Ковачевски и членовите на Владата на прием кај Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими премиерот  Димитар Ковачевски и членовите на Владата. Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ […]

Петков : Да ги засукаме ракавите и да работиме заедно


Со еден конструктивен дијалог да одиме напред затоа што за мене добрососедството е од огромна важност за Бугарија, за Република Северна Македонија и за целиот балкански регион, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за МИА во пресрет на неговата утрешна посета на Скопје. – Навистина верувам дека колку повеќе работиме заедно, колку поголема поврзаност […]

Ковачевски ја презеде од Заев премиерската функција


Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово во ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата. Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината […]

Ковачевски ќе ја преземе од Заев премиерската функција


Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се изврши примопредавање на функцијата и кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Во експозето пред пратениците Ковачевски рече дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Тој посочи дека не се […]

Германската министерка за Европа, Ана Лирман во посета на Македонија


Министерката за Европа при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со […]

Кој е кој во новата Влада


  Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива. Во продолжение следуваат куси биографии на премиерот Ковачевски и […]

Избрана владата на Димитар Ковачевски, тој ја повика опозицијата на соработка


  По дводневна дебата, во која немаше толку жестоки настапи како во претходните вакви случаи, Собранието вечерва ја избра новата македонска влада, чиј премиер е Димитар Ковачевски, а во која освен СДСМ заедно со коалицијата околу него и ДУИ, влезе и Алтернатива. За новата влада гласаа 62 пратеници, а против 46. Немаше воздржани. Пред гласањето […]

Милошоски ја искритикува власта за амбасадорите што тој ги блокира


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, на расправата за изборот на новата влада ја критикуваше надворешната политика на претходната и притоа ја обвини дека е единствена во историјата на Македонија во чие време четири години нема амбасадор во најважната дестинација – Вашингтон. Инаку, голем број на амбасади стоеја или се уште стојат празни со години токму […]

Селотејп коалиција, памфлет програма, биографии како флаери…


Селотејп коалиција, програма памфлет, биографии како флаери…Ова се некои од описите што ги употребија пратениците на  опозицијата натпреварувајќи се кој повеќе и на поинвентивен начин ќе го издевалвира новиот владин кабинет за кој треба да се гласа вечерва, место да се спротивстават со аргументација за предложените политики или кадри. И попладнево се верглаше истата теза, […]

Бучковски: Ниту еден македонски Бугарин не сигнализирал дека е дискриминиран


Во програмата „Зборувај сега“ на БНТ, поранешниот преговарач на македонската Влада Владо Бучковски коментира дека сè уште верува дека клучот за напредок меѓу Бугарија и Северна Македонија е договорот од 2017 година. Според Бучковски, изјаснувањето на претходниот бугарски парламент предизвикало проблеми во односите меѓу двете земји.  Во однос на инфраструктурата, според Бучковски, Македонија има направено […]

Како Силјановска-Давкова си го нарушува легитимитетот со тврдењата за владиниот легитимитет


  Има или нема предложената влада на Димитар Ковачевски легитимитет во Собранието е едно од клучните прашања за кои пратениците на опозицијита и власта дебатираат викендов во Собранието. Од политичка гледна точка за стекнување предност во тоа нема ништо невообичаено, ниту лошо. Прашањето е како тие ставови ќе се претстават и поткрепат. Несомнениот уставен експерт, […]

Петков за БТВ: Во Бугарија нема македонско малцинство


Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури […]

Меџити нема да гласа за новата влада


  Пратеникот од ДУИ, Изет Меџити, е надвор од земјата и нема да гласа за новата влада на Димитар Ковачевски.    Претходно Меџити се спротивстави на изборот на експремиерот Зоран Заев и неговиот лидер Али Ахмети во владата на Заев дека за министри се предложени Артан Груби и Бујар Османи, но тогаш по разговор со лидерот […]

Велковски во Собранието: Словенија и Црна Гора се позадолжени од нас


ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за висината на јавниот долг, за реализација на домашните капитални и странските директни инвестции, порача во реплика пратеникот од СДСМ, Диме Велковски.  „Анализата на јавниот долг изработена од Парламентарната буџетска канцеларија вели дека јавниот долг не е над Мастришкиот договор, туку тој изнесува 59,3 осто. За споредба Словенија има 84 […]

Во Собранието втор ден расправа, до полноќ треба да се гласа за избор на новата влада


 Спротивставени мислења делат пратениците од опозицијата и од владејачките партии и на денешната расправа во Собранието за избор на новата влада. Според опозицијата, владините кадри се докажани само по својата корумпираност и непрофесионалност, а народот е уморен од ниски плати, високи давачки и погубни политки. Владејачките партии, пак, остануваат на ставот дека оваа влада го […]

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, утре во Македонија


  Еден ден пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје германската министерка за Европа, Ана Лирман, ќе има разговори со македонското раководство. Посетата доаѓа и десетина часа по изборот на новата влада. Лирман пред еден месец, само неколку дена по изборот на новата германска влада, имаше средба со вицепремиерот за европски интеграции Никола […]

Апасиев ја обвини ДУИ дека води башибозук-демократија


  Редица обвинувања за либанизација на Македонија, рамковна тиранија на малцинството во државата и потценување на сите кандидати за министри (освен Никола Тупанчевски) изнесе Димитар Апасиев од Левица при расправата за новата влада. Тој го праша мандатарот Димитар Ковачевски зошто останал Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, а при тоа ги наведе Славјанка Арсовска (иден […]

Бугарскиот амбасадор во САД ги игнорира конгресмените околу Македонија


  Бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев се` уште не одговорил на писмото што 13 американски конгресмени му го испратија во ноември минатата година, а со кое ја повикаа Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Една од потписничките на писмото, републиканската конгресменка од Њујорк Клаудија Тени, […]

Петков: Не доаѓам со никаков анекс на Договорот, туку со подготвеност за нов почеток


  Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој во вторник пристигнува во земјава на средби со новата Влада, вели дека со себе не носи никаков анекс на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, туку доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за еден нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон […]

Денеска Македонија добива нова влада


Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Фокусот на новата влада, како […]