Мек Грегор прогласен виновен за силување


 Еден од најдобрите ММА борци Конор Мек Грегор денеска беше прогласен за виновен за силување жена во 2018 година и ќе мора да плати отштета од 250.000 евра, објави судот во Даблин. Триесетишестгодишниот Ирец беше обвинет за „брутално силување и претепување“ на Никита Ханд (35) во хотелска соба во Даблин во декември 2018 година. Тој […]

Маскерано нов тренер на Интер Мајами


Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и на аргентинската репрезентација Хавиер Маскерано ќе биде назначен за нов тренер на Интер Мајами, потврди вечерва американскиот клуб. Маскерано во моментов ја предводи младинската репрезентација на Аргентина, а според информациите, раководството на Интер Мајами веќе се договорил со 40-годишниот стратег и тој ќе потпише долгорочен договор. Маскерано е фаворизиран […]

Гвардиола по продолжување на договорот со Сити: Имам навистина посебно чувство за овој клуб


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој го продолжи договорот на чело на тимот за уште две сезони, изјави дека има посебни чувства кон овој фудбалски клуб. -Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство за овој клуб и затоа сум многу […]

Македонските кошаркари поразени од Литванија во евроквалификациите


Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025. Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар […]

Реал останува највреден фудбалски клуб во светот


Мадридски Реал трета година по ред ја предводи листата на највредни фудбалски екипи во светски рамки, покажува истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс. Според Форбс, вредноста на актуелниот европски првак се проценува на 6,6 милијарди долари. Веднаш зад Реал е Манчестер јунајтед чија вредност порасна на 6,5 милијарди долари, откако британскиот милијардер Џим Ретклиф годинава […]

Литванија трет противник на македонските кошаркари во квалификациите за ЕП 2025


 Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот „прозорец“ противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија. Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса. Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад […]

“Комити”: Миленко Неделковски не е достоен да биде директор на Вардар


Здружението за промоција на спортски активности 35 години Вардарци Скопје кое ги застапува навивачите на „црвено-црните“ Комити , побараа смена на актуелното раководство на ФК Вардар.Новиот сопственик на клубот Атила Бижен Жалили, за извршен директор на Вардар го назначи Миленко Неделковски, додека за неизвршни членови во раководството се именувани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче […]

Хамилтон ќе вози за Мерцедес на последните три трки во Формула 1


 Британскиот Ф1 возач, Луис Хамилтон ќе ги испочитува своите обврски кон неговиот сегашен тим Мерцедес и ќе вози на последните три старта според планираното – почнувајќи од Гран При на Лас Вегас овој викенд. Седумкратниот светски шампион ги зголеми сомнежите за неговата блиска иднина по зборовите упатени кон боксот на тимското радио на ГП на […]

Емотивно писмо на Федерер до Надал: „Секогаш навивам за тебе“


  Роџер Федерер објави долго писмо во кое му оддава почит на големиот ривал Рафаел Надал пред пензионирањето на Шпанецот, во кое вели: „Твојот стар пријател секогаш навива за тебе“. Надал ќе се збогува со тенисот на финалето на Дејвис купот во Малага оваа недела, а Шпанија ја започнува својата кампања против Холандија подоцна во […]

Николов: Против Литванија треба да изгинеме за секоја топка


 Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов најави максимално залагање на претстојните натпревари со Литванија во квалификациите за Евробаскет 2025. – Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Кога Димитријевиќ и Шортс кои играат во Евролигата […]

Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико


Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп би можел да го предводи Атлетико Мадрид. Според „Relevo“, раководството на „Душекџиите“ го избрало Клоп за приоритетен кандидат во случај на заминување на актуелниот тренер на тимот Диего Симеоне, кој го води Мадрид од 2011 година. Клоп летово го напушти Ливерпул. Германецот претходно ги тренираше Борусија Дортмунд и Мајнц. […]

Фернанда Масиел ја освои пирамидата Карстенс – сѐ поблиску до остварување на својот сон за „Седумте врвови“


Бразилската ултратркачка Фернанда Масиел уште еднаш ги редефинира границите на човечката издржливост поставувајќи го најбрзото познато време за искачување на највисокиот врв во Океанија, Пунчак Јаја во Индонезија. Таа го заврши рекордното искачување и спуштање за само 1 час и 48 минути. На 17 октомври оваа година, Масиел започна амбициозен предизвик – поставувајќи го најбрзото […]

Хамилтон: Колапинто настапува неверојатно, иако немаше можност да се подготвува за Ф1


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, е импресиониран од настапите на Франко Колапинто во болидот на Вилијамс на трките во Формула 1. – За некој кој е повикан да вози во Формула 1 во последен момент и веднаш фрлен да се бори во рингот, перформансите на Колапинто се едноставно неверојатни. На крајот на краиштата, повеќето од […]

Коњот на Сер Алекс Фергусон победи и освои милион долари, погледнете како реагираше Шкотланѓанецот


Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон оствари уште една голема победа, но овој пат на коњската патека каде неговиот коњ „Spirit Dancer“ втора година по ред триумфираше во Бахреин и освои милион долари. Коњот на Фергусон блесна во најдобро издание, иако овојпат беше аутсајдер, а легендарниот Шкотланѓанец не го криеше задоволството откако неговиот […]

Синер го победи Фриц во финалето на Завршниот АТП-турнир


Торино – Италијанецот Јаник Синер вечерва го победи Американецот Тејлор Фриц во мечот за трофејот на Завршниот АТП турнир во Торино. Во меч што траеше 1 час и 20 минути домашниот тенисер славеше во два сета, два пати со по 6:4. Првиот светски рекет сервира 14 аса и реализираше 2 од 6 брејк топки.  Американецот […]

Македонските фудбалери со уште една победа – заслужија почит


 Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Натпреварот го одлучи Бојан Миовски кој ја затресе противничката мрежа во 62. минута.  – Задоволен сум од епилогот на натпреварот и во групата. Целта ни беше првото место и ја остваривме. Тие одиграа одличен натпревар, беше […]

Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата


 Манчестер сити е во преговори за продолжување на договорот со напаѓачот Ерлинг Халанд. Според „Мирор“ раководството на Манчестер сити е подготвено да му понудат на 24-годишниот фудбалер двегодишен договор со плата од 500 илјади фунти неделно. Доколку Норвежанецот се согласи да го потпише договорот, тој ќе стане најплатениот фудбалер во Премиер лигата, пред соиграчот Кевин […]

Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално […]

Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации


 Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува настапите во групата од Ц-сегментот на Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ попладне од 15 часот гостува селекцијата на Фарски Острови.  Напаѓачот Александар Трајковски верува дека може да се продолжи победничката серија која трае четири натпревари.  – Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, […]

Пол го победи Мајк Тајсон на турнир во Тексас


Блогерот Џејк Пол победи во бокс меч со поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон. Тројцата судии гласаа во полза на Пол (80:72, 79:73, 79:73). Борбата се одржа на боксерска вечер во Арлингтон (Тексас, САД) и траеше осум рунди. За 27-годишниот Пол оваа победа беше 11. во професионалниот ринг, има и еден пораз.  […]