СДСМ продолжува да бара оставка од Тошковски


  Опозициската СДСМ и денеска преку прес-конференција повика на оставка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за трагедијата во Карпош поради сериозните пропусти на МВР. „Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство.  Вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај […]

Кој за што, Лефков за Путин, Заев и Филипче


  ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува повеќедневната кампања започната пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО во Скопје, во која се обидува да каже дека СДСМ бил продолжение на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. За оваа бесмислена тирада на самобрукање и самопонижување е задолжен пратеникот Миле Лефков. „СДС на Заев и Филипче се продолжеток на […]

Сиљановска се запраша „колку вреди женскиот живот“, но не повика на одговорност за трагедијата во Карпош


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денска од собраниската говорници запраша „колку вреди женскиот живот“, рече дека е шокирана од бројките за семејното насилство, дека е потресена од „несфатливата смрт на Ивана и Катја“, но не побара директна одговорност од врвните луѓе на полицијата, од директорите за центрите за социјална работа или министри за трагедијата во скопската […]

На Глигоров му понудиле 100 милиони долари за промена на името. Тој одбил, открива ЦИА


  Грција во 1992 година му нудела на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров финансиска помош од 100 милиони долари за земјата во замена за промена на името на државата, но тој го одбил предлогот, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА, кој го пренесува македонската редакција на Дојче веле. „(…) и покрај големата […]

„Со брзање не се стигнува до целта“: Мал апетит во владите на ЕУ за нови членки без право на глас


  Амбасадорите од 27-те земји на ЕУ се повикани на брзо организирана вечера во Европскиот совет вечерва, каде што се очекува Бјорн Зајберт, десната рака на Урсула фон дер Лајен (кој е шеф на нејзиниот кабинет) да ги изложи најновите размислувања на Европската комисијата за реформата на проширувањето. Средбата се случува во време кога блокот […]

СДСМ бара итна оставка на Панче Тошковски по трагедијата во Карпош


  „Потфрли Панче Тошковски. Потфрли МВР. Потфрлија центрите за социјална работа. Потфрли целиот институционален систем“. Вака потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска објаснуваше зошто партијата бара за трагедијата во скопската општина Карпош, која ја потресе целата јавност, оставка да поднесе министерот за внатрешни работи Тошковски. „Оваа трагедија покажа сериози пропусти на институциите за заштита од […]

ЛДП: Уште колку смртни случаи треба за институциите да почнат да постапуваат по пријава


Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува сериозна загриженост за институционалната неодговорност и непреземањето на мерки за превенција и спречување на фемицидот и семејното насилство, се вели во соопштението од ЛДП.  „Немаме повеќе време за префрлање одговорност, ниту за административни изговори. Секое непостапување има последици и секое доцнење може да значи живот. Последниoт случај со смртта […]

Руте: Во НАТО никој не е сам, ќе ве браниме и вас!


  Никој не е сам во НАТО. Вашите сојузници и пријатели се со вас. Ќе ве браниме и вас и  сојузниците ако бидете вовлечени во кризата што ескалира деновиве на Блискиот Исток, беше пораката на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте за време на денешната посета на Македонија и по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.   […]

Филипче: Руте зборуваше во Собранието, членството во НАТО не е „предавство“


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, изрази жалење од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ во кои политиките на СДСМ за членството на Македонија во НАТО се оценуваат како предавнички. „Жалам што и во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ излезе со одредени квалификации, во кои политиките на Социјалдемократскиот сојуз во […]

Гаши и координаторите на посебна средба со Руте


  Во рамките на официјалната посета на Македонија, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, на која присуствуваа: координаторите и заменик-координаторите Никола Мицевски, Јованка Тренчевска, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски; шефот на собраниската делегација во ПС НАТО, Драган Ковачки и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. […]

Левица го дочека Руте со транспарент „НАТО убива“


Пратениците на Левица излегоа со транспарент „НАТО убива за профит“ додека генералниот секретар на организацијата, Марк Руте говореше во Собранието. Откако го покажаа транспарентот, по неколку секунди се тргнаа од пред говорницата. Руте погледна кон нив, но не го прочита транспарентот, туку продолжи со говорот. 

СДСМ му порачува на ВМРО-ДПМНЕ да го прашаат Руте кој ја внесе Македонија во НАТО


  Опозициската СДСМ денеска му порачаа на ВМРО-ДПМНЕ да го прашаат генералниот секретар на НАТО кој ја внесе Македонија во алијансата и се потсмева на тврдењата на владејачката партија. „Според ВМРО во НАТО сме примени затоа што таму некој така сакал, СДСМ бил сервилен. Предавничка политика е членството во НАТО? Тоа било распродажба на државните […]

ВМРО-ДПМНЕ ја поврза „Бела чао“ со Русија


  Песаната на италијанските партизани и неофицијалната химна на сиот слободарски свет – „Бела чао“, ВМРО-ДПМНЕ денеска на чуден начин ја поврза со Русија вадејќи го заборавениот случај на Украинецот Александар Онишченко токму пред посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за да го искритикува СДСМ. Втор ден по ред владајачката партија критикува зошто […]

(Во живо) Прес конференција на Руте и Сиљановска


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во прва посета на Македонија откако е на функцијата. Посетата се совпаѓа со ескалацијата на кризата на Блискиот Исток, која има влијание и на воената ситуација во Украина. По средбата во четири очи со претседателката Гордана Сиљановска Давкова тие излегоа на прес конференција.  

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена […]

Маринакис не потврдува посета на Мицотакис на Скопје


Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, не ги потврди информациите на грчкиот весник „Катимерини“ дека во кабинетот на Мицотакис „постои едно интересно размислување премиерот во следниот период да го посети Скопје“ по повод договорот за одново активирање на продуктоводот Солун […]

Премиерот „на гости“ во Крива Паланка – домаќинот непоканет


  Четири и пол километри пат од обиколницата во Крива Паланка, реконструиран последниве месеци, вчера беше пуштен официјално. Овој настан ги собра функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на едно место, но изостана домаќинот, односно градоначалникот на Општина […]

Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Иран, ОАЕ и Катар


Над 400 македонски граѓани чекаат евакуација од Блискиот Исток поради ескалацијата на воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Според најновите информации, се изработува план за безбедно извлекување на македонските државјани од Иран, додека за оние кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Катар, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. Министерството за […]

Мицкоски разговарал со претседателот на ОАЕ околу евакуацијата на наши граѓани


Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, во кој разговарале за актуелната безбедносна состојба и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Во разговорот, Мицкоски изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и упатил најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешните напади. Тој нагласил […]

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска


Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот казниво по член 359-а од Кривичниот законик. „Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен […]