Тројца амбасадори ќе ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика


Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која тројцата новоименувани амбасадори на земјава за Словенија, Шпанија и Швајцарија ќе ги претстават платформите за нивната дипломатска активност.

Како што информира собраниската прес-служба, пред Комисијата ќе се претстават Горан Милевски, кој е именуван за амбасадор во Словенија, Едмонд Адеми во Шпанија и Реџеп Демири во Швајцарија.

На дневен ред на седницата на оваа собраниска Комисија се уште две точки – Предлог на законот за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина и Предлог на законот за ратификација на Протоколот 16 кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.