Кузеска: Претседателските избори имаат два круга


Портпаролката на СДСМ и дел од изборниот штаб на претседателот Стево Пендаровски, Богданка Кузеска вечерва соопшти дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера. Според неа, констатирани се многу мали прекршувања на изборниот процес, кои ги сметаат за исклучоци. Вели дека повикувале на масовност и граѓаните слободно да одлучат за иднината на државата и граѓаните. „Претседателските …

Кузеска: Претседателските избори имаат два круга Read More »

Во дијаспората прва Силјановска, втор Пендаровски


Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од дијаспората, а втор по број на гласови е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, со 185 гласови, велат податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада. Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи има 182 гласови, Билјана Ванковска кандидатот на Левица доби 158 …

Во дијаспората прва Силјановска, втор Пендаровски Read More »

Гласањето заврши, излезноста до 18,30 часот е 48,34 отсто


  Гласањето во првиот круг од претседателските избори заврши во 19 часот. Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија излезноста до 18,30 часот по обработени 82,28 отсто од избирачките места била 48,25 отсто. Или во бројки – 781 илјади граѓани. Од многу од општините податоците од општинските изборни комисии се нецелосни, а некаде и …

Гласањето заврши, излезноста до 18,30 часот е 48,34 отсто Read More »

Изјави по изборите: За Муцунски гласањето беше фер и демократски, за Таравари „земјотрес“


„Дозволете на почетокот најпрво да му честитам на македонскиот народ за високата демократска свест манифестирана преку излезноста. Народот покажа дека знае да ја процени важноста на изборите“, со овие зборови Тимчо Муцунски ја започна првата прес конференција по затворањето на избирачките места. Како што најави тој, од аспект на изборниот процес, тој поминал фер и …

Изјави по изборите: За Муцунски гласањето беше фер и демократски, за Таравари „земјотрес“ Read More »

Силјановска-Давкова: Не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат


Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска-Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за …

Силјановска-Давкова: Не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат Read More »

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес


 Кандидатот за претседател на Стево Пендаровски денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори 2024 година. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува мирен изборен процес, не само денеска, туку и на 8 мај кога ќе се одржат вториот круг на претседателските и парламентарните избори. „Тоа е исклучително важно, не толку за индивидуалните кариери …

Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ, не смее да си дозволи лош изборен процес Read More »

Ковачевски: Денеска е прв чекор пред големата одлука на 8 мај


Ние во текот на изминатите седум години, ја вративме заедно со граѓаните, демократијата во државата. Затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го покажат со бројноста на своето гласање. Ова денеска го истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиуми, откако гласаше за претседател на државата. – Денеска …

Ковачевски: Денеска е прв чекор пред големата одлука на 8 мај Read More »

Таравари: Малиот син првпат гласа – нека бидат фер и демократски изборите


Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.   – Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до …

Таравари: Малиот син првпат гласа – нека бидат фер и демократски изборите Read More »

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни


Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни. Со масовна излезност на изборите заеднички ја определуваме траекторијата по која ќе се движиме, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   По гласањето на првиот круг од претседателските избори на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош Мицкоски …

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни Read More »

Димитриевски: Досегашната пракса покажува многу злоупотреби на изборниот процес особено поткуп


Кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија. – Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја …

Димитриевски: Досегашната пракса покажува многу злоупотреби на изборниот процес особено поткуп Read More »

Митрески: Имаме капацитет да организираме избори по европски стандарди


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата. „Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како …

Митрески: Имаме капацитет да организираме избори по европски стандарди Read More »

Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател


Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. – Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им …

Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател Read More »

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните


Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите. Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата …

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните Read More »

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам


Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе. -Ова е малку необична ситуација …

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам Read More »

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата


Кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ Бујар Османи денеска гласаше во избирачкото место во ОУ „Адем Јашари“ во Општина Чаир. – Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и …

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата Read More »

Политичарите ги покажаа сопругите


Лидерите на политичките партии и други високи функционери ги покажаа сопругите на гласачките места. Иако семејните вредности не се тема, по се изгледа стана тренд тие да се демонстрираат во јавноста. Еве некои од нив од денешното гласање:

Грчката влада ќе го кандидира осудениот градоначалник од Албанија Белери за Европскиот парламент


  Грчката владејачка партија направи особено спорен избор за учество на европските избори во јуни: Фреди Белери, затворениот новоизбран градоначалник на градот Химара на албанската ривиера. Тој ќе биде кандидат на Нова демократија за изборите во Европскиот парламент. Затворањето на Белери е крупна тема во Грција бидејќи тој е етнички Грк, а тензиите меѓу Атина …

Грчката влада ќе го кандидира осудениот градоначалник од Албанија Белери за Европскиот парламент Read More »

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски


Денешните претседателски избори ќе бидат седми од независноста на државата. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски, кој повторно се кандидира за шеф на државата. Првиот мандат …

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски Read More »

Агелер порача граѓаните да гласаат за оној што ги одразува нивните соништа за иднината


  Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела Агелер на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината. „Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие …

Агелер порача граѓаните да гласаат за оној што ги одразува нивните соништа за иднината Read More »

Курти: Во Македонија го слават како антикорупционер, во Косово ги судат неговите за корупција


  Сериозни проблеми со независноста на судството; сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучувајќи насилство или закани со насилство врз новинари; сериозна владина корупција и злосторства кои вклучуваат насилство или закани за насилство насочени кон етничките малцинства или други маргинализирани заедници. Ова е сумираната оценка на Стејт департментот за човековите права …

Курти: Во Македонија го слават како антикорупционер, во Косово ги судат неговите за корупција Read More »