Ѓоковиќ е веќе опериран, Вимблдон го пропушта, Олимпијадата е неизвесна


  Новак Ѓоковиќ денеска е на операција на коленото. Српскиот тенисер го повреди менискусот на десната нога и затоа без борба во четвртфиналето се повлече од Ролан Гарос, но беше одлучено да преноќи, да замине на уште еден преглед, а потоа да донесе одлука дали ќе оди под нож. Тие прегледи, заедно со лекарската препорака, …

Ѓоковиќ е веќе опериран, Вимблдон го пропушта, Олимпијадата е неизвесна Read More »

Ролан Гарос заврши за Ѓоковиќ


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот. Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3. На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.

Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари


Раководството на македонскиот првак Еурофарм Пелистер одлучи да не ја продолжи соработката со седум ракометари на кои со завршувањето на сезоната им истекоа договорите со битолскиот клуб. Редовите на Еурофарм Пелистер, како што соопшти денеска клубот, ги напуштаат Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. „Клубот им …

Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари Read More »

Англија фаворит за титулата на ЕВРО2024, според ОПТА


Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство. Според ОПТА, англиската репрезентација е главен фаворит за европската титула со 19,9 проценти, пред Франција (19,1 отсто) и домаќинот Германија (12,4 отсто). Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија од 14 …

Англија фаворит за титулата на ЕВРО2024, според ОПТА Read More »

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале. По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и …

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето Read More »

Ѓоковиќ повторно направи подвиг и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вечерашната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите. Со вечерашната победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите. Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на …

Ѓоковиќ повторно направи подвиг и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите Read More »

Македонија убедливо поразена од Хрватска во пријателски натпревар


Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 3:0 (2:0) во пријателски натпревар одигран во Ријека. Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и не дозволи изненадувања, а Македонија немаше некоја посериозна шанса за гол. Во 10. минута Мајер со прекрасен гол од слободан удар го отвори резултатот. Истиот играч зголеми на 2:0 во …

Македонија убедливо поразена од Хрватска во пријателски натпревар Read More »

Реал Мадрид го објави трансферот на Килијан Мбапе


Реал Мадрид официјално објави дека големата ѕвезда на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе ќе биде фудбалер на 15-кратниот европски првак. 25-годишниот фудбалер пристигнува на слободен трансфер откако не сакаше да го продолжи договорот со парижаните, кој истекува на крајот на месецот. Според информациите, француската фудбалска суперѕвезда првично ќе го носи дресот со број …

Реал Мадрид го објави трансферот на Килијан Мбапе Read More »

Мареска и официјално нов менаџер на Челси


 Енцо Мареска и официјално беше назначен за менаџер на елитниот англиски тим Челси.  44-годишниот италијански стручњак потпиша петгодишен договор со лондончани и го замени Маурисио Покетино. -Да се ​​приклучам на Челзи, еден од најголемите клубови во светот, е сон за секој тренер. Со нетрпение очекувам да работам со одлична група играчи и персонал за да …

Мареска и официјално нов менаџер на Челси Read More »

Полицијата упадна на тренингот на Новак


Интересна ситуација е видена на тренингот на Новак Ѓоковиќ пред мечот со Франциск Серундола. Имено, додека Новак тренираше со репрезентативците и се подготвуваше за дуелот со Аргентинецот, обезбедувањето на турнирот неочекувано имаше полни раце работа. Еден од гледачите веројатно заборавил да си ја донесе чантата, па следела стандардната антитерористичка процедура. Полицијата и обезбедувањето морале да …

Полицијата упадна на тренингот на Новак Read More »

Со акцијата на Спорт Лајф – „Играј за повеќе“, играш за 100.000 денари


Новата акција на обложувалниците „Sport Life“ – „Играј за повеќе“, ќе се одвива од 1-ви јуни сè до 14 јули, во шест неделни етапи, со премија од 100.000 денари за секоја етапа. Премијата ќе ја освои играчот со највисок погоден коефициент на добитен тикет, уплатен со приложување на СЛ клуб картичката. За пресметка во неделните …

Со акцијата на Спорт Лајф – „Играј за повеќе“, играш за 100.000 денари Read More »

Мурињо пристигна со специјални сили во Истанбул


Жозе Мурињо денеска нешто по пладне допатува во Истанбул, каде вечерва се очекува да присуствува на промоција во Фенербахче. Трофејниот португалски тренер потпиша двегодишен договор со амбициозниот клуб, а доаѓањето на Мурињо одекна како бомба во светот на фудбалот. Навивачите на Фенербахче веќе го пречекаа Португалецот на аеродром, кој ги поздрави, а вечерва во 19 …

Мурињо пристигна со специјални сили во Истанбул Read More »

Романо објави еден од најголемите трансфери во историјата: Мбапе потпиша за Реал


„Килијан Мбапе во Реал Мадрид, Тргнуваме! Сите документи се потпишани, испечатени и комплетирани. Реал ја освои Лигата на шампионите, по што следната недела ќе објави дека Мбапе е нивни играч. Мбапе уште во февруари одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Од сега тој може да се смета за играч на Реал“. Вака познатиот новинар, Фабрицио …

Романо објави еден од најголемите трансфери во историјата: Мбапе потпиша за Реал Read More »

Дарио Ивановски победник на “Охрид трчат 2024“


Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Дарио полумаратонот го истрча за 1:10:01 часа, пред бугарските атлетичари , второпласираниот Михаил Валковски (1:14:00) односно третопласираниот Николај Николов (1:15:44). Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра …

Дарио Ивановски победник на “Охрид трчат 2024“ Read More »

Ролан Гарос: Во 3 часот по полноќ Ѓоковиќ извојува историска победа со неверојатен пресврт (видео)


Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0 за осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Почна Во саботата во 22:38 часот, а заврши во неделата во 3:06 часот. Тоа е досега најдоцна завршен меч на парискиот Грен слем. На Ролан Гарос никогаш не се играло после …

Ролан Гарос: Во 3 часот по полноќ Ѓоковиќ извојува историска победа со неверојатен пресврт (видео) Read More »

Реал со нов трофеј: Карвахал ги замолкна Германците, Винисиус „удри печат“


Фудбалерите на Реал Мадрид го бркаа својот 15-ти трофеј во Лигата на шампионите, по разочарувачкото прво полувреме, избраниците на Карло Анчелоти тргнаа многу порешително во вторите 45 минути од натпреварот. Борусија неколку пати се закани во текот на првиот дел, беше поблиску до водечкиот гол, но играчите од Кралскиот клуб го издржаа почетниот притисок на …

Реал со нов трофеј: Карвахал ги замолкна Германците, Винисиус „удри печат“ Read More »

Зверев победува во Париз, а во Берлин тече процесот за домашно насилство


  Судот во Берлин почна да ја разгледува жалбата на германскиот тенисер Александар Зверев за паричната казна што му беше изречена за наводен напад на својата девојка, обвинение кое тој го негира. Додека светскиот број 4 се натпреварува на Отвореното првенство на Франција во Париз, неговите адвокати се борат против неговиот случај на суд, откако …

Зверев победува во Париз, а во Берлин тече процесот за домашно насилство Read More »

Победникот во Лигата на шампионите ќе собере 20 милиони eвра


Во сабота на програма е финалето во Лигата на шампионите во кое силите ќе ги спротивстават екипите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Шпанскиот гигант ќе се бори за својот 15. трофеј на турнирот, додека „жолто-црните“ ќе се обидат да стигнат до честа за прв пат по 1997 година. Решавачкиот судир кој ќе даде одговори …

Победникот во Лигата на шампионите ќе собере 20 милиони eвра Read More »

Рекорден број учесници на „Охрид трчаТ“ – 2.200 натпреварувачи од 31 држава


На 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што ќе се одржи од денес до недела, учество ќе земат рекордни 2.200 натпреваривачи од 31 држава. Гостин на спортската манифестација ќе биде претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Ова беше истакнато на прес конференција на која беа соопштени деталите за годинешното издание на „Охрид трчаТ“. – …

Рекорден број учесници на „Охрид трчаТ“ – 2.200 натпреварувачи од 31 држава Read More »

Мурињо седнува на клупата на Фенербахче


Истанбул – Поранешниот фудбалски стратег Жозе Мурињо ќе седне на клупата на турскиот гигант Фенербахче, објави денеска италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио. Според изворот, назначувањето на 61-годишниот Португалец може да биде објавено уште денеска, а Мурињо ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб. Мурињо е без тренерски ангажман од јануари кога му беше врачен отказ во …

Мурињо седнува на клупата на Фенербахче Read More »