СП2022: Групната фаза донесе 2,5 голови по натпревар, петмина со по три погодоци


По завршувањето на групната фаза на Светското првенство во Катар петмина играчи ја предводат листата на стрелци со по три голови – Алваро Мората (Шпанија), Килијан Мбапе (Франција), Маркус Рашфорд (Англија), Коди Гакпо (Холандија) и Енер Валенсија (Еквадор).

Најмногу голови и асистенции заедно запишаа Португалецот, Бруно Фернандеш (2 гола, 2 асистенции), Килијан Мбапе (3 голови и асистенција) и Алваро Мората (3 голови и асистенција).

Вкупно во првиот круг на Мундијалот 2022 се постигнати 120 голови, што е просек од 2,5 по натпревар.

Првиот гол на турнирот го постигна Еквадорецот, Енер Валенсија против Катар, додека најбрзиот гол досега на СП е дело на Канаѓанецот Алфонсо Дејвис, кој беше прецизен на дуелот против Хрватска во втората минута.