Роналдо: Oд 100 вести во медиумите, само пет беа вистинити


Англија – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо ги обвини медиумите дека лажат за да имаат повеќе публика.

Португалецот ја прокоментира објава за трансфер шпекулации на навивачки профил.

– Тие ќе ја дознаат вистината кога ќе направам интервју за неколку недели. Медиумите лажат. Од 100 вести што ги напишаа во изминатите неколку месеци, само пет беа вистинити. Замислете како навистина стојат работите, напиша Роналдо.

Од почетокот на новата сезона во Премиер лигата, речиси секој ден во англиските медиуми се појавуваат разни шпекулации за иднината на Роналдо.