Пендаровски ќе се сретне со Македонците од Бугарија


На барање на ОМО „Илинден Пирин“ од Бугарија, претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе прими нејзини претставници на средба, но датумот и терминот уште не се договорени. Нема најавена цел на посетата, ни теми на дискусија, ниту пак број на посетители – претставници на оваа организација кои ќе дојдат кај Пендаровски. ОМО „Илинден Пирин“ е само […]

Ескобар ги повика лидерите од регионот да работат на помирување


Специјалниот пратеник на американската администрација за Западен Балкан, Габриел Ескобар ги повика лидерите во регионот да се фокусираат на мултиетничкото помирување. Тој рече и дека Отворен Балкан е позитивна иницијатива, но оти треба да ги вклучи сите земји, бидејќи практично не функционира без сите земји од регионот. Во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка, Ескобар […]

Владата на Ковачевски ќе брои 21 член


Новата Влада што треба да ја предводи Димитар Ковачевски ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе – министер без ресор, место што и припадна на Алтернатива. Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и Зоран Заев. Никола […]

Приоритите на француското претседателство со ЕУ пред Националниот совет за евроинтеграции


Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието ќе ја одржи шестата седница. Единствена точка на дневен ред е презентација на Програмата и приоритетите на Француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година, од страна на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер.

Ковачевски: Димитров е незадоволен зашто не влезе во Владата


Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски по денешната прес-конференцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. „Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на […]

Николоски смета дека се води капитулантска политика кон Бугарија


Тоа што го видовме денес од изјавата Димитров, јасно покажува дека СДСМ и Владата имаат јасна намера да направат национално предавство во однос на Бугарија и тоа е нешто што загрижува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Велес, при што додаде дека Македонија има изгласана Резолуција и […]

Бугарија ќе субвенционира двојно повеќе студенти од Македонија


Двојно зголемени се државните субвенционирани места за прием на студенти од Северна Македонија во бугарските високообразовни институции – од 150 на 300. До пет студенти ќе можат да ги продолжат докторските студии како редовни. Ова денеска го одлучи бугарската влада со измена на уредбата за прием.Потребните дополнителни 530 илјади лева ќе се обезбедат од државниот […]

САД работат со Франција да почнат преговорите со Македонија, вели Ескобар


  Заменик-помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Гласот на Америка на македонски, рече дека зборувал со Франција за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија, и оти верува дека може да се постигне договор за кусо време. „Веќе зборувавме со Франција. Ставивме јасно до знаење дека ние веруваме […]

Османи му врати на Димитров: Обвинувањата се непродуктивни и нефер


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи возврати на обвинувањата на вицепремиерот Никола Димитров дека ги води преговорите со Бугарија со намера да постигне договор по секоја цена, поради што се разишол со него и не му верува. Притоа Османи оцени дека обвинувањата на Димитров се непродуктивни и нефер и го повика да покаже повеќе доблест. […]

И Артан Груби му возврати на Димитров: На крајот од мандатот кажа дека не му верувал на Османи


  Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби вели дека граѓаните немаат никаква основа за загриженост во однос на преговорите што со Бугарија ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи. Секој договор што евентуално би бил постигнат, нагласува, треба да биде претставен и прифатен од граѓаните. Ние, додава, се солидаризираме со нашите […]

Реакција на Заев: Димитров се согласи со македонските позиции


Кабинетот на премиерот Зоран Заев ги отфрли денешните наводи на вицепремиерот Никола Димитров во однос на преговорите со Бугарија, наведувајќи дека со македонските позиции се согласил и самиот тој. И дека тоа се „неточни и шпекулативни јавни манифестации“. Еве го соопштението од кабинетот на Заев: „Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени […]

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да не глуми генерал по војна


  Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне, порачаа денес од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на вицепремиерот Никола Димитров на која рече дека не се повлекол сам од функцијата туку не го вклучиле во новата влада бидејќи се разишол во ставовите за спорот со Бугарија. . „Сфаќаме […]

Шекеринска – Брнз: Северна Македонија и САД  испишаа историја


Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји. Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол […]

Никола Димитров: Не се повлеков сам


  Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија. Тој нагласува дека нечиј интерес и во земјата и надвор од неа е тој да не биде […]

Прванов се чуди како исчезнала историјата од заклучокот на Советот за безбедност


Темата за заедничката историја со Македонија тивко и молкум беше исфрлена заклучокот на документот усвоен од бугарскиот Консултативниот совет за национална безбедност, вели во интервју за БНТ Георги Прванов, кој беше претседател на Бугарија во периодот 2002-2012 година. Тој го опиша постигнатиот консензус на Советот како позитивен знак за бугарското општество, но вели дека во усвоените […]

Мета: Македонија и Албанија исполнија се, на ред е ЕУ


Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги почнат преговорите за членство во Унијата зашто и Северна Македонија и Албанија досега исполнија се што од нив беше побарано. Сега на […]

Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка седница на 25 јануари во Софија


  Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков, која е потврдена за 18 и 19 јануари, нема да биде само форма туку треба да преставува пресврт во спорот меѓу Македонија и Бугарија. Како што се дознава неофицијално, таа ќе биде главна подготовка на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи веќе на […]

Секој шести Бугарин има роднини во Македонија


  Речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Македонија  треба да стане членка на Европската Унија, покажуваат резултатите од анкетата што вечерва ја објави Бугарската национална телевизија (БНТ). Ова е одговор на прашањето – каков е принципиелниот интерес на Бугарија за членството на РСМ во ЕУ, ако се остават настрана спорните прашања. 60,9 отсто […]

Кирил Петков за Македонија: „Заедно можеме повеќе, доаѓам во јануари“


  Бугарскиот премиер Кирил Петков од изолација, со видео порака, најави дека неговата одложена посета на Скопје ќе се оствари во јануари. Петков рече дека ќе дојде во Скопје „за да покаже оти преку конструктивен дијалог можеме да направиме многу повеќе од она што се случи во последните години“. Петков е во изолација по контакт […]

Бучковски: Дадов сè од себе да не замре дијалогот со Бугарија


Експремиерот Владо Бучковски се надева дека со неговиот ангажман изминатите 13 месец како специјален владин претставник за Бугарија дал свој придонес за односите помеѓу двете земји и дека тој придонес ќе биде од значење за понатамошниот дијалог помеѓу новите влади во Скопје и Софија којшто ќе се води со нова енергија и нова методологија. Во изјава по неговото разрешување на денешната владина седница, […]