Поддршката за членство во ЕУ падна под 50 отсто


  Ставот на граѓаните дека „влезот во ЕУ е добра работа“ падна под 50 отсто и тој сега изнесува 49 проценти, покажа редовната анкета „Еврометар“ на „Евротинк“. Тоа е драматичнен пораст на евроскептицизмот (за 20 отсто) во Македонија во однос на анкетата на „Евротинк“ од претходната година. Резултатот од анкетата спроведена во декември од „Брима“ […]

Советот на Европа утврди дека нема дискриминација врз Бугарите кај нас


По долга и жолчна расправа во Стразбур, Комитетот на министри на Советот на Европа на денешната седница ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.     Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, […]

Ковачевски се сретна со канадскиот специјален пратеник за ЕУ


Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската унија и амбасадор на Канада во Франција и Монако. На состанокот е изразена јасна поддршка за правецот во којшто се развива нашата држава и очекување дека Македонија ќе продолжи со натамошните чекори во евроинтеграциите, по членството во […]

Ѓоргиев: Има сценарио за нарушување на односите меѓу Бугарија и Македонија


  Последните случувања во македонско–бугарските односи влијаат и на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, смета нејзиниот копретседател Драги Ѓоргиев. Тој вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.   „Не може […]

Напаѓачите на Македонскиот клуб во Благоевград биле општински службеници


  Двајцата мажи приведени од страна на бугарската полиција поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата вечерта, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“, додека двете жени лишени од слобода заедно со нив се нивни сопруги, објави „24 Часа“. Во изјава за весникот, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека […]

Има добар прогрес за влегување на Алијансата во Владата


  Изминативе денови има добар прогрес во преговорите со Алијансата за Албанците во делот на програмските определби и кадровското екипирање, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата посветена на стратешкиот дијалог со САД. „Разговорите се водат во навистина добар дух и во атмосфера на постигнување на договор со цел државата да има мнозинство […]

Приведени вандалите што го нападнаа македонскиот клуб во Благоевград


  Приведени се вандалите кои го искршија стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.   Приведените целосно ја признале одговорноста за кршењето, објави бугарската телевизија НОВА. Уапсени се четворица, од кои двајца мажи и две жени, дознава репортерот на весникот „24 Часа“. Стаклото на македонскиот клуб беше искршено вечерта на 4 февруари, кога се одбележуваше денот […]

Ковачевски не се меша во одлуката на Софија да го згрижи Пендиков


  На 4 февруари беа спроведени сите процедури и одлуки согласно закон за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев, оцени премиерот Димитар Ковачевски околу информацијата дека официјална Софија објави дека ќе му даде стан, обезбедување и пари на Христијан Пендиков, бидејќи бил загрозен кај нас. „Што се однесува до правата на  кој било граѓанин […]

Владата усвои план за стратешкиот дијалог со САД


Владата на Македонија денеска го усвои планот на активности што произлегуваат од стратегискиот дијалог со САД.  Премиерот Димитар Ковачевски порача дека со овој план ја надградуваме досегашната соработка и партнерство со САД , посочувајќи дека предизвиците не се тешки толку кога имаме пријатели и партнери. Како што информираа Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи,  […]

(Видео) Прес на Ковачевски и на Османи


Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе го презентираат усвоениот План за активности во рамки на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.    

ЕУ ги повика Софија и Скопје да избегнат непотребни тензии


  Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, соопшти Европската комисија, пренесува бугарската телевизија БНТ. Брисел не ги коментира тензиите на границите за време на викендот, велејќи дека не ги коментира тековните истраги или правните постапки. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. „Во овој контекст, […]

Христијан Пендиков ќе добие од Бугарија стан и пари за живеење


  Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец, кој беше на лечење во Софија од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија. Тоа денеска го соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, […]

Чешкиот министер Липавски се надева дека ќе ги направиме уставните измени


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа средба и прес-конференција со неговиот чешки колега Јан Липавски, кој е во официјална посета на земјава. На средбата беше истакната континуираната поддршка од Чешка Република за патот на земјава кон Европската унија, а беа потврдени и зајакнатите билатерални односи, како и економската соработка.  „Важен аспект на […]

Османи ја повика Бугарија да стават крај на меѓусебните обвинувања


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи,  ја повика денес владата во Бугарија да прифати рака на помирување, односно заедно со властите во Македонија да стават крај на кругот на меѓусебни обвинувања  напуштајќи ја оваа пинг-понг дипломатија што е присутна сега.  „Имавме долго соопштение од МНР вчера во коешто ги коментиравме сите аспекти од случувањата. […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија


ВМРО-ДПМНЕ работи на тензии и нарушување на односите со Бугарија заради попречување на европскиот пат, возврати денес СДСМ, по неколкудневните повици од опозицијата да се спречи бугаризација на чествувањето на Гоце Делчев и тврдења, наспроти тоа, дека односите со соседната земја никогаш не биле полоши од сега.   -ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, заложниците на Димитар Апасиев […]

САД ја поздравија деескализацијата на реториката со Бугарија


  САД ги поздравуваат напорите на лидерите на Бугарија и на Северна Македонија за деескалција на реториката и за тоа што охрабрија достојно чествување во Скопје на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се вели во изјавата на Стејт департментот дадена денеска на барање на МИА.   На прашање од МИА дали САД сметаат дека […]

Министерот за надворешни работи на Чешка Јан Липавски во посета на Македонија


​Министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски, денес ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.    Во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конзистентната чешка поддршка на тој план, нашето претседавање со ОБСЕ во […]

Македонија не провоцирала, туку направила грешка, вели Донев


  Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели. Донев, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се […]

Мицевски: Нема пазар со уставобранителите за уставни измени


Пазар со уставобранителите и осудените за 27 април со уставните измени нема да има, тоа не го сакаат ни тие. Од она што го имаме како информации и од адвокатите со кои зборуваме, не сакаат на крај на денот да ги третираат како терористи, затоа е и овој Закон за амнестија, за да се исправи […]

Во Бугарија растат повиците за смирување на тензиите


  Во Бугарија се зголемуваат гласовите за смирување на напрегнатоста во односите со македонија, како и осуда на провокативните изјави на тамошните политичари. Утринава за тоа зборуваше поранешниот заменик-министер за надворешни работи, Љубомир Ќучуков, а вчера и поранешниот министер за надворешни работи, Ивајло Калфин Во разговорот за Бугарското радио Калфин рече дека ситуацијата во бугарско-македонските […]