Пет непознати детали од потпишувањето на Договорот од Преспа


За Договорот од Преспа, кој беше потпишан пред пет години, на 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, познати се многу работи. Овој договор ги затвори долгогодишните отворени прашања околу името на Република Македонија со Грција и ги отвори вратите на нашата земја за членство […]

Немате време за губење, ако ги отворите кластерите по уставните измени, вашиот пат кон ЕУ е неповратен: Интервју со Мануел Сарацин


Северна Македонија нема многу време за губење, бидејќи не знаеме што ќе се случи, имајќи ја предвид војната во Украина. Доколку сега ги отворите кластерите после уставните измени, патот на земјата кон ЕУ е неповратен. Знаеме дека е тешко, но направете го овој чекор заедно со нас, можете да сметате дека Германија ќе биде заедно […]

Пет години од потпишувањето на Договорот од Преспа


На 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји и се отвори патот за нови перспективи во билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина. Договорот, кој многумина го […]

Ковачевски: Ова е голема одлука на Бундестагот


  Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5, ја поздрави одлуката на германскиот парламент, кој усвои резолуција со која ги потврдува македонската култура, јазик, идентитет. За премиерот Ковачевски, оваа одлука на Бундестагот е потврда на недвосмислената поддршка на Северна Македонија за зачленување во ЕУ со својот идентитет, јазик, култура и историја како дел од […]

Сарацин: Нема повторно отворање на преговарачката рамка, Германија ќе биде против


  Целосно е нереално да се очекува дека повторно ќе ја отвораме преговарачката рамка. Германија ќе биде против тоа, вели во видео – интервју за МИА специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. „Преговарачката рамка беше едногласно усвоена од 27-те земји членки и нема повторно да отвораме процес за донесување таква одлука. Таа […]

Мицкоски со нов услов: Марија Габриел да клекне пред споменикот во Ваташа и да се извини


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ја покани бугарската колешка Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените 12 младинци во Ваташа и да побара прошка.   „Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли Бугарија за мене. […]

Ковачев ја нарече „чудна појава“ резолуцијата на Бундестагот


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја критикуваше резолуцијата на германскиот Бундестаг за недвосмисленоста на македонскиот идентитет, јазик и култура „како чудна појава“.   -Една земја е толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да побара од друга земја со политичка одлука на законодавно тело да и ги признае јазикот, културата и идентитетот.Германскиот парламент, […]

Курти дојде на Преспа форумот


Премиерот на Косово. Албин Курти, кој е под силен притисок на меѓународната заедница да го стабилизира Косово и да ги исполни договорите потпишани досега со Србија, дојде на Преспа форумот со Струга. Дали ќе зборува – не се знае, бидејќи неговото име го нема во официјално објавената генда на говорници за денеска. сепак Курти имаше […]

Столтенберг: Договорите обезбедуваат слобода, алтернативите катастрофа


  Светот се наоѓа на крстопат, од каде едната насока води кон страв, опресија и војна, додека другата страна води кон надеж, демократија и мир. Тоа е патот кој НАТО секогаш ќе го одбере. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во своето видеообраќање на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ […]

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот


  СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не помогнала околу резолуцијата на Бундестагот за која единствени што не гласаа вчера беа ЦДУ/ЦСУ од политичкото семејство на народните партии.  „Јавноста многу добро знае чија заслуга е резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак […]

Левица тврди: Собранието прави „чистка“ на законите бидејќи очекува избори


Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, смета дека се подготвуваат предвремени избори веднаш по уставните измени и дека потврда за тоа е што во Собранието забрзано се ставаат на дневен ред заостанати седници. „Тоа што беа ставени 11 продолженија на Седници на дневен ред е јасен индикатор дека ќе има предвремени парламентарни избори. Ова е всушност […]

Пендаровски на Преспа форум за дијалог (во живо)


Потребен е системски и неповратен напредок за одржување на демократијата на Балканот. За тоа е потребна рамка со најмалку пет компоненти, правна, политичка, економска, безбедност и разузнавање, истакна денеска претседателот на државата Стево Пендаровски. На сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“, која е дел од од Преспа форумот за дијалог (ПФД) насловен „Проширено […]

Стејт департмент: Северна Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе


Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа зголемени напори во споредба со претходниот период, имајќи го предвид влијанието на пандемијата COVID-19 врз нејзиниот капацитет, се истакнува во Извештајот на американскиот Стејт департмент за трговијата за луѓе за 2023 година.   […]

Претседателот Пендаровски на Преспа форум за дијалог 2023


Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе учествува на Преспа форум за дијалог 2023, што се одржува во Струга на тема „Проширено европско семејство до 2030: (Не)возможна мисија?“. Како што е најавено, денеска претседателот Пендаровски ќе се обрати на сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со претседателот […]

Втор ден на ПФД, учесниците порачаа дека на ЕУ и е потребна јасна визија кон земјите од Западен Балкан


„Мир и демократија наспроти војна и автократија“ , „Вистинската регионална соработка го одржува бродот стабилен“ и „Безбедносните предизвици со (не) интегрираниот Западен Балкан во ЕУ“ се дел од темите на денешните панели на вториот ден од Преспа форумот за дијалог (ПФД) насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?” што се одржува во Струга во […]

Бундестагот ја усвои резолуцијата за Македонија, ЦДУ беше против


  Со гласовите на парламентарните групи на коалициските партнери во владата, доцна ноќта во четвртокот, 15 јуни, германскиот Бундестаг ја одобри резолуцијата за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ предложена од СПД, Алијанса 90/Зелени и ФДП. Со неа „треба активно да се поддржи Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија“, соопшти прес-службата на парламентот. […]

(Во живо) Расправата во Бундестагот за Македонија


Во германскиот Бундестаг тече расправата за резолуцијата за пристапувањето на Македонија во ЕУ што е дел од дебатата за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Преносот може да го гледате на следниов линк:  https://www.bundestag.de/mediathek/live Резолуцијата за Македонија е на три страници густ текст и плус 13 препораки до владата што треба да направи да […]

Ковачевски: Без Заев немаше да има ни Преспа, ни форум, ни дијалог


  Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на обраќањето на главната дебата на Преспа форумот го нарече визионер екс премиерот Зоран Заев порачувајќи дека без него ќе немало ни Преспа, ни форум, ни дијалог денес. -Со договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ние ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка. […]

Инцидент на Преспа форумот, видео-бим падна врз модераторка


  На Преспа форумот вечерва, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос. Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да ѝ помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но […]