Австралија без Кирјос на Дејвис купот


 

Австралија– Финалистот на годинешниот Вимблдон, Ник Кирјос, нема да настапи за репрезентацијата на Австралија на претстојните дуели во Дејвис купот, соопшти денеска австралиската Тениска федерација.

– Ќе беше прекрасно да го имавме Ник во тимот, но за жал тој не е достапен за овие натпревари, изјави селекторот на Австралија, Лејтон Хјуит.

Австралија во Хамбург од 13 до 18 септември ќе игра во групата Ц заедно со домаќинот Германија, Франција и Белгија, а на списокот на селекторот Хјуит се Алекс де Минор и Танаси Кокинакис, како и Метју Ебден и Макс Персел во двојки.

Ник Кирјос нема настап за Австралија во Дејвис купот од 2019 година.