Продолжение на 120. седница на Собранието


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи продолжението на 120 седница, со расправа по повеќе предлог закони и одлуки. Според дневниот ред објавен на официјалната страница на Собранието, пратениците треба да разгледаат повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на […]

Со европско знаменце ќе се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување


Во Собранието експресно се закажа  собраниската Kомисија за европски прашања на која во процедура со „европско знаменце“ власта сака да го смени Кривичниот законик. Со оваа промена Владата предлага намалување на казните за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и за „злосторничко здружување“. Со една од промените се предвидува дека сторителот ќе се казни со […]

Маричиќ на состанок со амбасадорите од ЕУ


На иницијатива на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се одржа состанок со евроамбасадорот Дејвид Гир и шефовите на мисиите на ЕУ во нашата земја, на кој се разговараше на повеќе актуелни политички теми, со фокус на динамиката на процесот на преговори со ЕУ и реформите. „Правиме напори да ја промениме атмосферата што владее кај […]

Собранието ќе расправа за случувањата на Клиниката за онкологија


При дефинирањето на дневниот ред од денешната 125. седница, Собранието ги усвои предлозите да се разгледа конечниот извештај за извршената ревизија за работењето во 2021 година за ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје и да се формира анкетна комисија која ќе работи на случајот со клиниката. Според пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, кој […]

Ковачевски во Талин се сретна со Калас, премиерката на Естонија


  Во рамките на учеството на Талинскиот дигитален самит 2023 македонскиот премиер Димитар Ковачевски се сретна со премиерката на Естонија Каја Калас. На средбата се разговарало за блиските и пријателски односи меѓу Македонија и Естонија, кои и како земји сојузнички во НАТО. Ковачевски се заблагодари за естонската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, како […]

Сообраќајни ознаки кон непостоечка земја


  Минатата сабота во Преспа, илјадници луѓе се забавуваа до раните утрински часови со балканските мелодии (Албанија, Северна Македонија, Србија, Бугарија, Грција) и песните на енергичниот Василис Папаконстантину, како дел од настаните во рамките на Фестивалот Преспа, кој навршува 30 години успешна организација. Млади и стари од селата од Лерин, Костур, Кожани, Воден, но и […]

Предлог декларација по повод 120 годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, на денешната собраниска седница


Предлог на декларација по повод сто и дваесет годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, е на дневниот ред на денешната 125. седница на Собранието на Република Северна Македонија. Пратениците ќе дискутираат и по Предлогот за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност и Предлогот за избор на членови на […]

Ковачевски ќе учествува на Талинскиот дигитален самит 2023


Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе учествува на Талинскиот дигитален самит 2023 во Естонија, соопшти Владата. Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Самитот, каде ќе учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и тех компании и граѓански организации. Клучните теми на кои ќе се разговара на Талински дигитален самит 2023 се предизвиците и можностите […]

Во Скопје Форум за културна дипломатија


Промовирање на демократијата, единството и мирот преку културна дипломатија во новата ера на конфликти и насилство е главниот фокус на „Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023“ што денеска во Скопје официјално ќе го отвори поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. На свеченото отворање, покрај претседателот Иванов, предвидени се обраќања и на градоначалникот на […]

Седници на собраниските комисии за надворешна политика и Законодавно правната


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно правна комисија. Предлог – законите за ратификација на договорите за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан и за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија, се на дневниот ред на седниците на […]

Тетово домаќин на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените


Во Тетово денеска и утре во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, ќе се одржи првата Конференција на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените, под наше водство и иницијатива како претседавачи. Конференцијата, како што најавија од МНР, ќе ја отвори Претседавачот на ОБСЕ за 2023 година министерот за […]

Импресивна интеграција на Македонија во НАТО, оцени адмирал Бауер


  За три години Македонија постигна импресивно ниво на воена интеграција во НАТО, изјави денеска на прес-конференција адмиралот Роб Бауер, претседавач на Воениот комитет на Алијансата, кој е во посета на Скопје. На заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, тој рече дека покрај придонесите што нашата […]

ЕУ ќе излезе со „значајни предлози“ за проширувањето во октомври, најави Вархеи


  Проширувањето на ЕУ до 2030 година е остварливо, но само доколку кандидатите и самиот блок ги „удвојат своите напори“, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеи за „Еурактив“, додавајќи дека Европската комисија планира да даде „суштински предлози“ во октомври. „Прашањето отсекогаш било: Дали сакаме да го направиме тоа? И првпат слушам од Европскиот совет дека […]

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во официјална посета на Северна Македонија


Претседавачот на Воениот комитет на НАТО адмирал Роб Бауер, кој престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе има средби со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Според агендата, по средбите ќе следува прес-конференција. За време на посетата на Генералштабот и Министерството за одбрана, претседавачот на највисокото воено советодавно […]

Власта и опозицијата без промена за уставните измени


 Власта уверува дека ќе се постигне бројката од 80 пратеници за уставните измени, опозицијата, пак, опстојува на ставот против промена на Уставот. Во очекување Собранието да се врати на работа, премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Тој […]

Иванов домаќин на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023


 Бројни меѓународни претставници меѓу кои пет поранешни претседатели, двајца поранешни премиери, поранешни министри како и повеќе актуелни членови на парламенти ќе учествуваат на Форумот за културна дипломатија-Скопје 2023,  што од 4 до 6 септември ќе се одржи во Скопје, а чиј домаќин е поранешниот претседател Ѓорге Иванов.  Како што соопштија од Кабинетот на Иванов, главниот […]

Ковачевски верува дека нема да фалат пратеници за уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Ковачевски денеска повтори дека двотретинското мнозинство е потребно за понатамошното продолжување на евроинтегративниот процес на земјава. – Пратеници не и требаат на Владата или на мене. За да бидете претседател на […]

Маричиќ: Сега е време да се носат одлуки за ЕУ, во декември се очекува пакетот за проширување


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека во декември во Брисел се очекува да се расправа и да се донесе одлука за почеток на преговори и за Украина и Молдавија, на која ќе се додадат уште четири држави коишто веќе преговараат за членство со Европската Унија. – Тоа не значи дека некому е нешто […]

Габриел: Скопје треба да ги исполни обврските што ги презеде


 Позицијата на Бугарија кон Северна Макеоднија е многу јасна – да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел. – Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули […]

Маричиќ: Во 2030 година сигурно ќе бидеме членка на ЕУ


 Бидете сигурни дека во 2030 година ќе бидеме членка на ЕУ. Деновиве на прашуваат зошто толку многу брзате? Зошто инсистирате токму таа година, сега да се носат тешки одлуки? Зошто реформи, зошто баш сега? Имаме време да чекаме. Ќе чекаме подобри времиња, ќе ослабе позицијата на некои други држави што мислиме дека денеска ни се […]