Јокиќ: Не победија, нè уништија и мораме да научиме од ова


Кошаркарите на Денвер Нагетс го доживеаја најтешкиот пораз во историјата на франшизата кога е во прашање НБА плеј-офот. Минесота Тимбервулвс го совлада тимот на Колорадо со 115:70 и со тоа го доби седмиот натпревар од полуфиналната серија. Никола Јокиќ мечот го заврши со 22 поени, девет скока и две асистенции. Сепак, најголем проблем на Денвер …

Јокиќ: Не победија, нè уништија и мораме да научиме од ова Read More »

Дешан ги избра „петлите“, големо изненадување во составот на Франција за ЕП 2024


 Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешан го објави списокот од 25 играчи за претстојното Европско првенство во Германија. Во тимот се враќа играчот на саудиски Ал-Итихад, Н’Голо Канте, кој последен пат играше за Франција во јуни 2022 година и го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година. Дешан избра 25 играчи кои ќе …

Дешан ги избра „петлите“, големо изненадување во составот на Франција за ЕП 2024 Read More »

Милан ги интензивира преговорите со Пауло Фонсека


Потрагата по нов тренер во Милан продолжува со полна сила. Шефовите на „росонерите“ ги интензивираа преговорите со Пауло Фонсека. Гигантите од Милано бараат замена за Стефано Пиоли кој ќе си замине по претстојната сезона. Првата опција на Милан беше Антонио Конте, а потоа и Марк Ван Бомел. Неодамна шефовите на Милан го контактирале и Серхио …

Милан ги интензивира преговорите со Пауло Фонсека Read More »

Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот


 Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го зазеде првото место во рејтингот на најплатените спортисти во светот според истражувањето на популарниот магазин „Форбс“, кое е направено за тековната 2024 година. Рангирањето може да се види на официјалната страница на магазинот и се заснова на пријавени приходи од договори, како во клубовите, така и од имиџ правата …

Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот Read More »

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“


Масимилијано Алегри стана најтрофејниот тренер во историјата на националниот куп. Јувентус синоќа ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „Олимпико“ во Рим.  Во ова натпреварување Алегри има пет трофеи. Тој ги надмина Роберто Манчини и Свен-Горан Ериксон, кои имаат по четири куп-титули. Договорот на тренерот со …

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“ Read More »

Премиерлигата ќе решава дали ќе го укине ВАР следната сезона


Клубовите од Премиер лигата ќе одржат многу важно гласање во однос на следната сезона во англиската елита, пренесе „Атлетик“. Станува збор за можно укинување на ВАР. На годишниот состанок на клубовите од Премиер лигата на 6 јуни, тие ќе треба да одлучат дали ВАР системот треба да продолжи да се користи во натпреварите во лигата …

Премиерлигата ќе решава дали ќе го укине ВАР следната сезона Read More »

Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата


 Кошаркарите на Пелистер остварија победа против Работнички со 88:80 на домашен терен и со 3:1 ја затворија полуфиналната плеј-оф серија во Првата македонска лига.  Домаќините постојано водеа во натпреварот, одржуваа солидна предност и на крајот заслужено го добија мечот пред домашна публика. Планиниќ беше најефикасен во составот на Пелистер со 23 поени и 13 скокови, …

Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата Read More »

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата


Рим-  Новак Ѓоковиќ беше на лекарски прегледи во Белград по ударот во глава на турнирот во Рим. Според изворот на „Република“, нема опасност по здравјето на 36-годишниот Србин. Прегледот не покажал никакви последици откако шишето удрило во главата на Ѓоковиќ. Инцидентот се случи на 10 мај кога Ѓоковиќ даваше автограми откако го победи Французинот Корентин …

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата Read More »

(Видео) Антисекс кревети во Олимпиското село во Париз


Светските медиуми објавија дека антисекас креветите пристигнале во Олимпиското село во Париз, каде што спортистите ќе спијат за време на Олимписките игри, кои се закажани за оваа година од 26 јули 2024 до недела, 11 август 2024 година. За 18.000 кревети во Олимпиското село бил користен рециклиран картон. Душеците се изработени од полиетилен, а по …

(Видео) Антисекс кревети во Олимпиското село во Париз Read More »

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде оценка за сезоната која е во завршница. Реал Мадрид синоќа во натпревар од 37. коло на Шпанското фудбалско првенство го победи Алавес со 5:0. – Тимот има многу таленти, многу млади луѓе и многу квалитетен тим. Овој клуб може да одбележи ера во иднина со оглед на вредноста …

Анчелоти: Ова беше мојата најдобра сезона како тренер Read More »

Семејството на Шумахер ја продаде неговата колекција часовници, заработија милиони


Часовниците што му припаѓаат на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, денеска беа продадени за околу 4 милиони швајцарски франци (4,41 милиони долари) на аукцијата на Кристи во Женева. Осум часовници, меѓу кои и Rolex часовниците, F.P. Journe и Audemars Piguet, беа ставени на продажба од семејството на Шумахер, кој не е виден во јавноста …

Семејството на Шумахер ја продаде неговата колекција часовници, заработија милиони Read More »

Нов подвиг на д-р Кедев, го искачи Лоце, досега освои десет од 14 највисоки врвови во светот


Познатиот македонски кардиолог и алпинист, д-р Сашко Кедев се искачи на Лоце (8.516 метри), четвртиот највисок врв во светот. Со овој подвиг, тој до сега освои десет од 14 највисоки врвови во светот, над 8.000 метри. Пред само десет дена д-р Кедев се искачи и на Макалу висок 8.463 метри. Следна цел на д-р Кедев …

Нов подвиг на д-р Кедев, го искачи Лоце, досега освои десет од 14 највисоки врвови во светот Read More »

Атлетико Мадрид подготвен да плати 12 милиони евра за Дибала


 Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, во текот на летниот преоден рок може да стане играч на еден од најдобрите клубови во шпанското првенство, Атлетико Мадрид, пренесува денеска Тодофихајес. Според истиот извор, Атлетико Мадрид е заинтересиран за потписот на 30-годишниот Аргентинец и е подготвен да плати 12 милиони евра, посочени како обесштетување во договорот за фудбалерот. …

Атлетико Мадрид подготвен да плати 12 милиони евра за Дибала Read More »

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ


Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс. Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата содржи ажурирани податоци …

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ Read More »

ЕУРО2024: Само капитените ќе добијат образложение за судиските одлуки


 Извршниот директор за судење на УЕФА, Италијанецот Роберто Росети, најави дека на претстојното Европско првенство во Германија, судиите ќе им ги објаснуваат сите клучни одлуки на капитените на националните тимови. „Идејата е едноставна, бараме сите тимови да се погрижат нивниот капитен да биде единствениот играч кој разговара со судијата. Ги замолуваме капитените да се погрижат …

ЕУРО2024: Само капитените ќе добијат образложение за судиските одлуки Read More »

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија


Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, како највисоко рангирани каратисти од Македонија, ќе се натпреваруваат на турнирот од светската младинска лига во Шпанија. Постарите јуниори (У21) и членови на скопски „Макпетрол“ во Ла Коруња ќе бидат предводени од тренерот Петар Заборски. Трајковски (-84 кг.) и Стојановиќ (+84 кг.) викендов се вратија од Европскиот Шампионат во Хрватска. …

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија Read More »

Оклахома израмни во серијата со Далас, Дончиќ постигна трипл-дабл


Оклахома утрово го совлада Далас со 100:96 во четвртиот натпревар од второто коло на плејофот во НБА лигата. Резултатот во серијата стана израмнет – 2:2. Најпродуктивен играч на средбата беше кошаркарот на Оклахома Сити Шаи Гилгеус-Александер, кој постигна 34 поени.  Лидерот на Маверикс, Лука Дончиќ постигна трипл-дабл од 18 поени, 13 скока и 10 асистенции, …

Оклахома израмни во серијата со Далас, Дончиќ постигна трипл-дабл Read More »

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД


Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната. Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес. „Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во …

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД Read More »

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони


Нион – Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. За Винчиќ ова е второ европско клупско финале, откако беше главен судија и во финалето во Лига Европа во 2020 година во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс. Винчиќ …

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони Read More »

Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал


Српската ракометна федерација денеска ќе испрати барање до Светската ракометна федерација (ИХФ) за специјална покана за учество на Мундијалот кој идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска. Српските ракометари вчера не успеаја да се пласираат на Светското првенство, бидејќи во реваншот од баражот во Нови Сад ја победија Шпанија со недоволни 25:22. …

Србија ќе бара вајлд-карта за ракометниот Мундијал Read More »