Порака на Фон дер Лајен од Софија: „Време е Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“

„Во овие тешки времиња важно е да ги исполниме нашите ветувања кон партнерите и пријателите“, рече Лајен на прес-конференцијата со премиерот Петков


Урсула фон дер Лајен и Кирил Петков

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Софија поздравувајќи ја Бугарија за поддршката што ја дава во однос на добрососедските односи порача дека е време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ. И дека ЕУ мора да го о„одржи ветувањето во овие тешки времиња“.

„Би сакала да ве потсетам дека во 2020 година Европскиот совет донесе многу важна одлука да каже дека сега е време и ги започнуваме преговорите за пристапување на Бугарија и Северна Македонија. Важно е да ја спроведеме заедно. Прашањето заштитата на малцинствата е основна вредност на Европската унија.

Затоа е важно да го одржиме ветувањето во овие тешки моменти. Ова време е многу посебно, многу тешко, многу турбулентно и ќе ја одреди иднината на Европа. Ништо нема да биде исто како пред војната. По војната ќе биде различно“, рече Лајен на прес-конференцијата со бугарскиот премиер Кирил Петков.

Лајен уште додаде дека смета на Бугарија во исполнувањето на ветувањата:

„Мораме да ги исполниме нашите ветувања кон нашите партнери, пријатели. Затоа се потпирам на Бугарија, вешто да го води процесот, знам дека можете да го направите тоа“, рече таа.

Во заднината на оваа посета продолжи разногласието меѓу двата партнери во владата, Има таков народ и „продолжуваме со промената“ на темата Македонија. Откако лидерот на ИТН, Слави Трифонов, вчера на Фејсбук објави дека премиерот Петков „некаде во темница“ сакал преговорите на Македонија со ЕУ да почнат до крајот на јуни „без никакви правни гаранции за правата на Бугарите. во оваа земја“, денеска пратениците од неговата партија ги поддржаа тие ставови.

„Господинот Трифонов беше крајно јасен во тоа што го кажа. Има работи кои се натпартиски и не подлежат на никакви договори. Без разлика кој е премиер, која политичка формација мисли дека може сам да владее во вакви случаи, Бугарија не се продава“, коментираше пратеникот Станислав Балабанов. Според него, отсега внимателно треба да се следат постапките на премиерот Кирил Петков. Сепак, пратеникот го отфрли прашањето дали партијата ќе ја напушти коалицијата доколку Бугарија го укине ветото за Македонија, додавајќи дека прво мора да се видат позициите на оние кои носат политички одлуки.

„Продолжуваме со промената“ ги отфрли шпекулациите за „заткулисните разговори“. Претседателот на најголемата пратеничка група Андреј Ѓуров рече дека нема заткулисни туку интензивни консултации од национален интерес.

Има таков народ и „Продолжуваме со промената“ се под зголемени меѓусебни тензии последниве недели. Прво, двајцата партнери во четиричлената коалиција покренаа две различни номинации за гувернер на Бугарската народна банка, што доведе до директни јавни напади меѓу нив, а потоа вербалните препукувања се надоврза за блокадата на Македонија.

Урсула фон дер Лајен денеска е во Софија за да даде зелено светло за конечно одобрување на бугарскиот план за закрепнување и одржливост. (Н.В.)