ЕУ тројка: Ќе направиме сѐ што можеме да спречиме нови билатерални барања за Македонија


  Европската тројка што денес престојуваше во Македонија – министрите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и  Мирослав Влаховски, по средбата со ВМРО-ДПМНЕ и со претставниците на власта одржа уште една прес-конференција на која порачаа дека задачата е пред нас, дека знаеме што очекува Европската унија, дека нов договор нема да има […]

ВМРО-ДПМНЕ ги повтори познатите ставови на средбата со европската министерска тројка


  Тројцата министри за надворешни работи, на Австрија, на Чешка и и на Словачка, денес на врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група им ги претстави европските ставови околу уставните измени и преговарачката рамка на средба во Собранието, што претходно јавно ги соопшти. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, партиските претставници им соопштителе на Александар шалемберг, Јан […]

Ахмети на средба со европската министерска тројка


Претседателот на Демократска Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети се сретнал со министрите за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влачовски, во рамки на нивната официјална посета на нашата земја. Главна тема на која разговарале на средбата, како што соопштија денеска од ДУИ, бил европскиот пат на […]

Мицкоски ќе бил навреден ако тројцата министри зборуваат само за уставните измени


  Уште пред да се сретне со нив лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, денеска порача дека ќе бил навреден ако тројцата министри од ЕУ, на средбата со него ќе зборуваат само на темата уставни измени. „Ако некој доаѓа овде да разговара само на тема уставни измени тогаш навистина ќе бидам разочаран и навреден како граѓанин […]

Порака од Брисел до Скопје: Времето е сега, а изборот е јасен


  Нема веќе глумење евроинтеграција. Или ќе ги усвоиме уставните измени за да почнеме преговори, или ќе ѝ се заблагодариме на ЕУ и ќе се откажеме.  Вака некако беше пораката на шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференцијата со министрите на Австрија, Чешка и Словачка, кои дојдоа да ги охрабрат граѓаните и пратениците за измените […]

Прес-конференција на Османи, Шаленберг, Липавски и Влаховски (видео)


Прес – конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи, со министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влаховски. 

Уставните измени во собраниска процедура до крајот на месецот, опозицијата ги прекина сите средби за ова прашање


Предлогот за уставните измени е доставен до Владата. Се очекува да биде разгледан на некоја од наредните седници, а до крајот на месецот да биде доставен до Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Вилнус уште еднаш повтори дека уставните измени се глас за ЕУ и за продолжување на европскиот пат на државата и дека никој […]

Шаленберг, Липавски и Влаховски ќе ни ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за македонското европристапно досие


Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски утре ќе престојуваат во посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот […]

Албанија за неколку дена ќе добие скрининг извештај, до крајот на годината ќе го отвори првото поглавје со ЕУ


Албанија е пред отворање на првото преговарачко поглавје со Европската унија, а Македонија заостанува. Ова е заклучокот од денешната порака на евроконмесарот Оливер Вархеи кој во расправа во Европскиот парламент најави дека „за неколку дена“ Европската комисија ќе го достави својот скрининг извештај до Советот на ЕУ, а Македонија абер нема кога ќе го добие […]

И Стразбур бара да се разбудат обвинителствата за перењето пари


Телото за спречување на перење пари на Советот на Европа, MONEYVAL, ги повика денес властите во Македонија дополнително да ги зајакнат мерките за борба против перењето пари , финансирањето на тероризмот  и финансирањето на пролиферацијата, особено во областа на истрагите и обвинителствата. Практично Стразбур побара да се разбудат обвинителствата и да станат поефективни во справувањето […]

Маричиќ на средба со кooрдинаторот на „црните листи“ во Стејт департментот


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ се сретна со шефот на Одделот за координација на санкции при Стејт Департментот и именуван помошник државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Џим О’Брајан, со кој разменија мислења за актуелните процеси кои ги води Северна Македонија и за улогата на нашата држава во зачувувањето на регионалната стабилност. Вицепремиерот […]

Спасовски: Никој не е појак од државата, во МВР има нула толеранција за корупција


Како МВР имаме нулта толеранција во однос на корупцијата, борба која мора да биде ригорозна и конзистентна, транспарентна и неселективна. Тоа подразбира дека за сето она што го работиме не смее да постои селективност, без разлика корупцијата и криминалот од каде доаѓаат, дал се на високо или ниско ниво, иако за мене таква поделба не […]

Ковачевски и Мицотакис задоволни од енергетската соработка меѓу двете земји


  Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на маргините на самитот на НАТО во Вилнус се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицитакис за да разговараат за односите меѓу двете земји. Двајцата премиери биле посебно задоволни од трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Грција. Ковачевски и Мицотакис истакнаа дека од клучна важност е соработката во […]

Максим Димитриевски очекува да биде фактор при правењето на идната влада


Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во телевизија Сител истакна дека граѓанското здружение коешто во месец септември треба да се трансформира во политички субјект ќе биде најважниот фактор за креирање на идната извршна власт во Македонија по парламентарните избори и ќе преземе одговорност да ја извадат државата од оваа катарза. „Ние во […]

По вторпат се одложи судењето за тепањето на Пендиков


Судскиот процес против охриѓанецот Илија Спасески, обвинет за тепањето на сограѓанинот Христијан Пендиков, денеска се одложи по вторпат затоа што обвинетиот не се појави на рочиштето во судот поради здравствени причини.Неговиот адвокат Димитрија Цобоски пред судот претстави извештај од специјалист со вчерашен датум (11 јули), со дијагноза тромбофлебит, односно воспаление на вените, поради што на Спасески му е препишана 15-дневна терапија и домашно лекување. Бранителот побара […]

Маричиќ-Ли: Да се искористи моментумот


  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска во Вашингтон имаше средба со со директорот на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот, Роб Ли, на која се разговараше за евроинтеграциски пат на Северна Македонија, за регионалната соработка и економското поврзување на регионот, соопшти СЕП. На средбата стана збор за повеќе важни […]

Средба на Османи со Блинкен во Вилнус


Шефот на дипломатијата Бујар Османи на маргините на НАТО самитот во Вилнус, Литванија, оствари куса средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. -За време Вилнус самитот, кратка средба и со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Накратко за Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, и актуелностите поврзани со нашите европски интеграции. Разменивме мислење и за […]

Ковачевски се сретна со Бајден во Вилнус


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус имаше куса средба со американскиот претседател Џо Бајден. – Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од […]

Гир бара да се одблокираат клучните закони во Собранието


Амбасадорот на Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија ги претстави денес програмата и приоритетите на шпанското претседателство со  ЕУ  во Собранието. Тој  нагласи дека ова е петто шпанско претседавање со Унијата од нејзиното членство и дека приорите на Мадрид се  реиндустријализација на ЕУ, унапредување на зелената транзиција и адаптација на животната средина, промовирање на […]

Судии нарекувани „лудаци“ и „говеда“, Судскиот совет го држи извештајот во фиока


И покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолговлекува и не постапува по Извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот, информираат од Министерството за правда. Според министерството, Судскиот совет бил во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 […]