Ковачевски на средба со Руте, зборувале и за владеењето на правото


Ковачевски, во рамките на Самитот  се сретна и со премиерот на Холандија, Марк Руте. На средбата беше истакната поддршката на Холандија која е меѓу најголемите билатерални донатори на Северна Македонија и во континуитет помага во реформите на повеќе сфери во нашата земја, како почитување на човековите права, демократија, владеење на правото, реформи во судството, јавната […]

Лога: Мицкоски зборува “на празно“, невистините нека му служат на чест


Уште од моето доаѓање како министер за правда вратите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа отворени. Тоа се докажува со факти, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше и ги има нацрт-верзиите на сите закони пред да бидат доставени до Влада, соопшти денеска министерот за правда Кренар Лога, како реакција на интервјуто на лидерот […]

Ковачевски учествуваше во расправа за вештачката интелигенција во Гранада


Во рамки на учеството на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на тркалезната маса посветена на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција. Заедно со премиерите на Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Лихтенштајн, Хрватска, Албанија и претседателките на Ервопската комисија и на Европскиот парламент, разговараа за улогата на вештачката интелигенција како основа за идни иновации […]

(Видео) Прес конференција на Ковачевски по самитот во Гранада


Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по учеството на самитот на  Европската политичка заедница во Гранада,  одржа прес конференција на која ги пренесе пораките од средбите кои ги оствари за време на самитот, како и пораките од учеството на тркалезната маса. Тој оцени дека многу е  важно што овој самит на Европската политичка заедница се случува ден […]

Османи како министер на Косово – изнел личен, а не владин став за „Отворен Балкан“


  Мој личен став, а не владин е изјавата за преиспитување на учеството на Македонија во иницијативата „Отворен Балкан“ доколку се докаже дека Србија на било каков начин е вклучена во нападот во Северно Косово, изјавил за Канал 5 министерот за надворешни, Бујар Османи. Во краток писмен одговор шефот на дипломатијата потенцира дека за ова […]

Шолц разговарал со Денков за евроинтеграцијата на Македонија


  Бугарскиот премиер  Николај денков по средбата со Олаф Шолц во Гранада изјави дека разговарале за Западен Балкан и за тоа дека земјите во него треба  да се интегрираат како полноправни европски држави. -Ова има свои специфични тешкотии, но мора да работиме заедно со нив и тие успешно да ја најдат својата иднина во Европа, […]

Ковачевски: Француско-германскиот предлог за проширувањето е позитивен за нас


Премиерот Димитар Ковачевски пред самитот на лидерите на Европската политичка заедница во Гранада, изјави дека Македонија се наоѓа во одлична позиција пред почетокот на расправата за проширувањето – бидејќи веќе ги започна преговорите со ЕУ. Тој исто така оцени дека документот што ќе биде основа за расправата, француско-германскиот предлог за реформи, е позитивен за Македонија […]

Каракачанов прашува: Како „чистокрвната Македонка“ Солза Грчева родила син Бугарин?


  Красимир Каракачанов од бугарското ВМРО му постави неколку прашања на кандидатот за општински советник од ПП-ДБ во Софија, Андреј Зографски. „Мислите ли дека Бугарите се фашисти и татари? Дали Бугарија е фашистички окупатор на Македонија? Дали има македонско малцинство во Бугарија и дали Бугарија треба да го признае? Откако во 2019 година добивте бугарско […]

Санчез: Проширување на ЕУ со осум нови членки ќе создаде многу предизвици


Шпанскиот премиер Педро Санчез пред почетокот на средбата во шпанскиот град Гранада на шефовите на држави или влади од Европската политичка заедница порача дека проширувањето на ЕУ „ќе создаде многу предизвици внатре“ за Унијата, но дека Шпанија е отворена за тоа.    -Преминувањето од ЕУ со 27 во ЕУ од 35 ќе создаде многу предизвици […]

(Во живо) Ковачевски на Самитот на ЕПЗ во Гранада


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија. На Самитот учествуваат лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество на третиот Самит […]

Гранада: Сите сакаат проширување, ама без парите и гласовите


  ГРАНАДА, Шпанија – Францускиот претседател Емануел Макрон денес на самитот на Европската политичка заедница во Гранада дојде со цел да ги собере земјите зад историско проширување на Унијата, што би ја интегрирало разурнатата од војна Украина и неколку други земји кандидати. Но, загриженоста меѓу земјите-членки за механиката и одржливоста на толку голема експанзија претставува […]

Португалија против фиксни датуми за проширување на ЕУ


Владата на Португалија најави дека проширувањето на Европската унија не треба да има фиксни рокови, дека нејзините институции мора да се реформираат за да се прилагодат на новите членки, особено кога станува збор за одлучување, но и дека е неопходно за земјите кандидати да ги исполнат своите задачи. – Не е мудро да се поставуваат […]

Ковачевски на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Гранада, Шпанија, ќе учествува на третиот состанок на Европската политичка заедница, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина. На состанокот, како што јавува известувачот на МИА, најавено е учество и […]

Мицкоски зачуден што никој не го прашува за избори и не се канат набљудувачи


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христријан Мицкоски, е зачуден што никој не го прашува за избори и не се канат набљудувачи на ОБСЕ. „Ние се наоѓаме на помалку од шест месеци од изборен процес. Ова не се случило никогаш како сега да нема комуникација на тема што правиме бидејќи имаме два значајни изборни процеси што за неколку […]

За Алијанса за Албанците интерпелацијата за Јовески е „комичен театар“


Алијанса за Албанците ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека го штити јавниот обвинител Љубомир Јовески. Интерпелацијата поднесена од албанските опозициски партии, ја оценуваат како комичен театар. – Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува […]

Јовески по пошта одговори за интерпелацијата: Немало влијание и притисоци за случајот со Модуларната болница


Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците – Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш […]

Агелер ги повика лидерите во Македонија „да ја направат вистинската работа“ за земјата


Ги повикувам лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава и за овие деца, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот на уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ и ставот на опозицијата дека не прифаќа измени на Уставот под бугарски […]

Ќе дојде ли Лавров на министерската конференција на ОБСЕ во Скопје?


  Ќе заврши ли македонското претседавање со ОБСЕ или министерот Бујар Османи и идната година ќе ги решава проблемите на Украина, Азербејџан, Ерменија и слични кризи, ќе се знае на министерската конференција што ќе се одржи на крајот на декември во Скопје. Од сѐ повеќе извори се навестува дека е можно, поради руската блокада на […]

Додека во Македонија се зборува за „бугарски диктат“, Украина ќе ги почне преговорите со ЕУ


  Дали Македонија ја чека уште една депресивна фаза по многуте што ги имаше досега? Според овдешните објави, ветувања и заколнувања Собранието нема да ги усвои уставните измени неопходни за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ. Додека противниците на „бугарскиот диктат“ во преговарачката рамка ќе го слават успехот ќе можат да наздрават со чаша […]

ЕУ во декември ќе соопшти за отворањето на преговорите за прием на Украина, пишува „Политико“


   ЕУ се подготвува да ги отвори преговорите со Украина за нејзиниот иден прием во блокот со официјално соопштение што се очекува да биде објавено во декември, објави „Политико“, цитирајќи дипломати од ЕУ кои сакаа да останат анонимни. „Земјите-членки на блокот му доделија на Киев статус на кандидат за ЕУ ​​овој јуни, а Европската комисија […]