Европратениците Валсман и Ќучук во посета на македонското Собрание


Европратениците, олеснувачи на Процесот на Дијалогот Жан Моне, Марион Валсман и Илхан Ќучук денеска ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На средбата, како што е објавено на веб страната на Собранието, ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ Делегацијата, Дејвид Гир. Европратениците Валсман и Ќучук ќе одржат и кратка […]

МНР осветлено во сина боја по повод Светскиот ден на бегалците


По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, вечерва е осветлено во сина боја. Шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук напиша дека тоа е симболичен гест на солидарност со бегалците во целиот свет. -Бегалците заслужуваат поддршка и солидарност, додава Османи во објавата на Фејсбук.

Агелер: САД ќе продолжат да го повикуваат секој што ќе го поткопува владеењето на правото


Американската амбасадорка Анџела Агелер, во врска со прогласувањето за непожелна личност за САД на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот, поради корупција, вели дека „народот на Северна Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери и систем којшто ќе ги смета за одговорни“. -Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од своите јавни функционери […]

САД го ставија Рамиз Мерко на црната листа


САД го ставија струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко на црната листа поради „значителна  корупција“. Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот, Метју Mилер се вели дека Рамиз Мерко како градоначалник злопотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко. Ваквото однесување […]

Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Северна Македонија во Европскиот парламент


Известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук. -Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на […]

Претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава, истакна Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски сѐ уште на ја видел денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев според кој, земјава „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“, но истакна дека претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава. -Не сум ја […]

Уставните амандмани нема да бидат разгледувани на денешната владина седница


Уставните амандмани нема да бидат разгледани на денешната владина седница, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски, иако вчера министерот за правда Кренар Лога во изјава за медиумите рече дека најверојатно денеска Владата ќе биде ја разгледа Предлог-иницијативата за уставни измени. – Кога ќе ги средат службите и кога ќе дојдат на дневен ред, тогаш ќе ве […]

Ковачевски не го дели песимизмот на Црвенковски за ЕУ, вели се зависи од перспективата


  Премиерот Димитар Ковачевски ја оцени позитивно идејата на поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски околу потребата земјите од регионот да станат дел од заедничкиот европски пазар и да имаат пристап до европските фондови, но не се согласи со неговиот песимизам околу тајмингот за полноправно членство во Европската унија. „Кога ќе погледнете од […]

Пендаровски: Ако опозицијата опстои на променетиот став, уставните измени не се недостижни


Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари […]

Предлогот за уставните измени на владина седница, непроменети ставовите на власта и опозицијата


Предлог-иницијативата за уставни измени која од минатата недела е во владина постапка најверојатно денеска ќе биде разгледана и усвоена на седница на Владата, најави министерот за правда, Кренар Лога. Премиерот Димитар Ковачевски вчера повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ да опстои на искажаното на прес-конференцијата по лидерската средба одржана на 7 јуни и заеднички да ги донесат […]

Мануел Сарацин: Резолуцијата за македонскиот јазик не е антибугарска


  Германија сака да направи сѐ што е потребно за успешно усвојување на измените во уставот на Македонија, кои го вклучуваат бугарското малцинство во овој устав. Ова е нашата цел, изјави специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, во интервју за бугарската редакција на Дојче веле по усвојувањето на резолуцијата за македонскиот […]

Мицкоски греши: Резолуцијата на Бундестагот беше донесена во времето на Шредер, а не на Меркел 


  Веројатно сакајќи да ги дифузира нападите од СДСМ за тоа зошто сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата  ЦДУ/ЦСУ не гласала за резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во Бундестагот, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, направи грешка – и тоа суштинска. Бидејќи нема друга таква силна резолуција на Бундестагот, освен онаа од 2004 година, како што […]

Ковачевски верува во работните групи за уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски верува дека до заеднички став за уставните измени може да се дојде преку работните групи, иако опозицијата тоа го отфрла. „По средбата со Христијан Мицкоски има добра основа, практично сите работи што беа поставени и беа прифатени се одлична основа за да работата продолжи на оперативно ниво, низ работни групи коишто […]

Османи во Лондон се сретна со британскиот министер Клеверли


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари средба со државниот секретар за надворешни работи на Британија, Џејмс Клеверли, на која присуствуваше и  министерот за Европа, Лео Докерти. Османи упати благодарност за значајната улога на Обединетото Кралство во одржување на безбедноста и просперитетот во регионот и поддршката во клучните области за напредокот на Македонија, […]

Бранко Црвенковски има идеја како да се дојде до фондовите и пазарот на ЕУ


  Поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски денеска во Скопје изјави дека процесот на интегрирање на нашата земја во ЕУ не треба да се сведува само на проблемот со Бугарија, туку дека нашите политики во однос на евроинтеграциите мора да го имаат предвид и поширокиот контекст, а тоа е дека интеграциите на целиот регион се […]

Лога: Можно е законски да престане мандатот на сегашниот Судски совет


  Тоа што се случи во Судски совет сите нѐ загрижува и го осудуваме тоа. Очекувам враќање во нормала. Едно од можните решенија, за кои разговарам и со политичките партии и со власта, е со законски преодни одредби да имаме престанок на мандатот на сегашниот состав на ова тело, изјави министерот за правда Кренар Лога.  […]

(Видео) Советот на амбасадори и Бранко Црвенковски разговараат дали е можно побрзо членство во ЕУ


Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски организира трибина на тема: „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“    

Дебата на тема можно ли е побрзо членство во Европската Унија


Интерактивна дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски. На настанот воведно обраќање ќе имаат поранешниот претседател […]

Трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“: Пред прагот сме на промена која треба да ги оствари надежите


Пред прагот сме на промената која треба да ги оствари надежите поради кои ја водиме оваа битка, на промената која сакате сите вие да ја видите и ја чекате шест години. Пред прагот сме да почнеме да ја создаваме иднината поради која вреди секоја наша борба и жртва, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на […]

„Ова не е 2018 година“: Мицкоски за најавата дека власта ќе разговара со пратеници за уставните измени


Уставни измени под бугарски диктат нема да има ниту сега, ниту кога било во иднина и ВМРО-ДПМНЕ нема да оди против својот народ, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на трибината на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“. – Околу темата со уставни измени, изминатите две недели бевте сведоци на жестока хајка од власта, […]