Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ


Нион – На денешната ждрепка во седиштето на Европската федерација во Нион беа извлечени двојките за плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Дербито е меѓу Манчестер Сити, актуелниот англиски шампион и освојувачот на трофејот во 2023 година, од една страна и шампионот на Ла Лига и рекордерот по број на европски титули – […]

Хрватска подобра од Франција за петто мундијалско финале


Загреб – Репрезентацијата на Хрватска синоќа во Загреб ја победи Франција со 31:28 во првото полуфинале на 29. Светско првенство во ракомет. Хрватите победата ја обезбедија во првото полувреме кое го добија со 18:11. Во вторите 30 минути, фаворизираните Французи најмногу што успеаја да направат е да се доближат до три негатива. За „коцкестите“ неделното […]

Нема да се субвенционираат екипите од трета лига во било кој спорт, најави министерот Ристовски


Нема да се даваат субвенции на екипите од Третата македонска фудбалска лига, а субвенции нема да добиваат и екипите од кој било друг спорт, истакна денеска министерот за спорт, Борко Ристовски, кој изврши увид во градежните работи на затворениот базен во Штип. Според него субвенционирањето на екипи во третата лига не е исплатливо, ниту пак […]

Историско полуфинале за Португалија на ракометниот Мундијал 2025


Репрезентацијата на Португалија вечерва во Осло ја победија Германија со 31:30 и се пласираа во полуфиналето на 29. Светско ракометно првенство. Натпреварот беше решен по дополнителни десет минути, откако основните 60 завршија нерешено 26:26. За Португалците пласманот помеѓу четирите најдобри е прв на едно големо натпреварување. Досега, ниту еднаш во историјата Португалија не учествувале во […]

Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона


Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, имаше инцидент на вториот ден од приватното тестирање во Барселона, објави „Моторспорт“. Според изворот, Британецот изгуби контрола и удри во оградата на патеката за време на утринската сесија. Хамилтон возеше модифицирана верзија на „Ferrari SF-23“ од 2023 година. Британецот не е повреден, додека болидот има оштетување на суспензијата […]

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на тениската кариера


  „Размислувам за пензија, повеќе за тоа како ќе изгледа отколку кога ќе се случи. Мислам дека ќе одлучам кога ќе губам почесто, кога ќе почувствувам дека повеќе не можам да се натпреварувам за најголемите трофеи“, изјави најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Победникот на рекордни 24 Грен слемови, даде големо интервју за магазинот GQ, каде […]

Од следната сезона ВАР системот и на македонските стадиони


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија. ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и […]

Франција со гол во последната секунда обезбеди полуфинале на СП 2025


Загреб – Со голот на Лука Карабатиќ постигнат пред самиот звук на сирената, репрезентацијата на Франција го победи Египет со 34:33, синоќа, во второто полуфинале на Светското ракометно првенство. Првото полувреме во „Арена Загреб“ помина во изедначена игра се до самиот финиш кога Франција направи предност од четири гола (18:14). На почетокот на вториот дел […]

Хрватска прв полуфиналист на ракометниот Мундијал


Загреб – Репрезентацијата на Хрватска избори полуфинале на Светското ракометно првенство, откако вечерва во Загреб ја совлада Унгарија со 31:30. Унгарците не успеаја да се радуваат на крајот и покрај водството со четири голови (29:25) на пет минути пред крајот.  Главаш со шест и Шипиќ со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот состав. Кај Унгарците, […]

Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино


Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, оди на позајмица во Торино. Клубот на Елмас, Лајпциг се согласил Македонецот во продолжение на сезоната да биде дел од Торино, јавија италијанските медиуми. Елмас имаше и понуда од Валенсија, но тој одбил да оди на „Местаља“ и да му биде соиграч на репрезентативниот македонски голман Столе Димитриевски. Дваесет и […]

Карате клубот „Макпетрол“ со 10 признанија на изборот за најдобри според КФМ за 2024 година


Карате федерацијата на Македонија (КФМ) ги избра најдобрите за 2024 година, а 10 од доделените признанија припаднаа на „Макпетрол“. На свечена промоција беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата 2024 година. Каратистите на скопскиот клуб и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категори на спортисти. Во највозрасните категории на […]

Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола


Реванш натпреварот од баражот за Светското ракометно првенство меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска ќе се одигра во Битола. Одлуката Битола да биде домаќин на претстојниот важен меѓународен наторевар и за пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија е донесена на иницијатива и апликација до Ракометната федерација на Македонија, […]

Австралија Опен го собори минатогодишниот рекорд на посетеност


Отвореното тениско првенство на Австралија постави нов рекорд на посетеност. Оваа година, во текот на три недели (вклучувајќи ги квалификациските и ревијалните натпревари), турнирот го посетија 1.218.831 гледачи – 108 илјади повеќе од 2024 година.  Во исто време, на натпреварите од главниот турнир присуствуваа 1.102.303 гледачи. На Грен слемот во Мелбурн во женска конкуренција победи […]

Саудиска Арабија подготвена да му плати на Винисиус милијарда евра


Мадрид – Претставници на Лигата на Саудиска Арабија се заинтересирани за трансфер на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, објави „AS“. Според шпанскиот медиум, раководството на лигата има намера да одработи евентуален трансфер на 24-годишниот Бразилец.  Клубот од Мадрид се очекува да добие околу 300 милиони евра за играчот, а играчот ќе заработи милијарда евра за […]

Ѓоковиќ ќе мора да паузира најмалку шест недели


Питер Ларкинс, познат доктор од Австралија, се изненадил кога видел со каква повреда Новак Ѓоковиќ успеал да го заврши мечот против Карлос Алкараз и да излезе на терен во полуфиналето против Александар Зверев. „Тоа е сериозна повреда. Не е крај на кариерата, но мислам дека е прилично неверојатно што тој дури успеа да одигра неколку […]

„Билд“ брутален кон Синер: Триумф со вкус на допинг


Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен, а триумфира и на два последователни грен-слем турнири откако беше најдобар и на УС Опен, но Италијанецот на себе носи тежина која фрла дамка на неговите успеси. Откако излезе информацијата дека Синер бил позитивен на допинг, а за тоа не доби суспензија бидејќи докажал дека ненамерно ја […]

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз


Членот на клубот „Макпетрол“, Петар Спасеновски, прикажа добри борби на Светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција. Тој беше близу до пласман во четвртфиналето. Спасеновски имаше одлична борба со Андриј Торашанко од Украина која заврши 2-2, а победата му избега на две секунди пред крајот. И во вториот настап, исто така, прикажа добра борба […]

Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен


Мелбурн – Јаник Синер владее со светскиот тенис и ја одбрани титулата од Гренд слем турнирот во Мелбурн откако победи во меч против Александар Зверев со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3). За Италијанецот ова е трет трофеј од ,,големата четворка”. Светскиот рекет број 1 докажа дека моментално е многу тешко да биде победен во финалиња на големите […]

Македонија поразена од Франција, но покажа дека може да се носи со најголемите


Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена со 32-25 (18-14) од Франција на последниот меч од главната фаза на Светското првенство. Со овој резултат Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот. До 5-5 бевме рамноправни со „триколорите“ кои потоа направија серија од 3-0, го […]

Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале


Унгарската ракометна репрезентација во последното коло од втората фаза на натпреварувањето ги совлада избраниците на Катар со 29:23 (12:12), со што заедно со францускиот тим се пласираа во четвртфиналето. Овој епилог ја растажи Македонија, која сега треба да игра против Франција без императив, а таква е и ситуацијата со нашиот вечерашен противник, кој досега не […]