Дрекслер: Корупцијата и организираниот криминал заслужуваат повеќе внимание во следните недели


Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не […]

Грковска ја искара Ивановска од ДКСК, ја поучи кои се нејзините надлежности


Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. За […]

Илхан Ќучук: Уставните измени ќе се најдат во македонското Собрание во рок од две недели


 Постапката во македонското Собрание за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава ќе започне во рок од две недели, тврди бугарскиот европратеник и известувач за Европарламентот за земјава, Илхан Ќучук. – Оваа или следната недела Владата ќе го достави конкретниот предлог на Работната група на расправа во Собранието, изјави Ќучук за бугарската […]

Љубе Бошковски не е советник, туку соработник во Владата уште пред јас да дојдам како премиер


Љубе Бошковски не е советник за странски инвестиции, туку со владин договор е ангажиран како соработник во службите во делот на привлекување на странски инвестиции, уште пред јас да дојдам како претседател на Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан дали во неговата канцеларија уште работи Бошковски, кој се наоѓа на црната листа на САД. […]

Ковачевски: Уставните измени ќе се најдат на некоја следна владина седница


Уставните измени се подготвени од страна на работната група. Тие ќе се најдат на една од наредните седници на Владата, откако ќе бидат подготвени сите пропратни документи за да бидат испратени до Собранието. Сметам дека имаме време да ги донесеме уставните измени, пред нас е период кога ќе се водат разговори, порача денеска премиерот Димитар […]

Tелефонски разговор на Ковачевски со новиот премиер на Бугарија, Денков


Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево имаше телефонски разговор со новиот премиер на Република Бугарија, Николај Денков, кому му го честиташе мандатот посакувајќи му  успешна работа на новоизбраната Влада што ја предводи. -Во разговорот е изразено очекување од двете страни за добра меѓувладина соработка, во интерес на граѓаните и на добрососедските односи. Разговарано е за важноста од […]

Ковачевски не би размислувал ни миг за оставка, но Мерко и натаму мисли


  Премиерот Димитар Ковачевски не би размислувал ни миг кога би се нашол на црната листа на САД за вмешаност во корупција и веднаш би поднел оставка. „Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек што дел од своето образование го завршил во САД, не што ќе си дадам оставка, тукус тоа […]

Агелер: За следниот чекор кон ЕУ мора да има политичка волја


  Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска порача дека приклучувањето на Македонија во ЕУ ќе ѝ помогне на земјава подобро да се справи со домашните предизвици, а еден од нив е корупцијата. Таа во обраќањето на конференцијата „Односите на САД и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, […]

Австрија ја претстави групата „Пријатели на Западен Балкан“ и сака брз пристап во ЕУ


  Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ќе ги претстави „Пријателите на Западен Балкан“, група од седум земји-членки на ЕУ кои сакаат да го забрзаат пристапот во ЕУ за земјите од Западен Балкан за време на Форумот Европа Вахау во петок во Долна Австрија, објави неговото министерство во средата. Австрија, Грција, Италија, Хрватска, Словачка, […]

Мерко го замрзнал членството во ДУИ, партијата бара целосна истрага


  Единствената одлука што ја донел струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако беше ставен на црната листа на САД е да го замрзне членството во раководните органи на ДУИ (тој е член на Претседателството),  а партијата бара сеопфатна истрага за наводите на Стејт департментот за корупција. Ова се двата заклучоци на партијата кои ги пренесе портпаролот […]

(Во живо) Османи за одлуките на ДУИ за Мерко


Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи ги соопшти одлуките на ДУИ по ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, на црната листа. Слушнете го во живо: Околу ставот на ДУИ за одлуката на Стејт департментот во однос на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, портпаролот на партијата и шеф на македонската дипломатија, Бујар […]

И француското собрание ќе усвои резолуција за Македонија како Бундестагот


  Националното собрание на Франција е на добар пат да усвои резолуција за реафирмација на македонскиот јазик на патот на Македонија кон Европската унија, по примерот на документотусвоен во германскиот Бундестаг, најавува пратеничката во францускиот парламент Лилијана Танги, која доаѓа од редовите на владејачката партија Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон. „За време на нашите […]

Георгиев: Не изненадува случајот со Мерко туку тоа што нашите институции се разбрануваат кога се укажува однадвор


Ова не е воопшто изненадување, но е изненадување тоа што повторно нашите институции сега се разбрануваат откако некој однадвор ќе укаже за одредени состојби што ние веќе сме ги констатирале, изјави Владимир Георгиев, член на Антикорупциската комисија, во врска со ставањето на „црна листа“ на градоначалникот Рамиз Мерко од страна на Стејт департментот. На новинарско […]

Академик Камбовски: Со уставните измени „тропаме на отворена врата“


Академикот Владо Камбовски денеска изјави дека прашањето за уставните измени не заслужуваат толкава бура во јавноста, бидејќи со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот „тропаме на отворена врата“. Тие, потенцира академикот, се внесени во Уставот како заедница затоа што во Преамбулата постои генерална клаузула која зборува и за „други народи односно заедници“. […]

Маричиќ: Институциите да се позанимаваат со Мерко по наводите на Стејт департментот


Секој сигнал од стратешкиот партнер САД треба сериозно да  се земе, а институциите да се познимаваат со наводите на Стејт департментот кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го стави на „црната листа“ на САД за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.  „Треба сериозно да го разгледаме тоа, […]

Претседателот на Судскиот совет не сака законски интервенции, вака било добро


  Право и обврска е на министерот за правда да дава предлози и решенија до Собрание, за некакви законски решенија. Нивно право е тоа и ќе останам без коментар. Но, морам да потенцирам дека, доколку се дозволи со некакви законски интервенции за Судскиот совет како тело, и за други тела кои што претставуваат уставна категорија, […]

Одлуката за Мерко ќе ѝ помогне на Владата да се бори против корупцијата, вели Ескобар


  Црната листа има и свои бели моменти. Ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на озлогласениот американски список ќе биде од помош за македонската влада во нејзината борба против корупцијата, вели заменикот-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар. Тој ова го изјави програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување координаторот за […]

На црната листа ќе има и други лица, вели Агелер


  Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко нема да биде „осамен јавач“ на американската црна листа. По него ќе следат и други, најави американската амбасадорка Ангела Агелер. Таа рече дека црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, но не може […]

„Итен ремонт“: Оценка на Ковачевски за судството по одлуката на САД


  Премиерот Димитар Ковачевски гледа добра можност во одлуката на американскиот Стејт департмент градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, да биде ставен на американската црна листа за да отпочне генерален ремонт на судството. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски денеска од Виница упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат […]

ВМРО-ДПМНЕ најде нова забелешка за резолуцијата на Бундестагот – не пишувало Македонци


  Продолжува политичкото препукување меѓу двете најголеми политички партии. ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ најде нова забелешка на резолуцијата на германскиот Бундестаг затоа што во неа „никаде не се споменуваат Македонци“. Но ја фали бидејќи германските пратеници се залагат за борба против корупцијата и владеењето на правото. „Резолуцијата во која се колне СДС, и порачува да се […]