Со шпанското претседателство нов исчекор во преговорите со ЕУ


До крајот на годината нов исчекор и динамика во преговорите со ЕУ, со одржување на втората Меѓувладина конференција и отворање на првиот Кластер, објави на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во пораката по повод преземањето на претседавањето со ЕУ од страна на Шпанија. – Денеска започнува шестмесечното претседавање на Кралството Шпанија со Советот […]

Уставните измени во Собранието откако ќе се исцрпат сите можности за консензус, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека предложените уставни измени ќе бидат доставени до Собранието откако ќе се исцрпат сите можности овој процес да биде консензуален, како и дека во меѓувреме ќе работат со, како што вели, идеолошката линија во ВМРО-ДПМНЕ која ги сфаќа последиците од изолирање на земјата.  -Се исцрпуваат веќе полека можностите […]

По ОБСЕ и А5, Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ


Република Северна Македонија од денска го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИE). Слоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ ќе биде водечка тема на македонското претседавање со ПСЈИЕ, а посебен фокус, како што најавија претседателот Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе биде ставен на добрососедските односи, помирувањето, безбедноста, стабилноста, […]

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје


Горд сум за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача меѓу другото, сега веќе поранешниот лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, соопштувајќи го во четвртокот неговото повлекување од лидерската позиција, […]

Ковачевски навреден од „тресењето зелени“ на Дафина Стојановска


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница најави дека пратеничките прашања што ќе следат понатаму ќе бидат писмено одговорени поради упатените навреди од страна на опозициските пратеници кон членовите на Владата за време на денешната 119 седница на Собранието. – Барам на следната координација да се разгледа прашањето за навредите од најнизок вид […]

Ковачевски за ФАЦ: Се заканува вето одвнатре


„Русија врши влијание“ со овој цитат од македонскиот премиер во насловот, германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“– ФАЦ објавува интервју со Димитар Ковачевски. Во интервјуто тој, меѓу другото се осврнува на претстојните процеси во земјата во однос на евроинтеграциите. Линк до целиот текст тука

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во амбасадата на САД, Гир во седиштето на партијата


Во еден ден две средби на преставници на ВМРО-ДПМНЕ со високи меѓународни преставници. Во седиштето на партијата се оствари средба на лидерот Христијан Мицкоски со евроамбасадиорот Дејвид Гир  на која се разговарало за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и за реформите кои земјава треба да ги спроведе, а кои се важни за […]

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ имаше и сè уште има опција за избори


 Ставот на СДСМ останува ист, ВМРО-ДПМНЕ имаше и се уште има опција за избори. Треба да им се даде простор да се приклучат кон работните групи за да се дефинираат деталите. Постојат одредени финеси кои ќе треба да се договорат на оперативно ниво за да може да се пристапи кон овој важен процес, зашто, не […]

ДУИ во недела одржува внатрепартиски избори


 Демократската унија за интеграција (ДУИ) во недела ќе одржи внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“. – По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес, во недела го повикуваме […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од седницата со пратенички прашања


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од денешната седница со пратенички прашања, и порачаа дека ќе се вратат кога ќе почнат усните прашања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески на почетокот од седницата го обвини парламенатрното мнозинство дека сака да избега од пратенички прашања. -Власта преку смислено сценарио ќе се обиде да избегне како ѓавол […]

Радев уверува: Не поставуваме нови услови за Скопје


Бугарија не поставува нови услови на патот на евроинтеграцијата на Македонија, но инсистира да се исполнат веќе презементи обврски во Преговарачката рамка, усвоена минатата година, вели бугарскиот претседател Румен Радев. Тој  уверува дека Софија најсилно ја посакува интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, но дека претходно мора да ги спроведе преземените обврски. – Прашањето […]

МПЦ е против Истанбулската конвенција, ја загрозувала жената, рече г.г. Стефан


  Првиот протестен собир на македонската црква помина со повеќе пораки кои досега се не беа слушнале во македонската јавност и со кои МПЦ-ОА го засилува гардот во одбрана на црковните вредности наместо на толеранција на секуларноста. Иако архиепископот Стефан пред насобраните граѓани пред Соборниот храм во Скопје изјави дека секуларното општество не значи и […]

Мицковски објави: Од денеска не важат понудите на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Ковачевски


Четири недели Ковачевски имаше можност да избере меѓу двете наши понуди, но од денеска тие веќе не важат и има само една опција – предвремени парламентарни избори, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски. Во вечерашното интервју на Канал 5, тој рече дека не само што власта и опозицијата не преговараат, туку и се многу далеку […]

Вицепремиерката Грковска се сретна со еврокомесарот Хан


Со средбата со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, се заокружи работната посета на Брисел на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.  Од владината прес-служба соопштија дека Грковска го информирала Хан за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските […]

Што слушнаа Мицкоски и делегацијата на средбите во Брисел?


  Во денот кога ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги релативизира зборовите на германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со Димитар Ковачевски, наведувајќи погрешен превод, во целосен мрак остана посетата на партиската делегација на чело со претседателот Христијан Мицкоски на Брисел. Со него таму беа и двајца потпретседатели, Александар Николоски и Тимчо Муцунски. Освен двете изјави […]

Хонге: Направете ги уставните измени за да ѝ речеме на Бугарија да престане да ве малтретира


  Време е ЕУ да направи место за Северна Македонија за таа да стане членка на Унијата – порача во интервју за „Независен“ Карстин Хонге, заменик-спикер на президиумот на данскиот национален парламент од редовите на Социјалистичката народна партија, која е дел од европските зелени партии. Неговата препорака е што побргу да се усвојат уставните промени, […]

На Ковачевски му е јасно што сакал да каже Шолц


Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните, порача […]

Ковачевски очекува добра соработка со новата влада во Софија


  Бугарија треба да покаже на сите нивоа на своето политичко делување дека се залага за интеграција на целиот регион на Западен Балкан во Европската Унија. Верувам дека за тоа се залагаат и сите партии коишто се во коалициската влада во Бугарија, изјави денеска во Берлин премиерот Димитар Ковачевски.  Тој рече дека очекува соработката да […]

ВМРО-ДПМНЕ вели дека Шолц бил погрешно преведен од „службите“


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска се обиде да го намали значањето на гаранцијата што ја даде германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, тврдејќи дека имало грешка во преводот. Пратеникот Драган Ковачки, кој е и член на Извршниот одбор, денеска на новинарите им рече: „Ве повикуваме уште еднаш да го погледнете преводот […]

„Јас гарантирам“: Олаф Шолц тврди дека нема да има нови бугарски барања


  Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва даде убедување до македонската јавност дека на патот на пристапувањето на Македонија кон ЕУ веќе нема да има нови билатерални барања. „За тоа стојам јас, гарантирам“, рече Шолц на прес-конференцијата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во канцеларството во Берлин, притоа ставајќи ја раката кон срцето за да го зголеми […]