ФорФорТу: Гвардиола најдобар тренер


Англија– Стратегот на актуелниот англиски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е прогласен за најдобар тренер во светот во изминатите 12 месеци во избор на специјализираното фудбалско списание „ФорФорТу“. Гвардиола ја предводи листата од 50 тренерски имиња кои оставиле најголем печат изминатата година, а изборот е направен врз основа на нивните способности, како и врз основа на остварените резултати на нивните екипи. […]

Нејмар се појави во судот во Барселона за наводна измама и корупција


Шпанија– Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се појави денеска во судот во Барселона по обвинение за наводна измама и корупција при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година. Покрај Нејмар, процесот се води и против неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Жозеп Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одилио Родригез. Шпанското Обвинителство бара казна затвор од […]

Нишикори испадна од АТП ранг-листата


  Поранешниот светски рекет број 4, Кеи Нишикори и официјално отпадна од ранг-листата на АТП. Јапонецот до оваа недела остана во топ 800, но ги изгуби бодови од второто коло од минатогодишниот Мастерс во Индијан Велс. Последен пат тој немаше рејтинг во пролетта 2006 година. Да потсетиме дека во јануари Нишикори беше опериран на колкот […]

Пелистер поуспешен од ТФТ во македонскиот дуел во АБА2-лигата


Кошаркарите на Пелистер го победија ТФТ со 75:65 синоќа во првото коло од регионалната АБА2-лига. Битолчани до победата беа предводени од Сеад Хаџифезовиќ кој натпреварот го заврши со 28 поени, Недим Мустафица постигна 16, Димитар Караџовски 12. Во поразената екипа се истакна Мекбрајер со 14 поени. Во второто коло, Пелистер утре ќе се соочи со […]

„Златната топка“ за Бензема и Путелјас


  Напаѓачот на европскиот првак Реал Мадрид, Карим Бензема ја освои вечерва наградата „Златна топка“ која традиционално се доделува во изборот на списанието Франс фудбал, додека признанието најдобра фудбалерка втора година по ред и припадна на Алесиа Путелјас од Барселона. The 2022 women’s Ballon d’Or complete ranking! #ballondor pic.twitter.com/QJLVZW6XjG — Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) October […]

Реал ја победи Барселона и остана единствен непоразен во Ла Лига


 Реал Мадрид попладнево ја совлада Барселона  со 3:1 во „Ел класико“ во 9. коло од шпанската Ла Лига. Карим Бензема го отвори резултатот во 12. минута, Феде Валверде во 35. ја зголеми предноста на Реал. Феран Торес во 83. минута намали на 2:1, а Родриго реализираше пенал во 91. минута за конечни 3:1. Реал Мадрид […]

Дами рушат бариери и рекорди во трчање


Три жени со различни животни предизвици и професии со иста пасија кон трчањето ги освојуваат маратонските патеки ширум светот. Трчањето почнале да го практикуваат пред и околу четириесетата години од својот живот барајќи начин да надминат одредени проблеми, да го подобрат физичкото и менталното здравје, но и да пробаат нешто ново и подобро. Трчањето им […]

Руските тенисерки масовно бараат државјанство во Казахстан


  Се чини дека се повеќе руски тенисерки, особено млади, сакаат да го следат примерот на Елена Рибакина, овогодинешната победничка на Вимблдон, која игра под знамето на Казахстан. Потпретседателот на Казахстанската тениска федерација потврди дека во последните месеци повеќе од 30 руски тенисери, од најмлади до сениори, контактирале со нив со барање за промена на […]

Мукаетов: Македонија првпат домаќин на Европско првенство – да покажеме сите заедно зошто сме спорт број еден!


Македонија за првпат во својата историја ќе биде домаќин на Европско сениорско првенство во екипен спорт, сето тоа благодарение на спортот број еден во државата – ракометот. Од 4. до 20. ноември оваа година покрај Љубљана, Цеље и Подгорица, и Скопје ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство за жени. Како најава за големиот спортски […]

Топката со која Марадона постигна два гола против Англија на СП 1986 се продава на аукција 


Англија– Топката со која Диего Армандо Марадона ги постигна двата гола во победата на Аргентина над Англија (2-1) во четвртфиналето на Мундијалот 1986, првиот познат како „Божја рака“, а вториот наречен „Гол на столетието“ идниот месец ќе биде продадена на аукција во Велика Британија.  Проценките се дека топката може да достигне цена меѓу 2.9 и 3,4 милиони […]

Убедлива победа за македонските ракометари против Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2024


  Македонската ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје забележа убедлива победа над Луксембург со 38:24 (18:7 полувреме) во првото коло од квалификациите за Европското првенство 2024.   Подмладениот тим селектиран од Кирил Лазаров во текот на целиот натпревар доминираше на теренот и на крајот лесно дојде до првите бодови со 44-тата победа […]

Почина Славе Атанасовски, првиот селектор на ракометната репрезентација


Почина Славе Атанасовски – Чаве, уште една ракометна легенда на Македонија, првиот селектор на репрезентацијата. Атанасовски беше првиот селектор на Македонија по осамостојувањето и раздружувањето на Ракомениот Сојуз на Македонија од Ракометниот Сојуз на Југославија. Под негово водство Македонија во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативен меч. Атанасовски е роден во 1945 година во […]

Македонските ракометари против Луксембург ги отвораат квалификациите за ЕП 2024


Македонската ракометна репрезентација вечер против Луксембург ќе ги почне квалификациите за Европското првенство 2024. Селекторот Кирил Лазаров во овој квалификациски циклус ја подмлади репрезентацијата со оглед на неговото и завршувањето на репрезентативните кариери на Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски. Лазаров најави брза игра и затоа како што вели повикани се ракометари кои можат да играат […]

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ


Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе најави дека ќе ги напушти редовите на актуелниот француски првак на почетокот ма идната година, објави денеска шпанскиот спортски весник „Марка“. „Врската меѓу Мбапе и ПСЖ е целосно прекината. Мбапе побара веќе во јануари да замине од Париз“, тврди „Марка‘. Дел од шпанските и француските медиуми наведуваат дека ПСЖ му дозволил да замине на […]

Рамос го нарече судијата копиле, сега се соочува со суспензија од седум натпревари


Франција – Серхио Рамос се соочува со долга суспензија поради навреда на судија. Триесет и шестгодишниот шпански дефанзивец на Пари Сен-Жермен, во првото полувреме од натпреварот во француската Лига 1 со Ремс (0:0) набрзина доби два жолти картона, што значеше автоматски црвен, поради расправии со судијата Пјер Желуст. Според „RMC Sport“, судијата својот извештај по натпреварот […]

Халанд недостапен за премиерлигашите, за другите клубови цената е 200 милиони евра од 2024 година


Англија – Објавени се деталите за договорот на Ерлинг Халанд со Манчестер сити. Од „Атлетик“ потврдуваат дека норвешкиот напаѓач ќе има ослободителна клаузула од 200 милиони евра од 2024 година. Оваа сума постепено ќе се намалува во текот на договорот. Воедно, клаузулата важи за сите клубови, освен за англиските. Исто така, се тврди дека клубот кој […]

Гризман официјално во Атлетико Мадрид до 2026


Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го формализираше денеска трансферот на францускиот репрезентативец Антоан Гризман до 2026 година. „Атлетико Мадрид и Барселона постигнаа договор за трансферот на Антоан Гризман, кој од летото 2021 година до денес игра за нашиот клуб како позајмен од Барса“, соопшти мадридскиот клуб. Во клупското соопштение се прецизира дека францускиот фудбалер потпишал нов […]

Алпинистки од Лисец-Штип се искачија на врвот Браитхорн


Друштвото на планинарски спортови Лисец – Штип, ја релизираше првата македонска женска експедиција на врвот Браитхорн на 4.164 мнв, на швајцарските Алпи. Подвигот се случи во петокот во 11:32 часот од следните членови: Вишна Шорова-Ангелова, Снежана Наковски, Бисера Димитрова, Билјана Спаскова, Кристина Сандева и Атанаска Ристова, со логистичка поддршка од: Трајче Алексов, Кирил Стојанов, Милорад […]

Македонските фудбалери квалификациите за ЕУРО 2024 ги отвораат против Малта


  Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес  го потврди распоредот на натпревари од квалификациската група-Ц за пласман на Европското првенство 2024 во Германија. Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на 23 март 2023 година на домашен терен против Малта. Во второто коло во Скопје ќе гостува Украина на 16 јуни, три дена подоцна (19 јуни) […]

Милевски: Ја добивме најтешката можна група


  Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски даде свое видување за денешната ждрепка за квалификациите за пласман на Европското фудбалско првенство во 2024 година. „Црвено-жолтите“ за ривали во Ц-групата ги добија: Англија, Италија, Украина и Малта. – Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме. […]