Бесиан Ахмети станал промотор уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ


Првата дипломатска мисија како економски промотор, Бесиан Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, ја добил од владата на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на 2016-та година во времето кога беше премиер Емил Димитриев. Тоа стои и на неговиот линкдин профил, но не може да се најде како документ од седница на влада бидејќи во тоа време владата […]

Етничката „екскурзија“ на Лога пред Уставен суд


За претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, упатството што го донесе министерот за правда, Кренар Лога, за впишување на графа за етничка припадност во изводите, венчаниците, умрениците и други документи коишто ги издава Управата за водење на матични книги е – неуставно. Вчера Уставниот суд реши самоволно да покрене иницијатива за оценување на законитоста на […]

Нови условувања од Бугарија не се дозволени, тврди шефот на државата


  Претседателот Стево Пендаровски ги коментира последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев, кој рече дека уставните измени се само почеток на преговорите и се наврати на старите услови од бугарска страна. Пендаровски рече дека со Радев во Подгорица остварил куса куртоазна средба. „Станува збор за рециклажа на старата бугарска приказна, не гледам дека има […]

Уставниот суд затрупан со иницијативи за Преспанскиот договор и Закон за јазиците


  Поважните предмети како Преспанскиот договор и Закон за јазиците ќе бидат ставени на седница во септември, најдоцна октомври, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. На денешниот брифинг со новинари, таа посочи дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд.  – Пратениците и понатаму не избираат […]

Антикорупциска до Груби: Ова е притисок врз нас и обид за дефокусирање на јавноста


  Државната комисија за антикорупција реагира на оценките на вицепремиерот Артан Груби, искажани вчера, дека „не ги бива“ и дека нема резултати од нивната досегашна работа – како ДКСК да ја обвинува некој за корупција а не ДУИ. Во реакцијата стои: „Во право сте господине Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила […]

Пендаровски за австрискиот амбасадор: Не ни се меша во внатрешните работи, ги штити австриските бизниси


Претседателот Стево Пендаровски, коментирајќи го случајот со поранешниот премиер Зоран Заев и австрискиот амбасадор Георг Вуцас истакна дека не се работи за мешање во внатрешни работи, туку легитимна обврска на секој амбасадор да ги штити интересите и на приватните бизниси на граѓаните од неговата држава, а не само на државните институции. -Го следам случајот, прочитав […]

Пендаровски: Научната јавност да не потпаѓа под притисокот на  дневната политика


  Важно е да го чуваме сознанието дека нашето постоење, јазик, уметност, култура, нашиот светоглед не постојат затоа што се верификувани од другите, туку затоа што се јадрото, самата суштина на нашите животи која ни овозможува траење низ времето и просторот, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на осмата Меѓународна научна конференција „Крсте […]

Маричиќ: Првото гласање за уставните амандмани до крајот на јули


Наша должност во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули  е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември, изјави вицепремиерот за ервопски прашања Бојан Маричиќ во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24. […]

Касами очекува и покрупни риби од ДУИ на црната листа на САД


Претседателот на Бес, Билал Касами, смета дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, треба да се најде на црната листа на САД. Тој во интервју за Еуроњус Албанија коментирајќи ја неодамна објавената црна листа на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, рече дека тој е само ситна риба и дека на списокот треба […]

Пентагон: Владеењето на правото е важно за отпорноста на Северна Македонија


Важно за регионалната и глобална безбедност е Северна Македонија да се фокусира на демократијата и владеење на правото, изјави заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за европска и НАТО политика Спенсер Бојер за Гласот на Америка на македонски. Прашан дали верува дека корупцијата во Северна Македонија е закана за нејзината национална безбедност, Бојер истакна дека […]

Вицепремиерот Маричиќ во посета на Данска


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна посета на Кралството Данска. На покана на данскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен, Маричиќ ќе учествува на конференција по повод 30-годишнината од копенхашките критериуми. Како што информира Секретаријат за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе има обраќање во втората сесија „Моменталните […]

Премиерот Ковачевски во официјална посета на Германија


Премиерот Димитар Ковачевски денеска е во официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц. Во седиштето на Владата на Сојузна Република Германија, како што е најавно, е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба […]

Уставните измени се уште во Владата, Собранието ги чека подготвено


Владата вчера одржа седница, но не расправаше за иницијативата за уставни измени. Премиерот Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека ќе и се даде простор на опозицијата да одлучи дали ќе се приклучи кон носењето на одлуката за уставните измени и евроинтеграцискиот процес. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со дел од раководството на партијата беше […]

Заев до австрискиот амбасадор: Ќе се видиме на суд!


  Поранешниот премиер Зоран Заев реагира на јавното обраќање на австрискиот амбасадор Георг Вуцас околу спречување на судска наплата на штета во интерес на австриска компанија во која, како што тврди амбасадорот, е инволвирана членка од неговото пошироко семејство. „Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во […]

Груби не верува во капацитетите на ДКСК


Првиот вицепремиер Артан Груби не верува на Државната комисија за спречување на корупцијата. – Па, вo нивниот мандат (од четири, пет години), немаат ни еден случај кој им поминал – рече Груби на интервју во вестите на „Сител“. Потврди дека тој бил дел од комисијата кога се бирале членовите на овој состав на ДКСК, вршел […]

Пендаровски не може да замисли сами да се блокираме на патот кон ЕУ


  Претседателот Стево Пендаровски се надева оти до ноември ќе бидат направени уставните измени, за да се избегне државата сама да се блокира за влезот во ЕУ. Тој тоа го изјави одговарајќи на новинарско прашање во рамки на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се […]

Алтернатива прашува: Колку внуци генијалци има Ахмети?


Партијата Алтернатива реагира на најновите случувања во кои се инволвирани внуците на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. – Само неколку дена откако 24-годишниот внук на Али Ахмети го купи комерцијалниот центар „Соравија“, уште еден внук на Али Ахмети е именуван за прв секретар во амбасадата на Северна Македонија во Брисел. По Дрин Ахмети,за кој се […]

Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.   -Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, […]

Мицкоски од Брисел изјави дека Владата таму ја кодошела опозицијата


  Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ денеска по разговорите со Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија, ги повтори старите ставови дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор којшто ќе биде под бугарски диктат“. Христијан Мицкоски во изјавата не ги споменува уставните измени, туку зборува за договор. Тој реше дека целта на разговорите на вмровската делегација, […]

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот


Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на […]