По теди капути, новитет се теди штикли
Teddy материјал не ја напушти листата на најомилени, но и најтопли решенија за студените зимски денови во последните неколку години, па капутите како плишани мечиња најдоа свое место во гардеробите на многу трендсетерки. Модните куќи го вклучија во својата понуда, па италијанската модна куќа Макс Мара ја претстави својата празнична колекција полна со кадифени парчиња. …