Филипче до Мицкоски: ‘Рбетот го свиткавте, плукнавте на сите ветувања!


  На првата седница наменета за пратенички прашања во новиот парламентарен состав, прв прашања кон премиерот Христијан Мицкоски постави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Во своето обраќање, Филипче се осврна на однесувањето на Мицкоски како премиер, наспроти неговите ставови кога беше опозиционер. „Вашата Влада се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте […]

Груевски „фатен“ во друштво на госпоѓа во ресторан во Будимпешта


Поранешниот премиер, Никола Груевски после подолго време повторно бил виден во главниот град на Унгарија, Будимпешта. „Никола Груевски повторно беше виден во Будимпешта. Никола Груевски, кој побегна во Унгарија во ноември 2018 година од последната затворска казна, беше фотографиран во ресторанот Токио во центарот“, пишува на социјалните мрежи на Радио Слободна Европа на унгарски јазик, […]

Гаши го попречува правото на пратенички прашања на Левица


Во процедуралното обраќање пратеникот Борислав Крмов се пожали дека анти-демократските постапки на СДС ги продолжува ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо. Според нив исто како и Талат Џафери, новиот собраниски спикер Гаши повторно го ускратува правото на опозициската Левица да поставува пратенички прашања.  „Кога ние се договоривме за редоследот на координација?  Не се договоривме! Или требаше во […]

Сања Божиновска тврди дека сега нема бугарски пасош, но не го оспорува потписот од изјавата за „бугарската самосвест“


  Документот што денеска го објави бугарскиот медиум БГНЕС, на кој се гледа дека министерката за енергетика, Сања Божиновска, во 2004 наводно своерачно потпишала изјава дека има бугарска самосвест и бугарско потекло повторно ја зовре ситуацијата околу нејзиниот бугарски пасош. За тоа се расправаше и во Собранието за време на пратеничките прашања, а писмено реагираше […]

Мицкоски тврди дека претходната власт го следела со дронови


Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања тврдеше дека  кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови.  Тој притоа порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале. „До поранешниот […]

Според Филипче, Христовски лажел и за стажот за да биде директор на АНБ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, влезе во вербален дуел со премиерот  намденешната седница на Собранието околу именувањето на Бојан Христовски како прв човек на АНБ, но Мицкоски не одговори директно што ќе преземе околу тврдењата дека со лажни документи дошол до функцијата, заканувајќи се дека и тој ќе извади лажни  сертификати на лица ставени […]

Нови неволји за Сања Божиновска – БГНЕС ја објави потпишаната изјава во која тврди дека има бугарска самосвест


  Додека премиерот Христијан Мицкоски ја крепи својата надеж дека Скопје и Софија може да најдат некакво решение ако премиер стане Бојко Борисов, медиумите блиски до лидерот на ГЕРБ ја продолжуваат силната кампања против еден од најблискиот соработници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за енергетика Сања Божиновска. БГНЕС денеска ја објави изјавата на Божиновска од […]

Борел: Не може да бидете и со Русија и во ЕУ!


Јасен став на Европската комисија е дека проширувањето имa централна улога во геополитичкиот пристап на ЕУ, порача денеска високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел при презентацијата на Пакетот извештаи за проширувањето.  – Граѓаните очекуваат од Европската Унија да дејствува со цел да се гарантира стабилноста и соработката во нашето […]

Економското закрепнување остана слабо, се зголемува јазот со просекот на ЕУ: ЕК за економијата


  Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата остана слабо, а јазот во стандардот на населението во однос на просекот во Европската унија минатата година се зголеми, се само некои од констатациите што се наведуваат во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата минатата година. Како што се наведува во извештајот во делот […]

Галетановски нов претседател на СДСМ Скопје: „Мисија на мојот тим ќе биде чисто и подобро Скопје за сите“


  Поранешниот директор на Зоолошката градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски, објави дека ја презема функцијата претседател на градската организација на СДСМ. Тој се заблагодари за довербата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и вети дека ќе се заложи за решавање на проблемите со кои се соочуваат Скопјани. „Чест ми е што денес ја преземав функцијата претседател […]

Извештајот на ЕУ за Македонија: Од лошо полошо!


По лошиот извештај што го доби Македонија минатата година од страна на Европската комисија за тоа како се спроведуваа реформите во земјата, извештајот за 2023-та оди и едно скалило подолу, особено во борбата со корупцијата, каде што лани стоеше оценката дека „немало прогрес“, а годинава – дека резултатите „се влошиле“. Ако се исклучи економскиот дел […]

СДСМ бара Комисијата за надзор над АНБ да расправа за сертификатот на Бојан Христовски


  Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР да одржи седница на која ќе се расправа за загадочниот сертификат за познавање на англиски јазик на новиот директор на АНБ, но и за други прашања од неговото именување. Пратеничката Славјанка Петровска рече на прес-конференција дека на таа седница Бојан […]

И во извештајот на ЕК се бара спроведување на уставните измени


Северна Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени. Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на […]

Израелски компании планираат да основаат директорат за сајбер безбедност во Македонија и во Косово


Израелската компанија „Improvate“ ја предводи делегацијата од осум израелски компании за сајбер безбедност, кои на крајот на октомври ќе пристигнат во овие земји за да го промовираат проектот, објави порталот IsraelDefence.co.il. На крајот на октомври, делегација од осум израелски компании за сајбер безбедност ќе ги посети Северна Македонија и Косово за да го промовира формирањето […]

Зајкова: Постапката за уставни измени може и сега да почне


Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија. „Позициите на ЛДП се дека во последните […]

СДСМ прашува: Зошто за двете директорки обвинителството не ја чекаше ДКСК?


СДСМ прашува зошто за двете директорки фатени како користат лажен сертификат за познавање англиски јазик јавното обвинителство не чекало што ќе каже ДКСК, а за директорот на АНБ, Бојан Христоски упорно молчи и не постапува. „ Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни […]

Се множат доказите против директорот на АНБ, обвинителството молчи


  Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затвор од по четири години на почетокот на месецов бидејќи кога конкурирале за позицијата, како доказ за познавање на англиски јазик, приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО. ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. Тоа е истото правно лице од каде потекнува и ТОЕФЛ-сертификатот на неодамна […]

Реакции: „Криминалниот“ проект на СДСМ и ДУИ сега стана „историски“


СДСМ  го коментира вчерашниот настан околу изградбата на коридорите од страна на  „Бехтел и Енка“, порачувајќи дека се што се кажа од страна на претставниците на власта е потврда дека проектот не бил ни непотребен ни криминален и дека нападите кон претходната влада биле неосновани. „Само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека […]

Николоски го навредуваше Борисов, Мицкоски му честита


Премиерот Христијан Мицкоски очекува влада што би ја предводел евентуално Бојко Борисов  да  ја откочи интеграцијата на Македонија во Европската Унија, иако пред само еден месец лидерот на ГЕРБ бараше оставка од министерот за транспорт Александар Николоски по  дипломатскиот скандал со неистакнување на македонското знаме. Според она што може да се види од бугарските медиуми […]

Зошто обвинителството се крие зад Антикорупциска во случајот „Бојан Христовски“?


  Изгледа нелогично Јавното обвинителство да ја чека „истрагата“ на Антикорупциската комисија околу загадочниот положен испит по англиски јазик во уште позагадочната школа за јазици „Јулија“ од Пловдив, Бугарија, на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, каде што тој, наводно, го добил сертификатот. Од Обвинителството во изјава за Телма  рекоа дека ќе […]