Кордалов: Политичарите се на социјалните медиуми, но ги следат само нивните поддржувачи


Политичарите и политичките партии одамна имаат кампањи на Фејсбук, X, Инстаграм, но и на ТикТок, што најчесто ја користи помладата популација во пресрет на изборите за претседател и параламентарните избори следната година. Комуникологот Бојан Кордалов во интервју за МИА вели дека и покрај тоа што тие ги користат социјалните медиуми политичарите не комуницираат преку нив […]

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК


Во Собранието за денеска е закажана 135 седница, на чиј дневен ред една од точките е Предлог-одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За претседател на ДКСК е предложена Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), која од членовите на Комисијата […]

Одлуката за втор мандат Пендаровски ќе ја соопшти до февруари, таа ќе зависи и од партиска поддршка


 Од личниот рејтинг и од рејтингот на потенцијалните политички поддржувачи, т.е. партиите кои би му дале поддршка, ќе зависи одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски дали ќе се кандидира за втор мандат за претседателските избори напролет.  Одлуката се очекува да ја соопшти на крајот на јануари или почетокот на февруари, најверојатно пред објавувањето на […]

Писонеро за МИА: Проширувањето останува процес заснован на заслуги


Претендентите за членки на ЕУ се подготвени да работат уште понапорно на клучните реформи за да се приклучат на нашата Унија и сакаме да бидеме јасни дека проширувањето останува процес заснован на заслуги, кој бара вложувања и посветеност за спроведување на суштински реформи, вклучително и за владеењето на правото, изјави за МИА портпаролката на Европската […]

„Македонски концепт“ ја промовираше предизборната програма


Партијата „Македонски концепт“ синоќа ја промовираше предизборната програма и песната „Земјо моја“ од Јане Коџобашија како химна на партијата.  Лидерот на партијата Петар Богоjевски пред присутните рече дека имаат кристално јасни и конзистентни ставови од моментот кога се појавиле како движење, а потоа и како партија.  – Направивме партија не за нас, туку за народот […]

„Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ни за 100 години“: Ковачевски на трибина во Битола


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во преполнетата сала на Домот на културата во Битола во рамките на трибината „Повеќе за сите“ рече дека со ВМРО-ДПМНЕ нема да има членство ни за сто години, парафризирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски од интервјутот за „360 степени“. „Го слушнавме сите Христијан Мицкоски јавно на телевизија, самиот […]

ЛДП започнува со граѓанска Иницијатива за отповикување на градоначалници


Иницијатива за измени на Законот за локална самоуправа и собирање на потписи за референдум за отповикување на градоначалници, најавува Либерално-демократската партија под водство на претседателката, Моника Зајкова и ново основаната градска организација при ЛДП во Скопје, предводена од Филип Јакимовски. -Она што се случува во главниот град Скопје е јасен знак дека мора да има […]

Ковачевски и Мицкоски ќе разговараат за техничката влада зад затворени врати


Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, и лидерот ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе имаат тет-а-тет разговор за техничката влада пред изборите, но средбата нема да биде најавена за медиумите, ниту тие ќе може да се надеваат на изјави веднаш по средбата. Како што рече Ковачевски, лидерската средба ќе се одржи откако претходно за тоа ќе […]

Како Естонија ја победи информативната војна на Русија?


Информацијата стана оружје – е пораката што ќе ја слушнете во секоја институција задолжена за безбедноста во Естонија. Деновиве кога сите сме згрозени од сознанието колку се толерирало кај нас  политичкото подземје и колкав слободен простор за делување имале криминалците и поединците што одработуваат за странски интереси, конечно е запален црвениот аларм. Се покажа дека […]

Врховниот суд го одби Груевски, мора да оди во затвор


  Барањето до Врховниот суд што се претвори во своевидна политичка пресметка, па дури и драма, заврши – Никола Груевски е одбиен и останува да важи неговата казна од девет години затвор за случајот „Плацеви на Водно“. Врховниот суд соопшти дека го одбил како неосновано неговото барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Со тоа, […]

Затворената седница стана отворена, патоказите – последен гест на добра волја од Брисел


  Власта и опозицијата се собраа денес на заедничка седница за да расправаат за двата патоказа што Македонија треба наскоро да ги испрати во Европската унија и во кои ќе каже што ќе прави наредните шест години со владеењето на правото и со реформата на јавната администрација. Арбр Адеми, пратеник од ДУИ и член на […]

Касами најави протести ако не добијат свој член во Државната изборна комисија


Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денес од Тетово најави дека ќе протестираат ако не се дозволи во Државната изборна комисија (ДИК) да има член од опозицискиот политички блок кај партиите на Албанците. Ова го истакна, одговарајќи на новинарско прашање, што ќе се случи ако немаат свој член во ДИК, а потенцирајќи воедно дека тоа […]

На затворена седница собранискитe тела ќе расправаат за патоказите за ЕУ


  Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања денеска во Собранието ќе одржат заедничка затворена седница на која ќе разгледаат два нацрт-патокази, за владеење на правото и за реформа на јавната администрација. Оваа заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања требаше да се одржи на 11 […]

Директорот на меѓународни програми на Институтот за лидерство на САД, Рон Нехринг во посета на Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе престојува Рон Нехринг, директор на меѓународни програми на Институтот за лидерство на САД. Како што информираат од собраниската прес-служба, Нехринг ќе оствари средба со Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

СДСМ го оцени обраќањето на Пендаровски како државничко


  Бевме сведоци на едно државничко обраќање на претседателот, како претседател на сите граѓани. Ги опфати предизвиците во изминатите години со фокус на клучните државни и национални цели-членството во НАТО и ЕУ. СДСМ го поздравува фактот што претседателот Пендаровски цврсто стои на ставот дека државата мора да опстои на европскиот пат и на прозападната ориентација […]

Реакции за обраќањето на Пендаровски: Ова му е последно, тврди Милошоски


  Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека денешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието било празно и полно со флоскули наменети претежно за СДСМ каде, како што рече, ќе одлучуваат дали тој ќе биде или нема да биде повторно кандидат за претседател следната година. Милошоски рече дека Пендаровски ја релативизирал позицијата во која […]

Ковачевски: Во преговарачката рамка нема други услови освен уставните измени


  Имаме јасна преговарачка рамка, не е кажано дека има нови услови покрај уставните измени, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја изјавата на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел дека услов за продолжување на европскиот пат на државава не се само уставните измени, туку и почитување на Договорот за пријателство и […]

Пендаровски: Патриоти се тие што не ги злоупотребуваат функциите


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во своето обраќање во Собранието, говорејќи за уставните промени порача дека поделбите во македонското национално ткиво за ова прашање се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. „Со одлагање на уставните промени, ќе пропуштиме уште една прилика која може да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, а тоа ќе значи, […]

Таравари: Ако сите од власта заедно одиме на избори, ќе му наштетиме на СДСМ


  Лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вели дека  разговарал со другите претседатели на партии во однос на настапот на изборите, освен со претставниците на Левица, бидејќи со таа партија немаат никаква комуникација. „Ако одиме сите заедно (партиите од власта), јас мислам дека им правиме штета на СДСМ. Овој вокабулар […]