Во Собранието заврши расправата за избор на новата влада, седницата продолжува утре напладне


Во Собранието вечерва заврши расправата за избор на новата влада. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, поединечните предлог-имиња во новата влада се доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува, а од владејачките партии, пак, сметаат дека се реализирани сите ветувања. Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре во 12 […]

Навреди од ВМРО-ДПМНЕ кон малите партии во новата влада


  На денешната расправа во Собранието за избор на Влада на РСМ,  дојде до вербален дуел меѓу пратеници од малите политички партии и од ВМРО-ДПМНЕ, кои на ваков начин сакаат да ги натераат да откажат поддршка на новата влада. Повод беше обраќањето на пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој  посочи на неколку […]

За Гордана Силјановска биографиите на новите министри се како флаери


Пратеничката Гордана Силјановска- Давкова на денешната седница на Собранието го оспори легитимитетот на новата влада поради поразот на локалните избори, и поради фактот дека премиерот Зоран Заев не се повлеков од здравствени или други причини, туку поради изборен неуспех. Второ, како што посочи, кога се конституирала владата, дел од неа беше и партијата БЕСА, сега […]

Лазаров: Бизнисмените не им веруваат на историчарите кои зборуваат полувистини


Трговската размена со Бугарија ни оди одлично и се очекува во следните месеци да надмине и 700 милиони евра. Но, како што вели претседателот на македонско – бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77 ни недостасува инфраструктура за оваа размена да стане уште подобра и поуспешна. „Имајќи ја во предвид […]

За Николоски малите партии се понижувале самите себеси


  Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во расправата за изборот на новата влада ги нападна помалите партии кои ја поддржуваат владата обвинувајќи дека се понижувале самите себеси. Тој посебно ги наведе ДОМ, ЛДП, ВМРО-Народна, ДС, ДПТ и рече дека тие биле во владата само поради две работи: или биле уценети или биле криминализирани па немале […]

Ковачевски: Одлука за зголемување на пензиите меѓу првите одлуки на Владата 


Зголемување на пензиите ќе биде една од првите одлуки на новата влада, најави претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски во своето експозе на денешната собраниска седница.   -Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми. За таа цел, една од првите мерки […]

Ковачевски: Клучна цел ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст, приоритет заштита на стандардот


Мандатарот за нов премиер Димитар Ковачевски во воведнот експозе пред пратениците во Собранието истакна дека клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со забрзување на стапките на економски раст на среден рок од 2,5 отсто, на 5 отсто просечен раст, притоа […]

Царовска: Покажавме дека промени се возможни, продолжувам да се борам за еднаквоста, правата и интересите на децата, младите и жените


И по заминувањето од функциите продолжувам да сум на страната на граѓаните, бидејќи верувам дека тие се единствените кои имаат моќ да ги менуваат работите на подобро. Продолжувам силно да се борам за граѓанските вредности, за еднаквоста, за интересите и правата на децата, младите и жените. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила […]

Бугарскиот премиер во вторник во посета на Северна Македонија


Премиерот на Бугарија Кирил Петков на 18 јануари ќе допатува во официјална посета на Скопје, Република Северна Македонија. Во бугарската делегација се министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски Николај Сибев и потпретседателот на Народното собрание Кристијан Вигенин. Пеков требаше претходно да допатува во посета на Северна Македонија, но таа беше […]

Пратениците бираат нова влада, кој е кој во тимот на Ковачевски


Во Собранието денеска во 11 часот треба да почне 60-та седница, со единствена точка на дневен ред Избор на Влада на Република Северна Македонија. Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден […]

Димитров: Воопшто не молчев, додека бев во Владата битката ја водев внатре


Вицепремиерот за европски прашања во заминување Никола Димитров воопшто не се кае за искажаните ставови на прес-конференцијата од пред два дена и, како што вели воопшто не молчел, ни додека бил во Владата. -Не се каам и воопшто не молчев, ни додека бев во Владата. Не бев толку отворен, затоа што битката ја водев внатре, […]

Бомгартнер: Ќе правиме сè за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ


Најмногу сакаме да бидеме корисни и да направиме сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија. Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот на Франција […]

Антикорупција со иницијативи да се „среди“ Изборниот законик и да се измени и дополни Законот за вештачење


 Има сомнежи дека градоначалникот на Шуто Оризари, како и за претседателот на Советот на општината, користеле службено возило за лични и приватни потреби, односно за потребите за предизборната кампања за Локалните избори 2021 година, беше констатирано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој го образложи […]

Маричиќ: Посетата на бугарскиот премиер е одлична можност за нова динамика во преговарачкиот процес


Фактот што од двете страни на границата имаме нови влади, дава нова енергија и нова шанса за позитивно разрешување врз база на научените лекции од досегашниот преговарачки процес со Бугарија, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој во новата Влада треба го води Секретаријатот за европски прашања. Во однос на спорот со Бугарија, Маричиќ вели […]

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје


 Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се […]

Малите партии бараат во најкус рок пленарна седница за измените на Изборниот законик


Малите политички партии бараат во најкус можен рок да се закаже пленарна седница и да почне расправата за измените на Изборниот законик. Доставиле и писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Бараат една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг. Во писмото упатено до претседателот на Собранието потсетуваат дека Предлог-законот за измени на Изборниот законик […]

Пендаровски ја одложи средбата со претставниците на Македонците во Бугарија. Причина – пандемијата


  Во очигледен обид да не се напрегне ситуацијата пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков идната недела на Скопје, претседателот Стево Пендаровски ја одложи на неодредено време средбата со претставниците на здруженијата на Македонците од Бугарија. Причината за одложувањето била пандемијата на корона вирусот. Иако, на пример, пандемијата не беше причина за да се […]

Мицкоски бараше дуели со Заев, сега поставува услови за средба со Ковачевски


  Во македонската политика често има обид од една капка да се направи бура. Така и со последната изјава на мандатарот Димитар Ковачевски дадена во интервјуто за Телма, дека по изборот на новата влада ќе упати покана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за средба. На неа, според зборовите на Ковачевски, би се разговарало за […]

Бомгартнер: Нема рок за преговорите со Македонија


Амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, при откривањето на приоритетите на Франција за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, рече дека Франција ќе има конструктивен пристап во овој поглед. „Во однос на проширувањето и членството на Република Северна Македонија, за оваа тема нема […]

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски


Мандатарот Димитар Ковачевски, при неговото последно обраќање кон јавноста најави дека има намера да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ковачевски истакна дека со лидерот на опозицијата би сакал да разговара за сите отворени прашања. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè […]