан Гарос против Србинот Новак Ѓоковиќ. – Јас сум во четвртфиналето и едноставно уживам да играм овде повторно. Ситуацијата сега е таква што не знам дали следниот натпревар ќе ми биде последен во кариерата. Повторно поминав низ проблеми со нозете. Не знам […]

Бостон ја доби мајсторката со Мајами и се пласира во големото финале на НБА-лигата


Екипата на Бостон селтикс рано утрово го совлада Мајами со 100:96 во седмиот натпревар од полуфиналето на НБА-лигата и се пласира во големото финале. Џејсон Тејтум со 26 поени и 10 скока беше најдобар во победничкиот тим, Џими Батлер во редовите на домашната екипа беше најефикасен со 35 поени. Бостон ја доби серијата од конференциското […]

Бензема за „Златната топка“: Не можев да се претставам подобро со клубот


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема одговори на прашањето за Златната топка по освојувањето на Лигата на шампионите.  – Ја завршив сезоната. Мислам дека не можев подобро со клубот. Во секој случај, горд сум на постигнатото. На целиот свет му одржавме лекција и покажавме дека сме живи, дека сме тука. Да видиме што ќе се […]

Мбапе: ПСЖ ќе започне нова ера, имам уште многу да направам со клубот


Еден од најдобрите фудбалери на светот, Килијан Мбапе објасни зошто го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен. Напаѓачот неодамна можеше да замине во Реал Мадрид како слободен играч, но потпиша нов договор со францускиот клуб до 2025 година. – Клубот планира да започне нова ера и мојата приказна не е завршена ниту тука. Имам уште нешто […]

Винисиус истрчал најмногу во Лигата на шампионите, 133 километри на 13 натпревари


Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е фудбалерот со најголема километража во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22. Според официјалниот сајт на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), 21-годишниот Бразилец истрчал 133 километри на 13 натпревари на турнирот. Играчите од средниот ред на Виљареал, Етјен Капу и Даниел Парехо ги поделија второто и третото место по овој […]

Заврши „Европската фудбалска недела 2022“ на Специјална олимпијада Македонија


На фудбалскиот терен на Вардар во Скопје во присуство на повеќе од 70 атлети и 40 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје, Тетово, Штип и Струмица викендов заврши одбележувањето на Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија, која се одбележува по 22 пат на ниво на Европа. Европската фудбалска недела 2022 е иницијатива […]

Клоп: Финалето е успех, но не е успехот што го посакувавме


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сумираше впечатоците од финалето на Лигата на шампионите, кое неговиот тим го синоќа го загуби од Реал Мадрид со 1:0. – По овој пораз никој кај нас не чувствува дека сезоната е одлична. Можеби ни требаат неколку часа за да сфатиме. Одигравме добар, но не и совршен натпревар. Мислам […]

Анчелоти: Никогаш не ни сонував дека ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше настапот на тимот оваа сезона по победата во финалето од Лигата на шампионите над Ливерпул (1:0). -Тоа беше неверојатна сезона, не постои начин да се опише. Јас сум секогаш оптимист, но не ни сонував дека во една сезона ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата […]

Реал по 14. пат европски фудбалски шампион


Реал Мадрид вечерва во Париз го победи Ливерпул со 1:0 и ја освои Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор во 59. минута. Во 45. минута главниот судија на средбата Клемент Турпин со помош на ВАР го поништи голот на Карим Бензема поради офсајд. Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по […]

Челзи официјално во сопственост на американски конзорциум


Американски конзорциум на чело со бизнисменот Том Боли официјално ја презеде сопственоста врз англискиот прволигаш Челзи, соопшти денеска лондонскиот клуб. – Фудбалскиот клуб Челзи може да потврди дека синоќа е склучен конечен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клирлејк Капитал (Clearlake Capital). Се очекува трансакцијата да биде комплетирана в понеделник, соопшти Челзи. Американскиот […]

УЕФА ги раздвои украинските и белоруските екипи


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе делува во насока да спречи екипите од Украина и Белорусија при жрепките да бидат извлечени да играат меѓусебно во кое било натпреварување во иднина, објави Извршниот комитет на УЕФА. Одлуката донесена синоќа е одговор на поддршката на официјален Минск на руската инвазија врз Украина. УЕФА во март одлучи белоруските репрезентации […]