Тупанчески: Некој функционер искористил дискреционо овластување за да дозволи предвреме правосуден испит
Министерот за правда Никола Тупанчески денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите дека синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, положил правосуден испит пред да заврши факултет, истакна дека дефинитивно некој функционер го искористил дискреционото право, потенцирајќи дека доколку постојат случаи кои граничат со примената на законот, тогаш треба да реагираат надлежните институции. …