Голот на Јапонија „речиси ѝ пркоси на физиката“


 

Јапонија во четвртокот по четврти пат стигна до нокаут-фазата на Светскиот куп – за нешто што изгледаше како прашање на милиметри.

Заостанувајќи со 1-0 на полувремето, Јапонија направи извонреден кам-бек против Шпанија со два гола едноподруго во второто полувреме, шокирајќи го светскиот шампион од 2010 година за да обезбеди неверојатно место во осминафиналето на сметка на Германија.

Но вториот гол на Јапонија беше тема на жестока дебата после натпреварот, особено во врска со тоа дали топката ја мина гол линијата пред додавањето на Каору Митома до Ао Танака.

Голот на Танака првично беше поништен откако линискиот судија означи дека топката излегла од теренот.

Сепак, по прегледот на ВАР, голот беше признаен и Јапонија тргна кон историската победа.

Со тој резултат „Самураите“ беа први во групата, исход што не би го предвидел никој пред Светското првенство – пред Шпанија и Германија, која потклекна на турнирот и покрај победата од 4-2 против Костарика.

Некои останаа со недоверба зошто голот на Танака беше признаен.

„Во моментов 80 милиони Германци полудуваат, чекајќи слика што ќе покаже дека таа топка не излета од теренот “, рече поранешниот шкотски репрезентативец Грем Сунес, говорејќи како стручњак на ИТВ.

Исто така, говорејќи за ИТВ, поранешната англиска репрезентативка Ени Алуко рече дека нејзината непосредна реакција била дека топката излегла од игра.

Но, Меѓународниот одбор за фудбалска асоцијација (ИФАБ), кој ги опишува законите на играта, вели дека топката е надвор од игра само кога „целосно поминала преку гол линијата или линијата на допир на земја или во воздух“.

Во овој случај, се чини дека искривувањето на топката е проценето дека виси над гол линијата.

„Тој гол на Јапонија речиси ѝ пркоси на физиката. Неверојатно“, напиша американскиот фудбалски новинар Грант Вал на Твитер, додека другите корисници на социјалните мрежи објаснија како птичјата перспектива на топка во однос на гол линија нуди поинаква перспектива на другите агли на камерата.

Во два твита во петокот, ФИФА соопшти дека претставниците на ВАР „користеле слики од камерата од гол линијата за да проверат дали топката е сè уште делумно на линијата или не. Другите камери може да понудат погрешни слики, но според достапните докази, целата топка не беше надвор од теренот“.

Голот значи дека Јапонија ќе игра против Хрватска во нокаут фазата в понеделник, додека Шпанија ќе игра со Мароко во вторник. (Си-Ен-Ен)